Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Се договарате со некој ваш пријател да ви заврши услуга за без пари, без договор, а истиот пријател за тоа не е обучен и нема фирма за извршување на таа услуга. По неколку месеци/години вие се скарувате и истиот тој бара од вас да му платите за таа услуга, да му ја вратите или едноставно да ја уништите. Поради тоа тој ве тужи и бара оштета од вас. Дали тоа неговото држи вода и можете да бидете оштетени?

абе криви си и ти како прво зошто си си ја ставал главата во торба со некој кој немал поим од работата да ти работи и да се учи кај тебе.

друго сигурно нема муда да оди и он на суд за глупости кога нема ф-ра, дополнително мислам дека за испорачаната услуга ќе можеш да се повикаш и на застарено побарување ако е постаро од 12 мес.

трето ако си се скарал сонего сигурно има некој поблизок меѓу вас што може да изврши еден вид на медијација да се помирите некако и да се најдете на пола т.с да се попушти и од двете страни а и он треба да свати дека во услужните работи е така понуден ко услужен, значи ако си му понудил а он одбил исто како да си му платил.

види со договор да се реши некако работава и секој по својот пат во животот и памет во глава за друг пат со нестабилни личности (неможе денес нетреба да ми платиш утре дај пари) не си фаќај работа подобро денес плати си отколку утре ем пари треба да даваш ем главоболки да си имаш и сите да те разбираат
 
Се договарате со некој ваш пријател да ви заврши услуга за без пари, без договор, а истиот пријател за тоа не е обучен и нема фирма за извршување на таа услуга. По неколку месеци/години вие се скарувате и истиот тој бара од вас да му платите за таа услуга, да му ја вратите или едноставно да ја уништите. Поради тоа тој ве тужи и бара оштета од вас. Дали тоа неговото држи вода и можете да бидете оштетени?

Stom nema pismen dogovor nisto ne mu drzi voda na Vasiot prijatel, no sepak treba da se vidi so kakvi dokazi raspolaga.
Za poveke pisete mi vo privatna poraka.
 
Се договарате со некој ваш пријател да ви заврши услуга за без пари, без договор, а истиот пријател за тоа не е обучен и нема фирма за извршување на таа услуга. По неколку месеци/години вие се скарувате и истиот тој бара од вас да му платите за таа услуга, да му ја вратите или едноставно да ја уништите. Поради тоа тој ве тужи и бара оштета од вас. Дали тоа неговото држи вода и можете да бидете оштетени?
има и трета работа, ако тоа што тој ех пријател го направил без пари а сега се официјализира со судска постапка, тука е во игра и сива економија, а и одговорност за функционирање кон трети лица, ако е некааква инсталација и слично, ама нашите судови од тоа абер немаат..
Патем, судот во Германија неодамна осуди еден што сакал да наплати од ИД 180.000 евра а НЕ извршил терористички напад, т.е. обид да го излаже ИД...
 
Moze li se prijave pripravnik deka zapocnal so izvrsuvanje na pripravnickiot staz nadvor od sesija? Primer od oktomvri.
 
Дали при заедничка сопственост судот може во една постапка да донеси решение за физичка делба или мора во одделна постапка да им утврди идеални делови на сопствениците па потоа да се прави физичка делба врз основ на нивните идеални делови (странките веќе се сложни за деловите од физичката делба)?
 
Кој е најефтин адвокат за префрлање на управител на фирма oд едно лице на друго?
 
Сакам да прашам дали хрват (со хрватски пасош и возачка) може да си купи кола во бугарија и легално да ја вози низ мкд (со полномоштво или билокако)? Дали е подобро да ја регистрира во хрватска? Некој друг да ја регистрира во мкд и дали може хрватот преку полномоштво да ја вози во мкд? Или предложете подобра варијанта.
 
Дали може пари од трансакциска сметка да ми бидат одземени (за некаква годишна членарина) без мое одобрение?
 
Дали може пари од трансакциска сметка да ми бидат одземени (за некаква годишна членарина) без мое одобрение?
Ако си ги овластил, или си склучил таков договор, да. Инаку, само со Пресуда и Извршител.
 
Едно лице е вработено во микро претпријатие со мерките од владата ..... во М1/М2 под основ на осигурување пишува " Вработување/осигурување на лица до 35 години ослободени 36 месеци од плаќање ". Доколку лицето најди нова работа со подобри услови, можи да го напушти работното место пред истекот на тие 36 месеци/3 години без последици по него или работодавачот? Ако има последици тогаш кои се за двете страни?
Односот вработен-работодавач е на одлично ниво.
 
работодавачот ќе треба да ги плати придонесите за целиот период што лицето било вработено кај него. пример ако си бил вработен 6 месеци, работодавачот ќе треба да ги плати придонесите за тие 6 месеци. друга опција ( не сум баш сигурна) е да вработи лице исто до 35 години на твоето место. е сега не знм дали тоа ќе биде ослободено од придонеси 36 месеци или 30 ( пошто пример ти си ја користел поволноста 6 месеци)
 
Ако може да ми препорачате добар адвокат од област на имотно-правни односи (оставинска постапка).
 
Здраво , дали работодавецот може да ти исплати некоја штета зашто те одјавил без твое знаење и без отказно решение , а според договорот треба да си на работа уште 4 месеци , и во АВРМ велат дека е даден отказ поради не одење на работа 3 последователни денови , што не е вистина и за истото постојат докази.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom