kralot
Вистина!!
- Член од
- 9 април 2008
- Мислења
- 466
- Поени од реакции
- 72
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Чорбаџи, вие ги прифаќате вселенските собири како валидни и не корумпирани?
Чорбаџи, вие ги прифаќате вселенските собири како валидни и не корумпирани?
Зависи што подразбираш под „валидност“ и „не корумпираност“. Сигурно не веруваме дека одлуките што се донеле таму се на исто рамниште како и Божјиот Збор - Светото Писмо, дека се Боговдахновени или сл.
Пред да се роди Исус, каква беше неговата улога во Тројството?
Додека Исус бил на земјата, додека спиел, додека бил распнат на крстот, додека бил на земјава и бил како обичен човек, нели целиот свет и целиот универзум, ангелите, рајот, пеколот, неговиот престол, се функционирало, а кој го контролирал сето тоа??
.
Добро тоа го разбирам доколку добијам одговор на погоре наведеното и доколку сето тоа се вклопи.
и можеби на оној кој ми го објаснува, па не ми го објаснил добро.
Христос, Синот Божји Единороден, роден Е од Отецот, на Небесата, во вечноста, без мајка, наследувајќи ја од Отецот својата Божествена природа.
Христос, Синот Божји Единороден, роден Е на Земјава, и како човек, без биолошки татко, во реално и историско време, наследувајќи ја од мајка Си (Богородица) и својата човечка природа.
Пред да се роди во човеково тело, Синот Божји бил/Е/ќе биде во неразделна заедница со Отецот и со Духот Свет, во непрекидно промислување за Светот и за животот.
Улогата од Синот на Небесата била: да ја реализира намерата од Бога Отецот, што и се случило, во процесот од создавањето на се‘ видливо и невидливо.
Улогата од Синот Божји на Земјава, била: да дојде, да не‘ повика на спасение и да ги земе и прости сите човечки гревови, од сите луѓе, од сите времиња.
--- надополнето: 10 септември 2013 во 01:26 ---
Сето тоа го контролира Света Троица-Отецот и Синот и Светиот Дух.
Исус (Синот) бил распнат телесно, со својата човекова природа и тело, но не и со својата Божествена страна
--- надополнето: 10 септември 2013 во 01:27 ---
Биди појасен: што да се вклопи, во што да се вклопи?...
--- надополнето: 10 септември 2013 во 01:28 ---
Еве, за почеток, заборави дека Бог Е осамен, ккао математичка единица, иако сум убеден дека тоа заборавање тешко ќе Ти оди....
Значи е роден, сепак не е одсекогаш и засекогаш, а кога е роден од бога??
пред созданието на светот или??
Христос, Синот Божји Единороден, роден Е од Отецот, на Небесата, во вечноста, без мајка, наследувајќи ја од Отецот својата Божествена природа.
Христос, Синот Божји Единороден, роден Е на Земјава, и како човек, без биолошки татко, во реално и историско време, наследувајќи ја од мајка Си (Богородица) и својата човечка природа.
Пред да се роди во човеково тело, Синот Божји бил/Е/ќе биде во неразделна заедница со Отецот и со Духот Свет, во непрекидно промислување за Светот и за животот.
Улогата од Синот на Небесата била: да ја реализира намерата од Бога Отецот, што и се случило, во процесот од создавањето на се‘ видливо и невидливо.
Улогата од Синот Божји на Земјава, била: да дојде, да не‘ повика на спасение и да ги земе и прости сите човечки гревови, од сите луѓе, од сите времиња.
Тешка филозофија човече.Било како било, сепак ти благодарам на одговорот.
Синот Божји Е роден од Отецот во вечноста, значи, Он Е роден во „место„ во кое не постои поимот „време„.
Да, Синот Е роден од Отецот, што значи дека Синот има почеток во своето постоење, односно Синот има има почеток во Отецот. Синот Божји Е роден за да постои засекогаш.
--- надополнето: 10 септември 2013 во 09:06 ---
Синот Божји Е роден пред да постои било што, па и Светов. Практично. Синот Е Творец на Светов, согласно промислата од Отецот.
Значи промислата Божја била, ќе го сторам синот, па он нека работи и нека ствара потоа а јас само ќе му ги кажувам промислите па он нека се мачи, така ли??
А зашто тогаш имал бог потреба од Ангели?? зашто ги створил Ангелите??
Или овие ги створил синот, па за они него да му служат, да ги прават неговите промисли, или??
Грубо кажано-да, така би било, отприлика...
--- надополнето: 12 септември 2013 во 10:03 ---
Ангелите се Божјите гласници/весници, кои го пренесуваат она кое Бог сака да им го каже (на луѓето).
--- надополнето: 12 септември 2013 во 10:04 ---
Секако дека и Ангелите се створени од Синот, оти преку Синот, се‘ настанало...
После сето ова што ти го пишуваш, јас се прашувам, Каде е логиката во Монотеизмот за кој зборуваат Христијаните!!
Еве ја и логиката: Бог Е Еден во својата Божествена природа, но не Е сам, туку „содржи„ три ликови: Бог Отец, Бог Син и Бог Свет Дух, кои се неразделни, а таа неразделност ги чини единствени.
Отецот и Синот и Светиот Дух се Богови, а таа Божественост им е заеднички атрибут, додека како засебни ликови, имаат свои непреносливи атрибути.
Еве во твоите зборови доказ дека се повеќе Богови!! што значи нема простор за монотеизам, да оставиме оние кои го читаат ова да си одлучат и да си заклучат, секој со своја глава!!