Прашање за Христијанството III

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Погоре можеш да видиш дека ти пишав разговорот со муслиман е како разговор со глув и нем.зборови од кој имате потполно различни сваќања.
Имено во библијата исто пишува не им го давајте светото на свињите за да не го погазат и извалкаат,гледам сега во моментов како се остварува тоа!


Фала на комплимент.(y) Ова доволно говори за каква личност се работи! :(

А ова е пример како се однесува човек кога немаш аргументи за нејаснотијата и немаш одговор кој ќе ја објасни ситуацијата!
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
436
Поени од реакции
65
Да оставиме настрана овие муабети,Кралот не можеш за Иса а.с. овде да се разбереш.
мене следново ме интересира.
Што вели библијата за дева марија??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Што вели библијата за дева марија??

Библијата го вели следново за блажената Марија:

1. Таа го родила Исус.
2. Таа му била жена/сопруга на Јосиф.
3. Таа немала односи до раѓањето на Исус, значи го родила девствено. Затоа се нарекува дева.
4. Ангелот Габриел ја нарекува „блажена“ и „благословена меѓу жените“.
5. Во делата на апостолите (Дела 1:14, Библијата) читаме дека и таа (заедно со Исусовите браќа) се приклучила меѓу Христовите ученици.
6. Исус никаде не ја воздигнувал заради нејзиното телесно сродство со Него. Впрочем никаде во евангелијата Исус не и се обраќа со „мајко“, туку секаде и се обраќа со „жено“ - исто онака како што им се обраќал и на другите жени.
7. Таа е една од жените што стоеле пред Исусовиот крст.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Која била,што била итн итн. ?
По Божја промисла, Дева Марија е од Бога одбрана да Го роди Бога Словото-Христос, како најдостојна од жените за таков чин.
Дадена е на праведниот Јосиф, да му биде формална сопруга.
И‘ се јавува Архангелот Гаврил и го најавува зачнувањето Христово, со осенувањето од Духот Свет.
Безгрешно го зачнува Христа Бога и исто така Го раѓа.
Доделена му е на Св.Ап. Јован на догледување.

Богородица е застапничка на верните пред својот Син Единороден, по своите молитви.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 11:56 ---
Да оставиме настрана овие муабети,Кралот не можеш за Иса а.с. овде да се разбереш.
А со кого можеш да се разбереш? Со самиот себе? Со своите истомисленици?
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
По Божја промисла, Дева Марија е од Бога одбрана да Го роди Бога Словото-Христос, како најдостојна од жените за таков чин.
Дадена е на праведниот Јосиф, да му биде формална сопруга.
И‘ се јавува Архангелот Гаврил и го најавува зачнувањето Христово, со осенувањето од Духот Свет.
Безгрешно го зачнува Христа Бога и исто така Го раѓа.
Доделена му е на Св.Ап. Јован на догледување.

Богородица е застапничка на верните пред својот Син Единороден, по своите молитви.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 11:56 ---


А со кого можеш да се разбереш? Со самиот себе? Со своите истомисленици?


Црвеново повторно ме буни, ако бог е роден во тој миг, кој бил богот на Соломон, Мојсие, Ное, Аврам, и на Адам??

Кој го створил светот милиони години пред тоа??

друго е кога сваќам што сакаш да кажеш, али не го прифаќам, а друго е кога не можам да сватам поради нејаснотиите и бркотниците.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Црвеново повторно ме буни, ако бог е роден во тој миг, кој бил богот на Соломон, Мојсие, Ное, Аврам, и на Адам??
.
По Божјата промисла, Богородица Го роди Христа Бога. Тоа што Христос Е роден во човеково тело, не значи дека Христос не постоел пред да биде роден во тело, туку значи дека Христос постоел и претходно, на Небесата, во својата Божествена природа.

Така, Бог Отецот промислува дека Бог Синот (Христос) треба да се роди во овој Свет а при тоа раѓање да земе на себе човечко тело. Бог Син ја следи промислата од Отецот и доаѓа во овој Свет во човеково тело, преку раѓањето од Богородица, а за да не‘ спаси и повика на покајание.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 15:57 ---
Кој го створил светот милиони години пред тоа??
Не знам кои се тие милиони години, но Светов е створен од истиот Бог (Христос) кој стана и човек, покрај својата постоечка Божественост.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 15:58 ---
друго е кога сваќам што сакаш да кажеш, али не го прифаќам, а друго е кога не можам да сватам поради нејаснотиите и бркотниците.
Тоа што не можеш да сватиш, тоа е само Твој проблем, нели?...
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
По Божјата промисла, Богородица Го роди Христа Бога. Тоа што Христос Е роден во човеково тело, не значи дека Христос не постоел пред да биде роден во тело, туку значи дека Христос постоел и претходно, на Небесата, во својата Божествена природа.

Така, Бог Отецот промислува дека Бог Синот (Христос) треба да се роди во овој Свет а при тоа раѓање да земе на себе човечко тело. Бог Син ја следи промислата од Отецот и доаѓа во овој Свет во човеково тело, преку раѓањето од Богородица, а за да не‘ спаси и повика на покајание.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 15:57 ---
Мојсие(Муса А.С.) бил познат помеѓу Божјите Пратеници, по тоа што директно разговарал со Бог.

Еден ден Мојсие(Муса А.С) му поставил едно многу едноставно прашање на Бог, а тоа билоо следното:

О семоќен господару на се што постои, се е во твои раце, дали ти некогаш спиеш, дали имаш потреба од сон?

О Муса (Мојсие) земи две стомни, наполни ги со вода и држи ги во раце, Му рекол Бог,

Муса (Мојсие) земал две стомни, ги наполнил со вода и ги држел, ги држел долго вре, 10-15 - 20 часа, после 20 часа за миг здремнал, стумните му паднале од рака и се расцепкале на парчиња на земја, тогаш бог му рекол на Муса (Мојсие),

Што се случи о Муса?

Заспав рекол он.

И??

Стомните ми паднаа и се скршија.

А што би се случило со се што постои доколку јас задремам??

рекол бог.


Додека Исус бил на земјата, додека спиел, додека бил распнат на крстот, додека бил на земјава и бил како обичен човек, нели целиот свет и целиот универзум, ангелите, рајот, пеколот, неговиот престол, се функционирало, а кој го контролирал сето тоа??




Не знам кои се тие милиони години, но Светов е створен од истиот Бог (Христос) кој стана и човек, покрај својата постоечка Божественост.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 15:58 ---

Добро тоа го разбирам доколку добијам одговор на погоре наведеното и доколку сето тоа се вклопи.

Тоа што не можеш да сватиш, тоа е само Твој проблем, нели?...


и можеби на оној кој ми го објаснува, па не ми го објаснил добро.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
kralot , не мешај Куран и Библија, ислам и христијанство. Тоа се две различни работи.. Ако имаш некое прашање за христијанството, постави го, а не Курански ајети да ни цитираш тука

Додека Исус бил на земјата, додека спиел, додека бил распнат на крстот, додека бил на земјава и бил како обичен човек, нели целиот свет и целиот универзум, ангелите, рајот, пеколот, неговиот престол, се функционирало, а кој го контролирал сето тоа??

Бог Таткото.
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
kralot , не мешај Куран и Библија, ислам и христијанство. Тоа се две различни работи.. Ако имаш некое прашање за христијанството, постави го, а не Курански ајети да ни цитираш тука




Бог Таткото.

Значи он е друг, бил на небесата додека исус бил на земјата така??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom