Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Што не му реплицираше: "знаеш ли дека кршење нос е лесна телесна повреда?" :)
 
Дали доколку веб-сајт објави лажни информации за некое лице со негово точно име, презиме и слика тој сајт може тоа лице да го тужи и на кој начини? Фала.
 
Кој има јурисдикција за прекршоци (не криминал) направени во меѓународни води?

Чим има меѓународен момент најдобро е да се информираш во Министерство за надворешни работи. Ако ништо повеќе би те упатиле каде да се обратиш.
 
Чим има меѓународен момент најдобро е да се информираш во Министерство за надворешни работи. Ако ништо повеќе би те упатиле каде да се обратиш.
Нели се тие ничија територија?
Кој си зема за право таму да бара документи за управување со пловен објект, или и тие што побарале направиле прекршок?
Нема никаква правна последица, инцидентот е разјаснет (со две три пива) само онака ме интересираше.
 
Кој има јурисдикција за прекршоци (не криминал) направени во меѓународни води?

Кога пловниот објект (бродот) е во границите на мегународните води т.е води кои се во општо користење тогаш за кривичните дела надлежна е онаа држава во чија сопственост е бродот т.е под чија ознака плови- во случај кога е направен о кривичното дело на бродот.Значи ова е за кривични дела а прретпоставувам и за прекршоци со оглед на тоа што тие се полесни дела од кривичните.А ако прекршок е направен во однос на мегународните надлежности во пловните води најдобро ке биде да се обратиш до надлежните државни органи.Се што е со мегународен елемент е прилично зезнато и комплицирано така да ке биде најдобро да ти објасни некој што е добро упатен во тоа.Позз:helou:
 
одам сега да поднесам приговор до една туристичка агенција па ме интересира следново.

1 Каква форма да мУ дадам на приговорот? -
Дали да го направам како тужба со она...ОД лицето Н.Н. ДО фирмата Н.Н. па со диспозитив, образложение , докази...бла,бла бла....

Кога ќе го поднесувам приговорот дали треба да ми се даде некаква потврда дека приговорот ми е поднесен, зашто во спротивно што ги спречува нив да речат дека јас не сум поднел приговор и да го пропуштам рокот???

Кој знае нека помага:smir:

Однапред благодарам:helou:
 
Еј ај ако некој знае сигурно нека ми одговори, ако некој те тужи, како те информираат за тоа, преку пошта? за колку дена?

Општо прашувам.
 
Еј ај ако некој знае сигурно нека ми одговори, ако некој те тужи, како те информираат за тоа, преку пошта? за колку дена?

Општо прашувам.

Да по пошта.Само најпрвин кога ке ја поднесе тужителот тужбата до суд тогаш судот оценува дали е основана па ако е тогаш го известува туженото лице дека е покрената тужба против него т. е дека се води постапка.За различни дела рокот е различен.Најчесто 8-15 дена.Во секој случај зависи од тежината на делото.:helou:
 
Еј ај ако некој знае сигурно нека ми одговори, ако некој те тужи, како те информираат за тоа, преку пошта? за колку дена?

Општо прашувам.

Ако некој те тужи, во твојот случај, ако е надлежен судот во Струмица, ќе ти дојде дома Балин Трајко или Дано (судски курири) и ќе ти донесе покана и примерок од кривичната пријава да се појавиш пред судот во постапката (истражна за почеток) на ден тој и тој во толку и толку часот.
За колку дена...е тоа зависи од денот кога стасала пријавата кај судијата и за кога ќе закаже рочиште. Нема правило.
Ова за кривична постапка.
Ако те тужи некој во граѓанска постапка, се исто, само што тука нема истрага, па те викаат на подготвително рочиште, и добиваш примерок од тужбата.
 
Здраво,

Веќе подолго време читам литература во врска со тоа како да се направат и применат некои интересни материјали ( но, поседувањето, употребата и производството на некои од нив се незаконски ), мислам дека сега сум доволно едуциран за да направам некои од нив и да ги применам ( на пример, користење на материјали за ракетни мотори и експериментирање со нив, експериментирање со експлозиви и обиди за пронаоѓање на нови материјали кои може да се користат за експлозиви и гориво за ракетни мотори, тестирање на некои постоечки дроги врз животни, пример глувци, одкако предходно ќе бидат направени во домажни услови, и обиди за пронаоѓање на нови дроги и нивно тестирање врз глувци, па експериментирање со електромагнетни бранови, насочување на сончевите зраци што паѓаат на површина од неколку метри квадратни, на површина од неколку центимерти квадратни...и.т.н...некои од овие примери се легални, но некои не се... ). Значи, ме интересира како и дали воопшто е можно ( и потребно ) добивање дозвола за експериментирање со овие материјали, тука во македонија, и кои се процедурите за тоа?
 
Небо, седи мирен таму, не си барај бељата.
Никој нема да ти даде дозвола, а можеш да наебеш и во физичка, и во правна смисла.
 
Небо, седи мирен таму, не си барај бељата.
Никој нема да ти даде дозвола, а можеш да наебеш и во физичка, и во правна смисла.
Во физичка, многу мали се шансите, затоа што за таа цел би се користеле роботски раце и слични remote controlled devices...
Се работи за истражувања кои во најдобар случај би почнале во наредните неколку години, и би траеле неколку децении.
А во правна, и тука мали се шансите затоа што ништо нема да направам без дозвола. Значи, во оваа земја ќе се трудам да останам што е можно пократко, и поради тоа нема да правам некои „големи“ експерименти..
Доволни ќе ми бидат неколку мали ракети и експлозиви, насочување на сончевите зраци, и експериментирање со високи напони ( неколку милиони волти ) и фрекфенции, со помош на теслин трансформатор со што е практично можно за мене, поголема моќност.
Прашањето сеуште важи, ќе ми го одговори некој?
Или веќе ми го одговорија, т.е. не е можно за вакво нешто во македонија?
 
Треба да отидеш до Институтот за истражување при ПМФ во Скопје и да поразговараш со квалификувани луѓе во таа област.
Ако си веќе решен да го правиш ова што си намисил почни да читаш и меѓународни закони прописи и регулативи за ПАТЕНТ производите.
Тие се во глобала исти ама сепак различни во повеќето држави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom