ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знаете кои професори ги држат изборните Модели на Демократија и Човекови Права во РМ и како се полагаат испити по тие предмети ?
 
Модели на демократија ти е кај Гордана Силјановска Дафкова, 450 страници материјал, лесно се положува ако знаеш да дискутираш, не се задржува премногу на материјата, повеќе сака лично мислење и став.
Човекови права во РМ е кај Јелена Трајковска и посакај ми среќа во петок да положам. Самото име на проф. (Конституционализам, Политички систем), знаеш каква е горе-доле. Мене ми даде од една скрипа 500 страници да читам за неколку члена од конвенцијата и пресуди од Европскиот суд. Ако положам, ќе ти кажам шо како е...
 
Фала ти !
 
Од кога почнуваат предавањата?
Најверојатно ќе биде од понеделник, од 1ви, но гледај на сајтот да не искочи некое соопштение дури во недела како што имаат обичај... Следи и на Фб страницата и групите што се. Ова е за додупломски, а за мастер т.е. постдипломски (4та и 5та), не би знаел да ти кажам, ама подоцна е, некаде ноември бдиејќи уписите не знам како се и кога се.
 
Ако може некој да ми каже за професорите Георгиевски, Петрушевска и Ценевска по Вовед во право на ЕУ, Гелев Право на друштва и Георгиевски и Петрушевска МЈП?
 
42734634_1947190778914633_7630194982585892864_o.jpg

Koja grupa ima "polesni" profesori vo pogled na polaganje??
 
Ако може некој да ми каже за професорите Георгиевски, Петрушевска и Ценевска по Вовед во право на ЕУ, Гелев Право на друштва и Георгиевски и Петрушевска МЈП?

Вовед во ЕУ и МЈП се полага писмено, МЈП мене ми беше малку потежок материјалот за учење, а за ЕУ има прашања за испит и цело време тие истите се паѓаат но во глобала не е толку тешко да се положи дури може и кај Петрушевска ако ја побараш и замолиш да полагаш кај неа усно, од моја група имаше некои колеги на телефон и ѕвонеа и се договараа кога да одат да полагаат и кај неа викаа дека е полесно усно да се положи отколку на писмениот испит.
Кај Гелев е преееелесноо, многу е интересен на предавањата цело време се зафркава и на нас ни кажа не купувајте џабе книга си имате скратена скрипта од таму учете си и дури на испит не те ни испрашува, ќе ти постави прашање и само што ќе отвориш уста да почнеш да одговараш ти пишува 10ка или 9ка и ти го фрла индексот.:LOL:
 
Значи за МЈП и право на ЕУ може да се договориме со проф. Петрушевска да одговараме усно доколку сакаме?
 
Почитувани колеги страдалници,ќе има Октомвриска казнена сесија од 1 до 12 Октомври за сите студенти на прв и на втор циклус на студии.Повеќе детали има на вебсајтот. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom