Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да отидеш до Институтот за истражување при ПМФ во Скопје и да поразговараш со квалификувани луѓе во таа област.
Ако си веќе решен да го правиш ова што си намисил почни да читаш и меѓународни закони прописи и регулативи за ПАТЕНТ производите.
Тие се во глобала исти ама сепак различни во повеќето држави.
Благодарам на информациите.
Ова планирам да го направам кога и ако се запишам на тој факултет, а ако се запишам на факултет, тогаш 99,99% тој ќе биде ПМФ..
Сега за сега, ќе останам на програмите за симулации, на теорија, и некои мали експерименти...
 
Како е регулирано поседување и користење на метал детектори во Македонија.
Мене ми е интерес милитарија од периоди прва и втора светска војна, балкански војни, значи шлемови, делови од опрема, кои би ги барал на местата каде се одигруваа битки или беа стационирани единици во тој период. Пред некои 10 години на еден мој приател му го запленија детекторот на граница, и му го вратија кога си заминуваше назат во странство.
Дали постои некоја одредба која регулира имање и користење на вакви уреди и дали можам да го користам за хоби и колекционарство на предмети кои не се од значение или не се водат како културно добро на РМ
 
За колку дена...е тоа зависи од денот кога стасала пријавата кај судијата и за кога ќе закаже рочиште. Нема правило.
Ова за кривична постапка.
мала исправка во кривичната постапка нема рочиште туку претрес!
поздрав:helou:
 
мала исправка во кривичната постапка нема рочиште туку претрес!
поздрав:helou:
Главниот претрес како дел од постапката се одржува на судско рочиште :)
Поздрав и до тебе!
 
Како е регулирано поседување и користење на метал детектори во Македонија.
Мене ми е интерес милитарија од периоди прва и втора светска војна, балкански војни, значи шлемови, делови од опрема, кои би ги барал на местата каде се одигруваа битки или беа стационирани единици во тој период. Пред некои 10 години на еден мој приател му го запленија детекторот на граница, и му го вратија кога си заминуваше назат во странство.
Дали постои некоја одредба која регулира имање и користење на вакви уреди и дали можам да го користам за хоби и колекционарство на предмети кои не се од значение или не се водат како културно добро на РМ

Знај една работа...се она што може да детектира овој уред се води како културно добро на РМ.

Правилник за Археолошки истражувања:

http://uzkn.gov.mk/dokumenti/pravilnici/Pr_009.pdf

Користењето на метал детектор е дозволено само со претходно одобрение од МВР кое е олицетворено во правна смисла преку Законот за заштита на културното наследство („Сл.весник на РМ“ бр.20/04)

Извештај од 2005:

http://uzkn.gov.mk/dokumenti/Izvestaj za 2005 UZKN.pdf
 
Колку изнесува казната за навредување службено лице, навивање по верска, етничка припадност и предизвикување инциденти?
 
Колку изнесува казната за навредување службено лице, навивање по верска, етничка припадност и предизвикување инциденти?[/

од ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВЕН РЕД И МИР

Член 13
Кој омаловажува државен орган, односно омаловажува или навредува
службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни
овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во износ од
600 до 800 евра во денарска противвредност.
Ако службеното лице од ставот 1 на овој член е полициски службеник на
сторителот ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 900 евра во денарска противвредност.



Член 11
Кој на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на
тепачка ќе му се изрече глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска
противвредност.
Учествувањето во тепачка со намера да се укаже помош или заштита на
нападнатото лице или да ја спречи истата не се смета за учествување во
тепачка во смисла на ставот 1 на овој член.
Кој прекршокот од ставот 1 на овој член ќе го изврши во група ќе му се
изрече глоба во износ од 700 до 1.500 евра во денарска противвредност.
 
Фала многу кате. Ај уште неколку прашања: Колкава е казната за скандирање нацистички пароли? Колкава е казната за употреба на нацистички симболи на јавни места особено на стадион?
 
Има една одредба од Казнен законик, каде се наведува дека за "навредување на друга држава или нејзин лидер"....мислам дека е 3год. затвор, ама ваљда нема врска со ова....а другар ти да не идеш на стадион???!!!:wink:
 
абе столе поведена е прекршочна постапка против тебе или ова чисто онака?
 
Па идам и често имам забележано како скандираат и навредуваат на национална, расна и верска основа. Се пцујат полицајците, некогаш и ги маваат а се употребуваат и нацистички поздрави. Ме интересираше што може да им се случи на овие луѓе.
 
Член 18
Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на кој било начин
ги изложи на подбив државните симболи на Република Македонија,
симболите на припадниците на заедниците или истакне знаме или грб кој
не ги содржи обележјата утврдени со закон ќе му се изрече глоба во износ
од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност.
 
Барам да ми кажите кои се правата на ученикот? :D најозбилно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom