ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јули 2006
Мислења
117
Поени од реакции
8
Веб-сајт
www.myspace.com
Гледав по форумов и немаше никаде отворено тема за на правен факултет. Јас сум матурантка и ако ја положам матурата во јуни мислам да се запишам на правен мислев кој тука од форумов може да ме посоветува или да ми објасни како е да се студира на правен ?дали е добар факултетот? дали е тешко? .........................
гледав на интернет страната ама нема ништо
многу ќе ви бидам благодарна :pipi:
 
Ја сум на правен. Супер ти е си имаш бодчиња од ова бодчиња од она и сигурно проаѓаш. Нема чекање две недели за резултати него истиот ден на интернет.
 
И јас сум на Правен,прва година,и ти препорачувам да се запишеш на него:)Ова новиов систем има предности,па полесно може да се дојде до бодови и саканата оценка,но како и секогаш има и мани,кој што ни рекоа дека биле на листа за да се разрешат во брзо време.Е сега имаш и интересни и малце досадни предмети,ама со редовно учење све ќе биде ок.Инаку по 4-5 часа имаш во денот предавања,а имаш и еден слободен ден.Па ако си за,ти посакувам успешно запишување:helou:
 
Правниот факултет ти е супер но во нашава држава перспективата од тој факултет некако се намалува порад преголемиот број на студенти.Ако сакаш нешто со закони ова она...подобро ти е политички науки и слично.А тоа дали е лесно или тешко секој факултет со своја тежина си е....И јас сакав да се запишам на тој факултет ама баш поради тоа не се запишав.
 
Јас тукушто дипломирав на правен,и искрено во текот на студирањето си поминав супер.Факултетот во однос на тежината е како и секој друг факултет,ако го сакаш она што го учиш ништо не е тешко и комплицирано.Има пар потешки испити,неколку зезнати професори ама ништо страшно..јас бев по старата програма која каде-каде е потешка него новава т.е. ЕКТС.. сега се е на прашања,со заокружување на точен одговор од неколку алтернативи,што е добро од аспект на тоа дека е намалено влијанието на професорот затоа што тестовите ги проверува компјутер,ама е лошо затоа што така мислам дека квалитетот на знаењето што го стекнуваш се намалува.. Но кој сака да учи ке научи,не е битен начинот на полагањето..
Во секој случај ако правото ти е желба,запиши се на правен и не се секирај многу..
Можда малку забегав од прашањето,но се надевам дека ти помогнав..ако имаш уште некое прашање,или некоја дилема,ако ти треба совет, слободно обрати ми се на ПП..
Pozz..:smir:
 
Јас сум на правен факултет и супер ми е.новиот систем ти овозможува лесно да ги поминуваш предметите.начинот на полагање е лесен уште истиот ден добиваш резултати.би ти кажала дека ако си решена нема да се покаеш:wink:
 
фала ви многу за информацииве баш ме поттикнавте уште повеке
мислам ако има и др заинтересирани членови кои сакаат да се запишат на овој факултет слободно нека поставуват прашања мислам нормалноо
 
Знам другарка ми е на Правен и само во прва година една професорка и беше построга што предава 2 предмети истовремено. Друго не се жалеше, еве сега по нова програма ќе дипломира сега, си пишува семинарски си оди на предавања многу порелаксирано од другите факултети.:helou:
 
Едно прашање до сите студенти,а посебно до оние кои студираат на правниот факултет, Дали се точни шпекулациите дека новата академска година ке започне на 15 Септемви а сесијата од септември е преместена за на 15 Август.

Ваков предлог знам дека имаше,кажаа и на тв но не знам дали се прифати.


Многу ми е битно!!!
 
Едно прашање до сите студенти,а посебно до оние кои студираат на правниот факултет, Дали се точни шпекулациите дека новата академска година ке започне на 15 Септемви а сесијата од септември е преместена за на 15 Август.

Ваков предлог знам дека имаше,кажаа и на тв но не знам дали се прифати.


Многу ми е битно!!!

Да, новата академска година ќе започне на 15 Септември, затоа што Законот за високо образование претрпе такви измени и сега по ново ќе биде така. Додека, пак до сите што сега заврш(уваат)ија 3 год. и дипломираа (според ЕКТС), да спомнам дека Постдипломската академска година започнува во Ноември....Поздрав.
 
Знам другарка ми е на Правен и само во прва година една професорка и беше построга што предава 2 предмети истовремено. Друго не се жалеше, еве сега по нова програма ќе дипломира сега, си пишува семинарски си оди на предавања многу порелаксирано од другите факултети.:helou:

Да бе пријателке ТОП е на Правен....а за таа професорка ехеее....:helou:
 
Топ е на правен само уште Драги(кој е на правен знае )да го превоспитаат малку зошто си игра со студентите како му текне.Иначе во глобала е супер:pipi:
 
Топ е на правен само уште Драги(кој е на правен знае )да го превоспитаат малку зошто си игра со студентите како му текне.Иначе во глобала е супер:pipi:

Еј кај ти текна на него :pos2:....јас мислам дека треба да си ангажираат компанија што на време ќе ги води работите,а не да оставаат на 2-3 луѓе.
 
ми текна да побарам тема, за правниот факултет и сеа кога ја најдов ај па да напишам збор-два. за една недела се уписите и јас планирам да конкурирам на правен факултет. според ова што го прочитав, треба да имаш редовност и ќе биде се во ред? ќе си положуваш итн...а тоа шо викате со заокружување-сите испити се така или?
ајде поздрав, па ако биде се во ред, ќе бидеме колеги!:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom