Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,
во Закон за сопственост и други стварни права:
Член 91 - Лицата што живееле во заедница со оставителот и со својот труд, заработка или на друг начин му помагале во стопанисувањето, имаат право да бараат од оставината да им се издвои делот кој одговара на нивниот придонес во зголемувањето на вредноста на имотот на оставителот. Издвоениот дел од оставината од став 1 на овој член не спаѓа во оставината, не се зема предвид при пресметувањето на нужниот дел, ниту му се засметува на наследникот во неговиот наследен дел.

Дали овај член ги опфаќа и основните трошоци за одржување на недвижен имот (сметки за струја, вода, нискоградба итн..)? И дали доколку родителот е сопственик на недвижниот имот, а наследникот (син) ги сноси на свое има погорните трошоци можи да го искористи член 91 за стекнување на сопственост.
Поздрав

Значи имаш во наследство куќа, стан. Наследениот имот (ако си единствен наследник) ти доаѓа на твое име, а секако со него и трошоците за него. Ти откако ќе станеш сопственик нормално дека сам си плаќаш вода, струја, телефон итн.
 
1.Едно лице умира.Има татко,двајца браќа и лице што живеело непрекинато 5 години во трајна заедница со оставителот. Колкав дел ќе добие лицето што живеело во трајна заедница со оставителот? 2.По смртта на оставителот останале неговата сопруга, чуваникот со кој живеел во трајна заедница ,дедо му од таткова страна и баба му од мајчина страна и двете сестри. Колкав ќе биде делот на една од сестрите? Знам дека не се баш за овде прашањава,ама спремам испит и книгата е ужасна! Некој ако ми објаснит дали ќе наследит лицето што живеело во трајна заедница ако има живи родители или браќа и сестри ќе му бидам многу благодарна.

1. Во овој случај не наследува лицето што живеело во трајна заедница.
2. Би требало двете сестри заедно да наследат 1/2 (делот што би им припаднал на нивните родители), а секоја од нив 1/4, не сум сигурна.

Иначе кога има живи родители или браќа и сестри, не наследуваат лицата што живееле со оставителот во трајна заедница. Наследуваат само во конкуренција со брачниот другар во втор наследен ред.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 10:57 ---
Здраво,
во Закон за сопственост и други стварни права:
Член 91 - Лицата што живееле во заедница со оставителот и со својот труд, заработка или на друг начин му помагале во стопанисувањето, имаат право да бараат од оставината да им се издвои делот кој одговара на нивниот придонес во зголемувањето на вредноста на имотот на оставителот. Издвоениот дел од оставината од став 1 на овој член не спаѓа во оставината, не се зема предвид при пресметувањето на нужниот дел, ниту му се засметува на наследникот во неговиот наследен дел.

Дали овај член ги опфаќа и основните трошоци за одржување на недвижен имот (сметки за струја, вода, нискоградба итн..)? И дали доколку родителот е сопственик на недвижниот имот, а наследникот (син) ги сноси на свое има погорните трошоци можи да го искористи член 91 за стекнување на сопственост.
Поздрав

Само за нискоградбата имаш право да бараш издвојување на тој дел од оставината, пред истата да се подели. А се додека родителот е сопственик на недвижниот имот синот нема што да наследува. А откако ќе почине си наследуваш според закон утврден дел или нужен дел.
 
Здраво, една моја другарка направила порачки во орифлејм на мое име и не ја платила фактурата со што мене дома ми стигаат писма, и реков да си плати но очигледно нема намера. Па сакам да знам кои се моите права овде бидејќи јас ниту сум зачленета, ниту пак имам потпишано некој договор за да правам порачки и слично. Би сакала да знам дали е можно доколку имам пари на сметка да ми ги повлечат и сличо, и дали јас можам да покренам некој вид на тужба (дали против "другарката" или орифлејм). Ве молам да ми помогнете.
Поздрав
По ова што си го напишала нема потреба да се грижиш, затоа што за да ти земат пари од сметка треба да биде запошнато извршување против тебе.За да се започне извршување треба да има извршна исправа, а за да има извршна исправа треба да има веродостојна исправа. Е сега под веродостојна исправа се подразбира фактура за испорачана роба заедно со испратница на која треба да има твој потпис како потврда дека си ја примила робата т.е. порачката. Е ако (како што пишуваш дека не си зачленета , не знам како можела да земе роба на твое име) , или нема поптпишано договор со тебе тогаш воопшто нема за што да се грижиш.
 
Колку максимум може да изнесуват трошковите за изгубен судски спор? вредностна на спорот е 19 000ден
 
Дали едниот од родителите е обврзан да плаќа издршка и трошоци за факултетско образование на полнолетно дете кое живее со другиот родител,секако ова подразбира да се сопружниците разведени?
 
Колку максимум може да изнесуват трошковите за изгубен судски спор? вредностна на спорот е 19 000ден

Зависи од тужбата, трошоците на адвокатот (рочишта, бензин итн.) камати итн.
--- надополнето: 14 јуни 2013 во 00:15 ---
Дали едниот од родителите е обврзан да плаќа издршка и трошоци за факултетско образование на полнолетно дете кое живее со другиот родител,секако ова подразбира да се сопружниците разведени?

За тоа одлучува судот во текот на постапката за развод. Тука ги зема во предвид примањата на брачниот другар, работното место итн.
 
Zdravo, sakam da prasam nekoj strucen, dali tuzba za zloupotreba na sluzbena dolznost moze da se pokrene privatno , znaci privatna tuzba ili samo po sluzben pat, tuzba od OJO? pozdrav cekam odgovor
 
Ме интересира дали доколку уплатеш тикет за 20 000денари и притоа добивката изнесува 500 000денари ти треба да платеш данок за парите? Коефициентот е 25 а имам прочитано по кладилнициве дека данок се плаќа на добитен тикет со над 500коеф т.е за 20денари уплата - 10 000 исплата ... е сеа овде има 25коеф што е далеку под500 но сумите се ептен големи.Сакам некој што е ептен упатен да ми даде одгоовор на пршањево. И што би се случило да се повторува истоно 3-4 пати т.е да има екстремно голем профит.
 
По закон за данок на добивка, данок на добивка се плаќа на секоја добивка над 10.000,00 денари, никаде не се спомнува коефициенти и сл. е сега ако ти уплатиш 20.000,00 денари тогаш софверот на кладилницата ќе ти го раситни ливчето на повеќе ливчиња така да на секое посебно ливче добивката да не ти поминува 10.000,00 денари.
 
Од идниот месец ќе седам под кирија во општина Центар, имам сопствена кола и сега треба неа да ја пријавам за да добијам бесплатен паркинг. Од паркинзи ми рекоа дека треба да имам доказ дека седам таму и нема да биде никаков проблем. Прашањето ми е како најлесно да добијам доказ дека седам на адреса во Центар, а притоа газдата на станот најмалку да се замара и секако да не се чепка во парите од неговата кирија?
 
Договор за закуп?
 
Нешто такво, но да не мора да се плаќа данок, нешто во таа смисла.

Мораш да имаш таков договор со газдата штом закупуваш простор/стан, како инаку ќе биде регулиран вашиот однос?
 
здраво значи видете вака
малку ми екомплицирана ситуацијава
баба ми што зивеела во стан и го отстапила на едната керка а 3 деца се се на се
мегутоа баб ми поцина пред некое време и сеа ме интересира
бидејки станот кој баба ми и го одстапила за зивеенје на едната керкаа сеусте се води станот на име на баба ми дали и другите две деца имаат право на тој стан
да напоменам баба ми е поцината станот се води сеусте на нејзино име а е даден на зивеенје на едната керка
и сеа бидејки баба ми поцина дали и другите двајца имаат право на тој стан да се подели некако
станот на 3 еднакви дека
однапред благодарам
доколку постои таква мозност писете ми да знам да си бркам понатаму работи јас
фала
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom