Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Возев ПП-БТ утрово,и имаше полиција.
Стоеше на место каде што ограничувањето е 100км/ч.Возев со 100,пред мене од мојата десна страна стоеше полицаец кој што не држеше палка во рацете.Беше свртен спротивно од мене,значи не ме гледаше.Во еден момент кога бев на 3-4 метри до него,се сврти ме виде и почна да мафта со раката.Значи возев со 100 и ова не траеше ни 1 секунда.Мафташе без палка и не стандардно.Значи стандардно запирање е поставување на раката од горе се до хоризонтална положба испружена,овај од таа испружена положба мафташе надолу кон нозете,без палка.Сето ова траешее не повеќе од 1 секунда,а зад мене имаше и други автомобили,залепени.Не можев одма да закочам,а искрено и не знаев дали ме запира.Има веројатност да ме поздрава?И ако да,заа колку дена би дознал.Мислам дека нема ништо, но сепак ми е во мисла.

тоа што ти мавтал надолу кон нозете значи ти дава сигнал да намалиш со брзината, а една од причините можно е бидејќи некаде потаму по патот можно е да наидиш на некоја делегација и доколку лудваш по патот има така фино некој од чистачите да те залепи што ќе се чудиш што ти се десило.

кога ќе видиш полиција на пат 16 да си ги отвориш и намалвај на брзина обавезно, без разлика дали е дозволено 100 или не, вози со 80-90 штом ги забележиш, никому ништо ем побезбеден и од казна и од било што останато.
 
Здраво, ако може една молба од срце, ми треба голема помош за една информација.

Вака, во мојата куќа броевме 4 члена, Јас, мајками, таткоми и сестрами.
Во меѓувреме дознавме од татко ми дека имал 33 годишна ќерка од првиот брак, родена во период кога таткоми бил венчан, но набргу после 2 месеци го оставила, се развел и си заминала со девојчето. Сеа тоа девојче има 33 години кој пред 1 ипол месец стапивме во контакт. Но ненадејно пред неколку дена, почина таткоми, бог да го прости, и сега мачнината ми е што куќата беше на име на таткоми. Моментално татко ми беше во брак 27 години со втората сопруга, т.е мајками.

Прашањето ми е, дали полусестрами после 33 години запознавање, има право на дел од куќата?

Ве молам за помош, ако се може.
 
Не сум правник ама имав сличен случај. Ако е признато дете од татко ти, т.е во изводот ако и пишува дека татко ти и е родител, полноправен наследник е на куќата.
Ако е градена во брак и ако мајка ти е жива тогаш она наследува половина куќа а останатата половина ја делат децата на еднакви делови.
Нека потврди правник.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Другарот со фамилијата замина за италија таму живеат сите. Во Скопје имаат барака која е со имотен лист на таткому. Татко му е во тешка здравствена состојба за жал пред крај е. Другарот има еден брат и сестра сите у странство. За бараката нема покрената оставинска постапка.
Сега не може татко им да патува до МК да ги среди тие работи. Може ли со некој документ од Италија од нотар или некој друг док. да се признае како валиден евентуално ако таткоим почине набргу????
Дали документот од Италија ке се признае???
 
Ме интересира ваше мислење.Дали ако јавното обвинителство еднаш ја отфрли кривичната пријава за одредено дело може после некое време пак да покрене обвинение за истото кривично дело?
 
Ме интересира како да се откажам од наследство. Треба да се оди на нотар со сите членови на семејството или можам јас сам без нивно знаење да дадам изјава на нотар?
 
Доволно е кај нотар да дадеш изјава дека не се прифаќаш за наследник и таа да биде приложена во предметот. Дали е потребен адвокат, не сум сигурен
 
Ме интересира како да се откажам од наследство. Треба да се оди на нотар со сите членови на семејството или можам јас сам без нивно знаење да дадам изјава на нотар?
Задолжително е да те застапува Адвокат пред Нотар во оставинска постапка.
4800 денари чини утрошокот за адвокатот, без разлика колку наследници сте, доколку наследниците се застапувани од 2,3,4 ја делат наградата од 4800 денари меѓусебе.
Преку адвокатот на писмено ќе ја дадеш наследничката изјава во која ќе ќе биде наведено дали се прифаќаш или не за наследник на оставителот.
Без печат и потпис од адвокат не ги признаваат наследничките изјави нотарите.
И останатите наследници мораат преку адвокат да се изјаснат, најчесто е истиот, но ако има конфликт на интереси некогаш и двајца адвокати се појавуваат пред нотарот.
 
