Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не спорам дека се „повеќе„ Богови: да, тоа се три Бога, кои се наоѓаат во неразделна заедница и кои делуваат складно како да се работи за еден Бог, а не за три одвоени Богови. Ако тие 3 Богови: Отецот и Синот и Духот би постоеле и би делувале независно еден од друг, во тој случај и би можеле да зборуваме за политеистичка религија. Вака, додека трите ликови Божји се во неразделна заедница и додека делуваат складно, можеме да зборуваме за Троедин и личносен Бог.

Се прашувам дали Исус на ваков начин го проповедаше христијанството?
 
Не, го проповедаше на поинаков начин.
Посочи ни‘ кој е тој начин...
 
Не, го проповедаше на поинаков начин.
Посочи ни‘ кој е тој начин...

Ај да не го нарушувам редот на темава ( мојата улога е да поставувам прашања, а твојата да одговараш), онака патем ќе спомнам дека Исус зборуваше за еден, уникатен Бог, не спомнуваше никакви ипостаси и Тројствени трансформерски акробации, на одговорите одговараше понизно и секогаш го спомнуваше Поголемиот од Него, Кој го испратил до изгубените овци Израелеви.....итн.
 
Господ Исус Христос дојде како Месија во името на Отецот и така и проповедаше дека е синот Божји дека е дел од Светото Тројство,дека има и ќе има власт над се видливо и невидливо и ќе суди на живите и мртвите и неговото царство не ќе има крај.

Така да, "ДА" така проповедал како што ти нагласи МИКИ1.

Позз.
 
Бујрум достави ми цитат каде што Исус дословно вели дека е дел од Светото Тројство?
 
„...Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името од Отецот и Синот и Светиот Дух...„

Матеј, 28:19.
 
Но ова е раскажување на матеј бе пријателе, токму тука е проблемот!!

Впрочем, Писмен бил Исус?? Знаел да пишува и чита??
 
Немет никаков проблем бе пријателе: Светото Писмо е пишувано од смртни луѓе, а Господ Исус Христос не оставил за себе никаков запис, оти Неговата улога не ни била да биде запишувач, туку да биде повикувач и Спасител.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 15:48 ---

Не знам, стварно...:unsure:
 
Јас не верувам во тие смртници кои си препишале што запомниле, што виделе, што слушнале, што сониле, верувам во она што ми е кажано, Во книгата која е пратена Директно до Иса А.С. дај ми цитат од неа, па да ти верувам, али не си ја зачувал, ти исчезнала, како да верувам на друг кој можеби и никогаш не го видел исус??
 
Едноставно бе пријатељу: верата подразбира и доверба во други луѓе, а не само доверба во самиот себе или доверба само во Бога....

Така, јас имам доверба во она кое го пишуваат членовите во Црквата дури иако не сум ги ни видел ни слушнал.
 
Дури и оние за време на инквизиција??
 
Бујрум достави ми цитат каде што Исус дословно вели дека е дел од Светото Тројство?

(Lk 10,21–22)

Se mi e predadeno od Mojot Otec i
nikoj ne Go poznava Sinot, osven Otecot;
nitu Otecot Go poznava nekoj osven
Sinot, i komu {to saka Sinot da Go
otkrie.

(Mt 3,13-17; Mr 1,9-11)

i Svetiot Duh sleze na Nego vo telesen
oblik, kako gulab, i se slu{na
glas od neboto, koj vele{e: Ti si
Mojot vozquben Sin, Koj e po Mojata

volja.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 16:33 ---
Јас не верувам во тие смртници кои си препишале што запомниле, што виделе, што слушнале, што сониле, верувам во она што ми е кажано, Во книгата која е пратена Директно до Иса А.С. дај ми цитат од неа, па да ти верувам, али не си ја зачувал, ти исчезнала, како да верувам на друг кој можеби и никогаш не го видел исус??

Тие повеќето биле не'писмени не знаеле ни да читаат ниту да пишуваат.

Истите тврдат дека Светиот Дух слегол врз нив и го напишале евангелието не само што го напишале туку почнале да говорат и на различни јазици.
 
mountain i Мiki1, прашањето беше каде Исус рекол дека е дел од Тројството, во стилот: " Јас сум Исус, едниот ипостас од Тројството, и дојдов да ви проповедам за Бога и да ви кажам дека тој е еден во три или три во еден, нешто како нес кафето кое многу столетија после мене ќе им дозволам на луѓето да го измислат и пијат"....итн.?;)
 
Јован 10
30 Јас и Татко Ми едно сме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom