ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Лани влегов во државна квота а можело да не плаќам партиципација бидејќи татко ми има статус на бранител.Ќе може за втора година да направам нешто или пројде возот? :coffee:
 
Дечки да прашам, ги пишува деновите кога ќе бидат уписи во прва година ама не пишува време, стандардно е тоа секоја година или деновиве ќе објават на страната?
 
Дечки да прашам, ги пишува деновите кога ќе бидат уписи во прва година ама не пишува време, стандардно е тоа секоја година или деновиве ќе објават на страната?

Лани негде околу 8:30 почнаа уписите
 
Абе ај нека каже некој како е у 5ти семестар? Кои предмети се најтешки, кои професори се гадни, се паѓаат нешто прашања (мада многу прашањата не ни се од помош). Една генерална слика за 5ти семестар, Please.
Фала однапред. Поздрав.
 
Дечки од која до која страна треба да се учи МПП? Не сум бил на предавања, а нема ни силабус.
 
Има некој тука што е на новинарство да го прашам неколку прашања? Барав по сајтот, ама или слабо го ажурираат или не можев да се снајдам. :)
 
Абе ај нека каже некој како е у 5ти семестар? Кои предмети се најтешки, кои професори се гадни, се паѓаат нешто прашања (мада многу прашањата не ни се од помош). Една генерална слика за 5ти семестар, Please.
Фала однапред. Поздрав.
Семестаров е најлесен. Финансово право, ептен лесно,прашања за мерак,не се двосмислени,ама бараат добро да го знаеш материјалот, а и на есеј е лесно, поени се фаќаат за активност. Филозофија на правото јас учев и тоа бајаги, а на крај се паднаа истите прашања што се паѓале години наназад и речиси сите имаа максимум бодови + за есеј даваат 10-тина теми однапред и за активност да имаш мора да изработиш семинарска. Облигационо право е екстремно лесно, активност веднаш се собира, нема теми за есеј одиш на цел материјал,ама ти даваат причично опширна тема и бараат најосновното, а компјутерски прашањата се тие што кружаат низ студенти, но одговорите се сменети. Применета економика,на повеќето им е малку потешко, но јас ептен лесно поминав,на првиот колоквиум поарно да се фатат убави поени, вториот прашањата се одвратни, клучот стандард е грешен (иако Билјана цело време ќе зборува дека вториот е полесен ич да не и верувате, барем за компјутерското полагање), активност кај нас лесно се фаќаше, а за есеј наводно ни попуштија и полагавме на пола книга. И по рефератов што го изнапишав пак ќе кажам, V семестар е буквално уживанција, и колеги што вообичаено се појавува на полагање само со прочитани прашања вадеа се 9 или 10, штедете се за VI, тогаш нема да знаете главата каде вие, само ГПП преку 500-600 страни ќе имате за учење.


Дечки од која до која страна треба да се учи МПП? Не сум бил на предавања, а нема ни силабус.

МПП се учи се, освен тоа што е фонт 10, значи не треба фусноти и некои таму параграфи за кои ќе видиш дека се со поситни букви од останатите.
 
Две прашања:
1. Дали мора најпрво да се регистрираш на нет, па потоа да ги носиш документите, или не мора на нет, и може веднаш таму?
2. И, ако мора прво на нет, до кога трае рокот за пријавување на нет (со документи најдов).
 
Ме интересира, од постарите колеги некој, да ми каже како иде процесот на запишување на мастер?
Дали ми е потребно да извадам уверение и кој период да очекувам конкурс ?
фала (y)
 
Две прашања:
1. Дали мора најпрво да се регистрираш на нет, па потоа да ги носиш документите, или не мора на нет, и може веднаш таму?
2. И, ако мора прво на нет, до кога трае рокот за пријавување на нет (со документи најдов).
Лани мораше прво електронски да се пријавиш па на денот на запишување си го носиш бројчето од електронската пријава и документите си ги предаваш, па од факс ти даваат ново бројче и по него ти се водат документите. Е сеа и да немаш електронска пријава лани на денот на уписот правеа од компјутерскиот центар на факс (ваљда останало нешто од компјутерите па и оваа година исто ќе биде :D )
 
Ај ако може некој брз одговор :)
Работи ли читалната на правен?
 
Една информација ако можит ако имаш завршено правен факултет во кичево дали ке можит да одиш на постдипломски во скопје или ке морат пак во кичево каде го имаш завршено факултетот ве молам за одговор благодарам однапред...
 
Октомвриска сесија е само за апсолвенти?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom