Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Да да, само иако скандираа за него.. криво ми беше што не скандираа барем еднаш MVP.. чисто да знае човекот дека он е за нас MVP!

Скандиравме, само изгледа не не слушнаа :)
 
Владо пак во живо кажа "Леле луѓе што направивме!", епик беше моментот да се слушне тоа во живо, сите репрезентативци ги отпоздравивме додека се качуваа еден по еден на сцена, но врвот беше на крај, кога МекКејлеб рече: "ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!" :cuc: :cuc: :cuc:
И сите му скандиравме MVP

Ако најде некој клипче со овој момент нека го пушти :).
 
Браво, многу ме радува што Македонија им приреди ваков дочек на нејзините синови, го заслужија и ова и многу повеќе! Поздрав до нашите борци!
 
Во мојот живот досега не сум видел толку среќни луѓе! Насмеани лица по пат од „Александар Велики“ до плоштад „Македонија“. Браво за кошаркарите - успеаја да направат нешто што на никој досега не му успеало - ги израдуваа сите!
 



НЕДЕЛА, 18 СЕПТЕМВРИ 2011 13:33

Поради клупски обврски, Бенкардино мораше да се врати во Италија пред заминувањето на репрезентацијата на Евробаскетот. Одработи беспрекорни подготовки со сите наши кошаркари, но не беше во можност да се приклучи на делегацијата при заминувањето за Литванија.
poddrska-i-od-sando-1.jpg
На денот кога го напушташе Скопје (пред самиот старт на „Трофеј Македонија“) и кога беше срдечно поздравен од целата екипа, Сандро амбициозно ни пренесе: „Момци, одлични сте. Многу среќа во Литванија и ви посакувам да стигнете до самиот крај... се гледаме во полуфинале“. Бенкардино како да знаеше... репрезентацијата направи сензационален успех на Евробаскетот и стигна до завршната фаза. Како што вети, Италијанецот вчера допатува во Каунас, на огромно задоволство на целата наша делегација.
poddrska-i-od-sando.jpg
По се што направи во подготовките за Литванија, Сандро Бенкардино има огромен придонес во успехот на нашиот тим. Со голема благодарност за одлично завршената работа, среќни сме што е тука со нас.
извор: basketbal.org.mk
 
Во овој тежок живот, во овие тешки услови, да гледаш толку среќни луѓе неможам да опишам што значи. Иако не сум поврзан со тие ама едноставно и депресивен да си толку среќни да ги гледаш и ти ќе станеш. Прекрасен ТОПОЛ дочек, штета не беше вечерно но одлично. Чудно ме изненадија немаше никакви каснења. Еве една слика од мене :)
l5F0j.jpg
 
Го видовте ли моментот кога Бо се качи на сцена и сакаше одма да се повлече назад? :) Овој сигурно не е свесен колку сме горди што го имаме :)
 
Јако беше ептен, само што на плоштад не успеав да ги видам, само слушав :( Али ако во Бисер ги видов од автобус и кога ги видов Илиевски и McCaleb ми се исполни срцето :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom