Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Acid напиша:Како се создава пивото?
Искрено, и мене не ми беше јасно додека не ја погледнав оваа пивска бавча!
Сликано во населба Аеродром, Скопје.
Интересно, нели?![]()
Ова е за добивање на 10- 12 литри пиво.
Прво ти треба некој сад што може да го издржи притисокот кој се ствара при ферментирањето. Може да е лимен, дебело стакло или цврста пластика.
Се вари 10 литри вода, се пушта да врие околу 10тина минути и потоа се пушта да се излади до температура од 25 степени. Потоа во водата раствараш приближно 200 грама шеќер. Ако сакаш пивото да има повеќе алкохол, додаваш повеќе шеќер
Раствараш 20 грама квасец, се додава малку шеќер и се остава да стои неколку саати. Потоа се додава во водата.
Се додава екстрактот за пивото, се меша и се остава да стои на собна температура околу 12 саати.
Садот се затвара и се остава да стои затворен 2 недели на температура 9-15 степени.
Во целата таа мешавина може да се додадат некои зачини како пеперминт, некој чај...Но тоа е по желба.
Ако се создава голем притисок при ферментирањето, тогаш може да го отворите чепот и да го испуштите малку.
Абе едвај чекам да почнам
Имам пробано домашно пиво и знае да биде одлично ако е направено со мерак, глава ме нема болено до сега.
Се праи пиво.. Само во пивара.. да беше така немаше Пивата да постојат сеасамо ке ги праевме