Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
На татко ми му стигнало одлука од Управен Суд Скопје со кое мора да плати некоја такса за тужба од 480 денари и такса за одлука 800 денари.На интернет баш никаде ( а исто и во тоа писмо) нема назначено на која сметка треба да се плати тоа. Знае некој?
На сметка на управен суд...
http://www.usskopje.mk/Sudski_taksi.aspx
Тука ти се подетално наведени:жиро сметка на Управен суд, тарифите и основите по кои се наплаќаат судските управни такси и одлуки...
 
За давање на приватна шума на трето лице да обезбеди документи, да ја сечи, да ги транспортира дрвата за одреден надомест, треба да му се даде полномошно на нотар ... што треба да содржи тоа полномошно за да нема после било какви проблеми газдата, што евентуално третото лице би ги предизвикало?
За такво нешто треба да се состави договор и во него да се уредат детално односите меѓу сопственикот и корисникот на шумата, закупецот на некој начин.
 
Ова е сериозна работа. Прекршокот кој не смееле да го направат дефинитивно е по вина на сметководството. УЈП ни под разно нема да се замара кој е крив како е крив (бидејќи тоа не е нивна работа, туку работа на судот), затоа ти расчисти си со УЈП. За жал често се случуваат вакви работи со сметководствата од кои подебелиот крај го извлекуваат корисниците на нивните услуги.


Ако е чиста ситуацијата како што викаш тогаш не ни размислувал дали да си ја бараш правдата судски туку веднаш дејствувај. Ангажирај адвокат и обидете се прво вонсудски да се договорите за надомест на штета. За нив произлегуваат обврски со потпишувањето на договорот за давање на сметководствени услуги и тие мора да ги исполнат, во спротивно согласно Закон за облигационите односи имаш целосно право да бараш правичен надомест за претрпената штета пред надлежен суд.

Мој правен совет ти е да ја комплетираш и подготвиш целосно документацијата која би можела да се употреби како доказ во постапка и консултирај се со адвокат за подетален план.
Fala ti. Vekje otpocnav se pa kje ti pisam sto sum napravil :(
 
На сметка на управен суд...
http://www.usskopje.mk/Sudski_taksi.aspx
Тука ти се подетално наведени:жиро сметка на Управен суд, тарифите и основите по кои се наплаќаат судските управни такси и одлуки...

А сметка на буџетски корисник?гледам такво поле има во уплатница а нема информација за тоа што да се внесе
 
А сметка на буџетски корисник?гледам такво поле има во уплатница а нема информација за тоа што да се внесе
Сметката мора да е таа што е за универзална за сите државни органи,1(девет нули)630-95
 
Здраво. Нов сум на форумот. Живеам во едно мало градче. Мислам дека прашањето тука ќе ми биде на место (ако не е, слободно преместете го). Дали знае некој како оди процедурата ако на некој полицијата му изрекла казна од 600 евра за физички напад, а тој не ја платил сумата во одредениот рок од 15 дена (значи, во рок од 8 дена можел да плати 300 евра, осносно упола), ама во предвидениот рок не е платена казната и сега полицијата по службена должност ќе го дадела него на суд. Прашањето ми е каква е процедурата на суд, значи насилникот напаѓа на место кадешто и на камера се гледа нападот. Инаку, јас само ја покривав главата. Дали и мене ќе ме повикаат на суд тогаш? И, како ќе биде казнет насилникот ако нема од каде да се наплатат тие 600 евра?
Инаку, јас сум нападнатиот и сепак не поднесов приватна тужба (а, можеби требаше). А, напаѓачот е познат локален насилник.
Ве молам некој поупатен нека ми каже како оди процедурата.
 
Дали погрешена една буква во презимето на тужениот во тужба ја прави тужбата невалидна или нема врска тоа?
 
Дали погрешена една буква во презимето на тужениот во тужба ја прави тужбата невалидна или нема врска тоа?
Би требало во тужбата да има наведено повеќе податоци за тужениот, како адреса на тужениот, па тоа е од важност за идентификација на тужениот.

Али сепак, технички има грешка, па затоа таа грешка треба да се поправи со поднесување на писмен поднесок за прецизирање на тужбата, во кој ќе се наведе точното име на тужениот.
 
дали можеш НЕКОЈ да ми пресметаш ЗЗК и ЗКК, јас пробував неколку начина да употребам на интернет ама се се различни суми а и искрено не ми е јасно, а ми треба за денес еден документ да пратам.
има еден калкулатор на БИРО.МК и има еден на eksell dokument на AMPLUS.COM.MK
станува случај за судски процес каде ми е досудено цитирам „ материјална штета од 132,000,00 денари со ЗЗК сметано од 11.12.08 до 31.01.10, а од 01.02.10 ЗКК според законот за ОО, во висина на референтната стапка на НБРМ за секое полугодие зголемена за 8%. 200,000,00 ден за нематеријална штете со ЗКК од 06.11.13 до 17.03.15 година, и судски трошоци 193,000,00 денари со ЗКК од 06.11.13 до 17.03.15 година. јас сум физичко лице и тужев правно лице во парнична постапка ЗНАЧИ
се работи за следниве периоди и суми:
од 11.12.08 до 31.01.10, - ЗЗК за сума 132,000,00 денари,
од 01.02.10 до 17.03.15, - ЗКК за сума 132,000,00 денари
од 06.11.13 до 17.03.15, - ЗКК за сума 200,000,00 денари
од 06.11.13 до 17.03.15, - ЗКК за сума 193,000,00 денари
 
Би требало во тужбата да има наведено повеќе податоци за тужениот, како адреса на тужениот, па тоа е од важност за идентификација на тужениот.

Али сепак, технички има грешка, па затоа таа грешка треба да се поправи со поднесување на писмен поднесок за прецизирање на тужбата, во кој ќе се наведе точното име на тужениот.
@Триптико а што ако остане така, дали важи тужбата според другите податоци? Дали во тек на постапка може да се смени или тужбата се отфрла?
 
Има ли уклучен правник ? студент,вработен,познавач ? ве молам ако има нека ми пише ПП...се работи за прекршочно,ама ми треба хитно....
 
Дали по закон,е дозволено да имаш апликација која снима разговори ? многу другари ја имаат,ама ме интересира дали е легално...веројатно не е легално да ги покажуваш,споделуваш,но за свои потреби ако е ?
 
Дали по закон,е дозволено да имаш апликација која снима разговори ? многу другари ја имаат,ама ме интересира дали е легално...веројатно не е легално да ги покажуваш,споделуваш,но за свои потреби ако е ?
Добро, што ви е со прашањава? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom