Јас имам исти проблем,сосед ми узурпира 8м2 а неговиот брат 37м2 поднесов тужба и се реши во моја корист. судот двајцата ги задолжи да ми го вратет узурпираниот имот 37м2 едниот ми врати викнавме катастар и се оградивме. Братму негов не ги врати тие 8м2. Оградата од плетена жица ја отстрани и изгради бетонска ограда и узурпира плус 57м2, пријавив до градежен инспектор и тој донесе решение оградата веднаш да се отстрани и поднесе кривична пријава против инвеститорот. Напишав преставка до МТВ тие одговорија дека не се надлежни за таа работа. Напишав преставка до МИО тие предметот го определија до Државен Управен инспектор од Ресен, кој донесе решение со које ги задолжи градоначалникот и градежниот инспектор да си обезбедет сретства и да се отстранит оградата. Народниот Правобранител 2 години се допишуват со општината и ништо не прајт. Јавниот Обвинител постапи после 17месеци по кривичната пријава од градежниот инспектор дека исто така напишав преставка до Народен Правобранител. Јавниот Обвинител наместо да постапит по кривичната пријава од Градежниот инспектор за бесправна градба тој поднел пријава за узурпација??? Управниот Државен инспектор сега поднесол кривична пријава против Градежниот инспектор иако тој единствено чесно си ја завршил работата како требит, во овај случај неможит по магарето удри по самарот.
Еве ова се 4 години изгубени во потрага на правдата, јас требеше одма во почетокот да поднесам на Суд привремена мерка.
Од моје искуство Законот е убаво напишан но никој не го спроведуват, сега и јас можам да градам и узурпирам па нека ме казнет 1000 денари и 3 месеци условно, Закон или Правда не барај дека немат освен ако имаш пријатели. Поздрав