Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки мене ме интересира дали договор потпишан од моја страна, може да се оспори како неважечки и против законски?
 
Дечки мене ме интересира дали договор потпишан од моја страна, може да се оспори како неважечки и против законски?
Зависи каков договор и содржината на договорот.
Заверен е нотарски или солемнизиран е или обични потписи се?
 
Живеам во странство, прочитав дека до февруари 2024 македонскиот пасош морало да го продолжам поради внесување на наставката Северна Македонија, иако ми важи до 2029 пасошот моментално што го имам, инаку се водам со ЕУ пасош а не со македонскиот, прашањето ми е дали ќе плаќам казна во случај да не го продолжам до рокот и колку? Колку е казната за 2 до 3 години непродолжување на пасошот од рокот.
па користи го од 1924 ЕУ пасошот, ама само тој, т.е. ако влезеш треба и да излезеш со тој
 
здраво, имам две прашања до некој правник/адвокат од областа на градење згради (ете така да кажам).. значи вака, кај мене во населба се прават згради, одн. кај мене и сите во маркицата (на почеток) бевме 6 луѓе што се потпишавме на договорите. Тројца од потписниците ја сочинуваат мојата фамилија (три сестри) кои потпишаа договори 2021 година, четвртиот и петиот потписник потпишаа договор лани, а шестиот воопшто и не потпишал. Во договорот (последиот) пишува дека истиот важи 24 месеци од потпишување на самиот договор, ме занима дали тоа важи поединечно одн. бидејќи мојата фамилија потпишала 2021 нашите не важат више или пак важи севкупно одн. треба сите да бидат потпишани па после 24 месеци од последниот потпишан да престанат да важат? И второ прашање, ме занима, во мојата фамилија додека се средуваше нашиот договор се уфрли уште еден член во имотниот лист со кој инвеститорот нема потпишано никаков договор, па ме занима дали правно гледано, инвеститорот би не викнал повторно да се потпишеме на сите договори од почеток како би бил вклучен и тој што отпосле се појави во имотниот лист?
добро, зошто ме игнорирате мене? Дали затоа што сум нова тука? М?
 
добро, зошто ме игнорирате мене? Дали затоа што сум нова тука? М?
Ocigledno ne go znaes praviloto na forumot : Koj nema 100 postovi, nikoj ne mu vraka na konverzacija.
Ama, zdravje, mlada si, nadezna, I so mnogu trud I vreme, eden ubav soncev den, I toa ke bide...

PS. A mozda imas izlozeno pokompleksen problem sto mozebi bara I nekoe po profesionaleno mislenje, soznam...
 
добро, зошто ме игнорирате мене? Дали затоа што сум нова тука? М?

Ова не е општо прашање, ова е конкретно прашање и заради тоа прво треба да се прочита договорот и тек после да се толкува и да се даде правно мислење.
Ако сте заинтересирани пишете ми во порака.
 
Поздрав на сите

Ми треба една правна помош ако е некој расположен да ми објасни...

Станува збор за два долга уште од короната 2019 едниот за водовод (14000 мкд) а другиот за телеком (7500 мкд).

Бидејќи на дедо ми се води се тоа а во тоа време заболе (78 год) па многу тешко ја поднесе болници едно друго, па имавме и доста смртни случаи низ фамилија од тоа чудо и во таа голгота парите идеа на друго место наместо за режиски трошоци, нормално со насобра долг водовод и телеком поднесоа тужби, се зголемија трошоците, не бевме во можност ни тие да ги платиме и дојде решение од еден извршител за водовод дека ќе му запираат 1/5 (јуни 2021) и за телеком (септември 2021) од пензијата како последна шанса нормално да се подмири долгот. Еве дојде април 2023 од пензијата не му запреа ни денар. Ме ополномошти бев 5 6 пати кај извршителите да проверам зошто не му се запираат пари ми викаат уживај барањето до пензиско од нас е испратено па они кога ќе почнат да му запираат тоа е нивно. Бев и до телеком и до водовод од таму добив одговор ние веќе немаме ништо со вас има решение за наплата се водиме по тоа. Во меѓувреме едниот извршител се пензионира па друг ги превзема предметите и биквално како од марс паднат ми вика што се секираш кога тогаш ќе се наплати долгот...

Ме интересира дали некој може да ми каже каде да се обратам и дали на тој долг тече и друга камата, застарува или нешто се случува со тој долг. Во евн на сметките веќе го нема а на водовод пишува тужба...

Ви благодарам.
 
Може ли некој да ми сподели линк од закон за работни односи со најновите измени до сега. Конкретно ме интересира член 145 став 1 каде што го наоѓам различен на три места.
1. Работникот има право на надоместок на неискористениот дел од годишниот одмор
пред престанок на работниот однос, ако претходно побарал користење на годишен
одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му
престанал не по негова вина и волја.
2. Работникот по престанувањето на работниот однос има
право на обештетување за неискористениот дел од годишниот
одмор.
3. Работникот по престанувањето на работниот однос по кој било основ има
право на обештетување за неискористениот годишен одмор
 
Може да побараш исплата на годишниот одмор само единствено кога го откажуваш/или ти се прекинува работниот договор ... Додека ти трае не можеш да бараш да ти се исплатат деновите . Или пак кога веќе ти прекинува работниот договор,подобра солуција ти е да побараш потврда за неискористени денови на годишниот одмор(рок до 30 јуни за стар одмор) . Со таа потврда можеш да ја искористиш на ново работно место .
 
Не станува збор за стар одмор, туку одмор за 2023 година. Нормално дека неможе исплата дур уште работиш во фирмата, но си писмено барање за користење годишен одмор ако си одбиен дали ти следува исплата за тие денови. Мене искрено ми бесмислено стекнат одмор кај стар работодавач да го користам кај нов работодавач.
 
Само доколку Договорот за вработување ти е прекинат по основ Отказ од страна на работодавачот.

Во секој друг случај и да ти го одбие Барањето за одмор не е законски обврзан да ти ги исплати деновите. Може да ти издаде потврда за искористени/неискористени денови од годишен одмор која може да ти послужи кај идниот работодавач.
 
Здраво, потребна ми е помош и објаснување во врска со Стекнување на право на сопственост со одржувачка.
Што точно значи (не)совесен и (не)законит држател на недвижна ствар? Бидејќи ги читав членовите 124 и 125 од законот за сопственост, меѓутоа не ми се баш најјасни истите како и нивната применливост во пракса.

Ситуацијата е следна:
Мојот дедо беше сопственик на целиот објект, приземјето, првиот кат и дворното место. Откако почина се отвори постапка за делба која заврши пред околу 10години и приземјето се подели на по 1/2 за татко ми и чичко ми. Дворното место сеуште не е откупено и сопственоста гласи на РМ. За првиот кат пак бидејќи беше на посебен имотен лист не беше отпочната постапка за делба и сопственоста сеуште гласи на име на дедо ми. Чичко ми има живеено како дете во куќата, а од пред 40год. ние сме во постојано користење и одржување на истата.
Дали тоа ни дава право да се примени стекнување на право на сопственост со одржувачка како совесен и законит држател на недвишна ствар и која е постапката за да ја префрлиме сопственоста на наше име?
Ви благодарам однапред.
 
Што точно значи (не)совесен и (не)законит држател на недвижна ствар
прост пример .... Циган ти влезе у твој приватен двор НЕ/СОВЕСНО и НЕ/ЗАКОНИТО и ти гради шупа да живее и прокламира како негово ... Зависи сега постапка на застарување на сопственост на имотот или прв посед кон земјиште и маркица да посакаш
Автоматски споено мислење:

Дворното место сеуште не е откупено и сопственоста гласи на РМ.
имате вие право да фрлите глас за откуп како први луѓе ..... најголема грешка што сте чекале така со долги години да стои како државно земјиште .
 
прост пример .... Циган ти влезе у твој приватен двор НЕ/СОВЕСНО и НЕ/ЗАКОНИТО и ти гради шупа да живее и прокламира како негово ... Зависи сега постапка на застарување на сопственост на имотот или прв посед кон земјиште и маркица да посакаш

имате вие право да фрлите глас за откуп како први луѓе ..... најголема грешка што сте чекале така со долги години да стои како државно земјиште .
Барањето сеуште не е процесирано од општината.

Па маркица не сакам, туку сопственост врз објектот. Прашањето ми беше дали можам да остварам сопственост со одржувачка во овој случај.
 
Барањето сеуште не е процесирано од општината.

Па маркица не сакам, туку сопственост врз објектот. Прашањето ми беше дали можам да остварам сопственост со одржувачка во овој случај.
Не. Ако објектот во имотен лист е на име на дедо ти, мора да се поведе оставинска постапка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom