Правосуден испит

има ли некој сега скоро што полагал да ми објасни некои работи
 
Бев да слушам и во декември и во февруари и можам да кажам дека кривично и уставно многу лесно испрашуваат.
Ама затоа граѓанско бара во детали, секој можен член.
Така да тие што планираат да полагаат нека посветат поголемо внимание на Граѓанско.
 
http://www.eurisk.com.mk/Obuka.pdf

Obukata e odlicna...mnogu ke vi pomogne za rabotite sto sami doma nema da mozete da gi naucite

--- надополнето ---

Odete si na Obuka http://www.eurisk.com.mk/Obuka.pdf

Odlicna e mnogu ke vi pomogne za rabotite sto sami doma nema sansi da gi naucite

Боже сачувај!!!
15000 денари за онаа екперткана??? Ако не седнеш да си научиш, џабе ти е некој да ти чита закони. Само столчето. А ако си дипломиран правник со работно искуство, не може да не сфаќаш закон.
 
Полагав во априлска сесија, ми остана граѓанско сега за во јуни. Тие што ќе полагате немојте да слушате или да учите по комбинации, зошто се се паѓа. Јас имав околу 60 комбинации кривично, па ми се падна нешто сосема трето, така да слободно можам да кажам дека секое прашање може да се падне. Кривично, тој судијата не е лош, само си треба и среќа да те послужи, за да не почне да те гњави со примери. Уставно исто се паѓа се, може да се падне и прашење од една реченица, на пример мене ми се падна -,,правна положба на македонските иселеници во странство,,. Исто така од уставно многу се паѓа делот за Европска унија.
 
Да не отварам нова тема за џабе, прашаево има поврзаност со постоечката.
За полагање правосуден испит, за правниците од програмата 3+2, е предвидено дека треба да имаат 1 год. приправнички стаж. Тоа во ред. Прашањето ми е- после полагањето правосден испит, треба да се стажира повторно 1 год. како стручен соработник (така чув), или може да се земе адвокатска лиценца? Прашувам заради секојдневните измени што се прават и противречности на некои закони во врска со прашањево :).
 
Не ми се верува да се толку НЕНОРМАЛНИ па да им бараат на новите правници +1 година стаж по полагањето на правосудниот...
Штом се зема правосуден тоа значи дека правникот е способен да води и да застапува клиенти во суд....
Значи е спремен и го владее правото...
Не ми се верува да е точно
Кога сме веќе кај стажот...
Лоша работа за тие шо стажираат кај адвокати а немаат земено правосуден......
Се планираат измени во водењето на постапките(кривична,парнична)...(кога ќе се имплементираат овие измени не знам,мислам од наесен)....
Нема да им се дозволува на приправниците да застапуваат странки со заменичко полномошно од адвокатот каде шо стажираат....
Значи шансата за младите правници кои сакаат судска кариера е единствено полагање правосуден испит и добивање адвокатска лиценца..
Порано се плаќаше 1000 евра и се полагаше дополнителен адвокатски испит..
За лиценцата мислам дека се плаќа 400 евра....
 
Некаде така прочитав, ама ич не ми текнува во кој пропис беше. Мислам дека беше опционо, ама не сум сигурен, затоа прашувам. Ти имаш положено, или се спремаш? Колку време реално треба за подготовка, 3,4 месеца? :)
 
За 3+2, ако полагаш правосуден ти треба + 1 година стажирање уствари исто ти се фаќа како со 4+2 :)
 
Да де, тоа е јасно, него мислев за подготовка за испитот, учење.
 
Некаде така прочитав, ама ич не ми текнува во кој пропис беше. Мислам дека беше опционо, ама не сум сигурен, затоа прашувам. Ти имаш положено, или се спремаш? Колку време реално треба за подготовка, 3,4 месеца? :)
Немам положено...
Имам уште 4 месеци од стажот....
Ќе полагам или во декември или во февруар,најверојатно во февруар...
Ќе почнам да учам наесен...
Од консултации со колеги,треба неколу месеци салам учење....
Добра работа е шо комисијата сега била поФЛЕКСИБИЛНА,за разлика од на времето...
Не гледале ептен во ситници,како шо било порано(ова од кажувања на некои постари колеги)...
Е сеа не значи дека ако некој е камен ќе го пуштат...
Многу гледаат и прашуваат прашања од реалниот живот....
Со прашањето ти даваат да наведиш пример од некоја ситуација која ја предвидел законодавацеот....
Е сеа малце зафркнат е делот т.е. ПРАКТИКАТА.како ќе се снајди кандидатот со ПРЕСУДА....
Ти даваат списи од предмет,од едностепена или двостепена постапка...и ова е тест колку кандидатот го разбира редоследот во составувањето на една судска пресуда...
Тука паѓале многу "жртви"...:sneaky:
Како и да е,со неколку месеци салам ЧИТАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ:),и малце тренинг за пресудите...не е страшно,и ќе се положи испитот.....:)
 
Од јули почнав со спремање на правосудниот.Прв на листа кривично право.Го поминав кривичниот законик,е сега ме фаќа нервоза со законот за кривична постапка.Дали да го учам детално секој член што е во рамките на конкретното прашање,опфаќајќи го секој став од членот или....?

Одам по програмата нормално.
 
Малку ми е рано да прашувам за ова ама ме интересира за една другарка, за оние што се 3+2 на јавна администрација можат да полагаат правосуден или не и ако може после магистратура треба да стажираат или им се смета доколку стажирале после 3-та па продолжиле магистратура ?
 
Јас имам другарка студира во Кочани, според тоа што го има кажувано јас разбрав дека јавна администрација е со три години и накнадно се запишуваат постдипломски студии, додека правосудна насока задолжително мора да ги одат плус тие две години и така се здобиваат со право да полагаат правосуден испит. Е сега тоа што знам за правосуден е дека треба да ги имаш завршено сите пет години и плус стажирање кое мислам сега дека е една година, па дури тогаш можеш да полагаш.
п.с.И јас имам едно прашање додека се спрема магистерската дали е дозволено во меѓувреме да се стажира а инаку сите испити се положени?
 
Ти можеш да работиш ама не ти се важи како време за полагање правосуден. Од кога ќе магистрираш, тогаш ќе се важи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom