Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Тоа не се пропушта. Нашите момци заслужуваат голем пречек, но дали некој знае точно во колку часот ќе пристигнат на аеродромот, да знаеме да се организираме. :)
 
Ајде сега Груевски нека организира бесплатни автобуси од сите градови во Македонија, за пречек на нашите херои! Уште толку бараме од тебе Груевски!
 
Обавезно би да идам, моментот е како ќе ме фатат обврски дента ама ќе гледам да бидам таму.:)
 
Ајде бе вие со школото.....избегајте чудо големо за еден ден ако не појдите. Средно и oсновно ако не појдиш на час ќе пропадни државата. Инаку би одел ако има превоз само и не знам дали ќе стигнам имам обврски. Како и да е знам дека ќе имаат супер пречек како вистински легенди така да ......
 
Мораме!Поради една позитивна работа која ни ја дадоа - ЕДИНСТВО.Вакви работи можат да не средат и да ја зголемат љубовта и поччита спрема татковината ,ова е прав патриотизам.Многу ми е кеиф дека видов полно деца и млади шо пратеа овие дена кошарка ,да имаат добри спомени.А за многу од нив најверојатно ќе навлечат желба за тренирање.
DSC_0486.jpg

DSC_0492.jpg

Сликите се од ohridnews.com
 
Прво треба да ни се додели бронзата а тоа е мислам после финалниот меч помеѓу Шпанците и Французите.
 
Идам нормално :D
Бев и ракометарите кога освоија, а камоли сега :D
Памтам тиогаш сите земаат автограми, се сликаат, и доашам во ситуација да се сликам со ДИВИОТ и му одам му пружам рака, ми излетува од уста ШО ПРАИШ БЕ и се прскам од смеа.... Ни слика ни автограм на крајот :D
 
Па нека го прогласат за неработен ден, кој им овакво.. ова е сега, за првпат, да се надеваме не за последен, но сепак полуфинале е, евентуален медал.

И нека направат асална програма, слетувавње, качување во автобус и парадирање низ центарот. Посебен режим на сообраќај и такви ствари.

И нека фрлат пара од тие автобусите од „внатрешноста“ што ги ангражираат за митинзи, сега нека ги ангажираат за ова...
 
Идам и на аеродром и на плоштад, успат да си каснам и еден вупер од Бургер Кинг. :D
 
Идам и на аеродром и на плоштад, успат да си каснам и еден вупер од Бургер Кинг. :D
Не бил отворен Бургер Кингот изглеа, беше еден другар на аеродромот завчера така ми кажа :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom