Принципот на верата е повеќе од јасен, само што мачкањето одоколу не помага веќе... тоа е тоа.
Неточно во однос на верувањето. Едно е да веруваш во богот друго е да знаеш дека постои тој бог и сето врзано со него!
Јас се сомневам во моето знаење и моите сетила кои можат многу лесно да бидат излажани со малку ракија (мислам, луѓе сме, кој будала би се потпирал на сетилата?) и затоа и постојано го „набљудувам“ моето знаење и го менувам и така бесконечно
Замисли православен поп налеан со ракија и вино колку ли е тој во контакт со богот... со реалноста не е секако!
Не сум јас христијанин, не забораваај...
Како рекле светите отци некогаш, така е и денес кај тебе! Никој не разменил ни два збора со еврејскиот бог! Ниту пак со тој интересен лик Исус, наречен спасител од некои... немате никаква слобода затоа и не сте богови бидејќи верувањето во текстовите од евреите кои по се изгледа не ги разбраа ниту тогашните секти ниту пак вие, ви е големата препрека кон спознанието.
Не знаете ниту како ниту зошто ниту кога да бидете во однос со богот! Затоа „познавањето со личниот Бог“ го сметам за обична измислица и лага на таа твоја црква која сведочи за искривеното еврејско учење! Да не ја лажеме јавноста, да не претеруваме!
Можеби луѓето од манастирите подобро контактираат со богот за разлика од дипломираните попови или пак простодушниот верник... не знам, тоа е интересно да се разгледа!
Само луд човек може да биде задоволен на Земјата! Зарем не си тука да надминуваш постојано? НА било кој план?
Или вера тебе ти е доволно за да си тет-а-тет со „личниот ти бог“?
Како христијанин ти си задоволен со својата вера да се надеваш дека за тебе постои спасител кој што е мртов, но ќе дојде?
П.С. Ти си слободен. Биди што ти е волја... но немој преку вера! Немој со такви убедувања... или ова е „бранење на верата“?