Здраво,
Таткото ги има следниве опции:
- Да остави тестамент
-Да потпише договор за подарок, за доживотна издршка со некој од наследниците доколју сака на пример само на еден да му ја остави бараката;
-Да почине и овде се отвори оставинска постапка откако наследниците (децата негови) ќе ополномоштат адвокат за тоа.
Во сите горенаведени случаи тоа може да се спроведе во Италија на начин што може да му се подготви писменото,да се преведе двојазично, тој да го завери на нотар таму па потоа овде да се преведе на мк само нотарската заверка, и тоа би било полноважен документ....
Мој совет: таткото да даде тестамент пред конзуларен претставник или дипломатски претставник на Република Македонија којшто врши конзуларни работи во амбасадата на рм во Италија, тој би бил полно0важен тука. Се разбира доколку е здраворазумен таткото и способен за таква работа