Здраво друшто, како прво не знаев каде би можел да го поставам прашањево. Па решив тука да го поставам. (Ако знае некој каде би било соодветното место би било добро да ми насочи)
Значи вака, каква е процедурата за еден државјанин на Турција кој е заинтересиран да биде државјанин на Македонија?
Кои услови треба да ги исполнува и какви документи ќе му бидат потребни?
 
Другарот со фамилијата замина за италија таму живеат сите. Во Скопје имаат барака која е со имотен лист на таткому. Татко му е во тешка здравствена состојба за жал пред крај е. Другарот има еден брат и сестра сите у странство. За бараката нема покрената оставинска постапка.
Сега не може татко им да патува до МК да ги среди тие работи. Може ли со некој документ од Италија од нотар или некој друг док. да се признае како валиден евентуално ако таткоим почине набргу????
Дали документот од Италија ке се признае???
Здраво,

Таткото ги има следниве опции:
- Да остави тестамент
-Да потпише договор за подарок, за доживотна издршка со некој од наследниците доколју сака на пример само на еден да му ја остави бараката;
-Да почине и овде се отвори оставинска постапка откако наследниците (децата негови) ќе ополномоштат адвокат за тоа.

Во сите горенаведени случаи тоа може да се спроведе во Италија на начин што може да му се подготви писменото,да се преведе двојазично, тој да го завери на нотар таму па потоа овде да се преведе на мк само нотарската заверка, и тоа би било полноважен документ....

Мој совет: таткото да даде тестамент пред конзуларен претставник или дипломатски претставник на Република Македонија којшто врши конзуларни работи во амбасадата на рм во Италија, тој би бил полно0важен тука. Се разбира доколку е здраворазумен таткото и способен за таква работа
 
Од овие опции е решението:
1.Своерачен тестамент според македонско законодавство
2.Судски или меѓународен тестамент составен во македонска амбасада
3.Меѓународен тестамент составен во основен суд во Италија или пред нотар доколку италијанското законодавство дозволува

Судски тестамент составен во италјански основен суд според италјанско законодавство не се признава во Македонија, таквиот тестамент нема да се прогласи од македонски суд, затоа што тестамент не се смета како одлука за да се признае туку се прогласува, а треба во поглед на формата да биде составен исклучиво според македонското законодавство.
 
Погледнете во законот за наследување па потоа аргументирајте, тестамент може да се прогласи во наша амбасада таму.

Поздрав
 
Го погледнав законот, и во Законот за наследување пишува во странство кој може да состави тестамент и тоа во која форма, за прогласување на тестамент погледнете вие во Законот за вонпарнична постапка кој и каде е надлежен да прогласува тестамент, не е поентата само да се коментира туку тоа треба да биде издржано, има луѓе со проблеми читаат се доведуваат во заблуда ако погрешно им е кажано па барем она техничкото редоследот на постапките.
Како и да е, ако сметате поинаку во ред е, не планирам да се впуштам во дебати, јас си го кажав моето мислење а вие вашето, па нека ценат читателите, поздрав :)
 
Не се разбравме некаде, таму може да се состави и ќе е полноважен а секако дека овде треба да се прогласи, но не е нужно да се присутни тие овде (наследниците).
 
Здраво можеби мислењето не е за овде но би сакал да ве прашам дали некој знае дали осигурањето што е од работа поточно за во Јсп покрива трошоци за операција после мозочно крварање... Зборам како оштета што е од повреди да речеме и т.н. Иначе крварењето не настана на работно место, туку на одмор додека беше .. Благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom