Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
зошто во православното христијанство поповите смеат да се женат, а во католичко не смеат и треба да бидат во целибат цел живот?

Колку ми е познато, во раната Црква, се‘ до вториот Собор, поповите не се женеле. Од тогаш се женат, оти поарно да се женат, отколку да блудничат.

Не се женат само монасите и поповите кои останале без жена/сопруга, од одредена причина.

Тоа што римо-католичките свештеници не се женат, не ги прави праведни, оти е појќе од јасно со кои дејанија се занимаваат. На пример, во римската Црква, лобито од “вруќите свештеници“ е силно влијателно, а да не ја заборавиме и педофилијата, која вешто се крие од римската Црква.
 
Ама книга нели забранува свештените лица да се венчаваат или тоа не се спомнува никаде.

Ами оти Господ не ги казни тие свештени лица што блудничат? Па и нашите попови блудничат, сите си имаат швалерки.
 
Бико кој, кој чини грев, заработува казна и во овој живот, а не само после смртта или на Судот Христов.

Ако сметаш дека нашите попови имаат швалерки, слободно пријави ги кај соодветните владики.
 
Да де, па после владиките ќе им ги (од)земат на поповите швалерките.
Да не мислиш има некое свештено лице без големи гревови?

Има ле накде во библијата каде се спомнува за откажување од овоземски задоволства и удобности, добра и богатства?
 
- Не се мешав во туѓа приватност, понајмалку во приватноста од свештениците. Што прават и што чинат, тоа паѓа на нивна одговорност.

- Да, има, на повеќе места.
 
Мики која е разликата помеѓу свештените лица и обичните верници?
 
Да почнеме со особините според кои свештениците и верниците се исти пред Бога, а тие се: одговорноста и огреововеноста.

Разликите се:
- свештениците имаат светотаинска власт, а верниците не.
- свештениците имаат власт да отпуштаат гревови, а вернициите не.
- свештениците ја делат Божјата благодат врз верниците, а верниците не можат да ја стекнат сами од себе.
- свештениците се должни да го чуваат неизменето учењето Христово и така да ги поучуваат верниците, а верниците се должни да бидат послушни на свештениците.
- свештениците ги допуштаат/благословуваат активностите од верниците а не обратно.

Има и други, но овие се по битните.

И конечно, и свештениците и верниците се дел од иста заедница/Црква и незамисливо е да постојат едни без други, туку само взаемно.
 
Ај едно мое размислување...
Господ вели да не славиш никој друг освен него, дека тој е единствен кој треба да се слави.
Е сега традиција во праволсавието (посебно на Балканот), се куќните слави...Зошто се слави некој светец кога господ забранува да се слави некој друг освен него?
 
А точно ли е тоа дека за да бидеш свештеник/поп треба најпрвин да имаш вујко владика?
 
Зашо коа завршат поповите школо, прво треба да се оженат па после можело да се стане поп? Овоа вистина ли е или мит? :)
 
А точно ли е тоа дека за да бидеш свештеник/поп треба најпрвин да имаш вујко владика?

Штом ти велиш, мора да е точно.[DOUBLEPOST=1476008525][/DOUBLEPOST]
Ај едно мое размислување...
Господ вели да не славиш никој друг освен него, дека тој е единствен кој треба да се слави.
Е сега традиција во праволсавието (посебно на Балканот), се куќните слави...Зошто се слави некој светец кога господ забранува да се слави некој друг освен него?

Наведи, каде Бог забранил да се слават други нешта, освен Него?

Куќните слави се повеќе својствени за србите, колку ми е познато. Ако верните слават некој од Светиите, тоа не е проблем, туку оддавање чест на ликот од светителот, а воедно, изразување заедништво со Светитиите, упокоени во Бога, како и создавање на традиција за колективно сеќавање за настани и личности во и од Црквата.
 
Последно уредено:
"А точно ли е тоа дека за да бидеш свештеник/поп треба најпрвин да имаш вујко владика?"

Штом ти велиш, мора да е точно.[DOUBLEPOST=1476008525][/DOUBLEPOST]

Не велам јас така, народот вели така, и тоа со години и години наназад, толку многу години што тоа се сторило и народна поговорка “ако имаш вујко владика и поп ке се сториш“

па те прашувам дали навистина е така?
 
Не велам јас така, народот вели така, и тоа со години и години наназад,

За среќа, народот никој и ништо не го прашуива, а он може да си каже што сака.
Просторијата е една од колективните одлики на нашиот народ.[DOUBLEPOST=1476095620][/DOUBLEPOST]
па те прашувам дали навистина е така?

Веќе ти одговорив.
 
„Бегај, Сатано!“ (Матеј 4:8-10)

Бегај! :)

„И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?„„. Марко, 3.33.

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom