Ок, еве едно прашање кое верувам и многумина вработени форумџии ги мачи.
-Општо прифатен тренд кај најголем број работодавци во Македонија е кога вработуваат некого да договорат еден износ на личен доход (на пример 20.000 денари), а придонесите за истиот вработен да ги плаќаат како да е платата минимална во актуелната гранка. Ова мене ми се има случено кога пред година дена додека бев вработен кај работодавец, се обидов да извадам VISA кредитна картичка. Платата ми беше во износ од околу 32.000, а бев пријавен на 8.000 според документите кои ги добив од сметководството на фирмата во која работев. Нормално, не добив кредитна картичка.
-Би сакал да знам како и на кој начин можеме да се бориме против ваквите појави кои безмилосно не оштетуваат речиси сите, а главниот ефект ќе го видиме оној миг кога ќе се пензионираме и кога ќе добиеме најмала можна пензија.