Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Малку си контрадикторен тука, бидејќи прво велиш дека ако појавата ни предизвикува страв, тоа значи дека е измама од нечестивиот, а потоа велиш дека кога ангелите им се објавувале на (достојните) поединци тие го смирувале со зборовите „Не плашете се...“ што алудира на тоа дека кај нив појавата сепак предизвикала страв. Епа сега реши се, дали Божјата/ангелската појава предизвикува или не предизвикува страв? :)

Чорба,

некако не ме занимаат Твоите алузии на „ова„ или на „она„, а ако продолжиш да ги читаш моите постови, сигурен сум дека ќе им најдеш и некоја граматичка грешка...

Но, како што миљон пати имам напишано, така пишувам и сега: најсилниот доказ за вистинитоста од вероисповеста е токму духовниот опит, оној личниот а и колективниот, во облик од запис од Црквата, а не затоа што „...така пишува во Библијата...„

Дури и луѓето кои се достојни да видат бел ангел за прв пат, сигурно е дека ќе се уплашат, оти таквото „видение„ не е баш секојдневна појава. Стекнатото искуство од можноста за гледање ангели, создава искуство во личниот духовен опит и во личната способност за разликвање и испитување на тие „виденија„. Така, манастирските старци-духовници, согласно својот духовен опит, со леснотија ги разликуваат духовите и со леснотија расудуваат дали некој од понеискусните монаси западнал во демонска прелест. Кога старецот го разпознава духот кој му се појавил, старецот не вади Свето Писмо од под мишка и не бара „...библиски цитат...„ со кој (цитат) ќе одреди дали видението е ангел Господов или е демон, туку неговото лично сознание му вели на старецот „кој е кој„...
 
Но, како што миљон пати имам напишано, така пишувам и сега: најсилниот доказ за вистинитоста од вероисповеста е токму духовниот опит, оној личниот а и колективниот, во облик од запис од Црквата, а не затоа што „...така пишува во Библијата...„

Ова со ткн. „духовниот опит“ ти е како џокер од ракав што го вадиш. Прво проба нешто чувства, стравови ово оно, па виде небива, се сплетка во контрадикторности, и ај сеа џокерот „абе батали тоа што претходно кажав, уствари најбоље е со духовен опит“ :)

Дури и луѓето кои се достојни да видат бел ангел за прв пат, сигурно е дека ќе се уплашат, оти таквото „видение„ не е баш секојдневна појава. Стекнатото искуство од можноста за гледање ангели, создава искуство во личниот духовен опит и во личната способност за разликвање и испитување на тие „виденија„.

Сепак за се има прв пат, па и за објави од ангели. Искусниот велиш има искуство и по искуство ќе одреди дали ангелот е ангел или демон преправен у ангел, но спеак и за него имало прв пат и шо ако баш тој прв пат не проценил добро со опитот негов? Што ако тој демон добро го изиграл и сега тој за сите следни мисли дека се ангели, а тоа уствари серија демони го мајтапат поштено онака? :)

Шала на страна, Светото Писмо учи нешто сосема поинаку. Таму се вели дека:
самиот сатана се преправа во ангел на светлината“ (2 Коринтјаните 11:14, Библијата)

Зошто се преправа? Се разбира, за да ги прелажува луѓето кои што мислат дека ангели им се објавуваат или светци или духови на починати дедовци баби.

Кога старецот го разпознава духот кој му се појавил, старецот не вади Свето Писмо од под мишка и не бара „...библиски цитат...„ со кој (цитат) ќе одреди дали видението е ангел Господов или е демон, туку неговото лично сознание му вели на старецот „кој е кој„...

Можеби тој не вади, ама христијаните прават нешто слично. Еве што вели светиот апостол Павле:

„Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!“ (Галатјаните 1:8, Библијата)

Може ли ангел од небото да проповеда друго евангелие? Се разбира дека не, небесните ангели се во служба на Бог и зборуваат она што Бог ќе им нареди да пренесат. Тука Павле мисли на демоните, но сепак тој не вели „демон“, затоа што е свесен дека демоните можат да се преправаат како ангели на светлината со цел да ги измамат луѓето и Павле е свесен дека верниците тоа не можат да го забележат (затоа што лукавиот е полукав од луѓето) и затоа им вели да се држат цврство до првичното евангелие и да не прифаќаат дополнителни различни објави.

Затоа е важно доколку некој христијанин има некаква објава, да ја провери таа објава со сигурниот Божји збор (Светото Писмо) и да види дали е во согласност со она што Бог го поучува, или пак се работи за некоја демонска лага, сон, халуцинација или сл. Доколку таа објава е во согласност со Светото Писмо, поттикнува кон поголема светост, кон поголема стравопочит и поголема љубов кон Бог и доколку е потврдена со некаков знак за примачот да биде сигурен дека не сонува или халуцинира, тогаш таа објава може да се земе како Божја објава
 
Ова со ткн. „духовниот опит“ ти е како џокер од ракав што го вадиш. Прво проба нешто чувства, стравови ово оно, па виде небива, се сплетка во контрадикторности, и ај сеа џокерот „абе батали тоа што претходно кажав, уствари најбоље е со духовен опит“ :)

Чорба,

ако нешто не разбираш, нели е полесно да кажеш дека не го разбираш, наместо мене да ми ја префрлаш вината?...:sneaky:
--- надополнето: 14 август 2013 во 15:23 ---
Сепак за се има прв пат, па и за објави од ангели. Искусниот велиш има искуство и по искуство ќе одреди дали ангелот е ангел или демон преправен у ангел, но спеак и за него имало прв пат и шо ако баш тој прв пат не проценил добро со опитот негов? Што ако тој демон добро го изиграл и сега тој за сите следни мисли дека се ангели, а тоа уствари серија демони го мајтапат поштено онака? :)

Шала на страна, Светото Писмо учи нешто сосема поинаку. Таму се вели дека:
самиот сатана се преправа во ангел на светлината“ (2 Коринтјаните 11:14, Библијата)

Зошто се преправа? Се разбира, за да ги прелажува луѓето кои што мислат дека ангели им се објавуваат или светци или духови на починати дедовци баби.

И сега Чорба, ако имаш пред себе ангел Господов а до него демон кој личи на ангел, како ќе ги препознаеш?
Ќе извадиш (бесплатен) примерок од Светото Писмо од под мишка, ќе им плеснеш неизбежен „библиски цитат„ у фаца на „виденијата„ и ќе им речеш: „....Ти си ангел Господов а ти си преправен ангел, оти така пишува во Библијата!...„.:pos:
--- надополнето: 14 август 2013 во 15:27 ---
Може ли ангел од небото да проповеда друго евангелие? Се разбира дека не, небесните ангели се во служба на Бог и зборуваат она што Бог ќе им нареди да пренесат. Тука Павле мисли на демоните, но сепак тој не вели „демон“, затоа што е свесен дека демоните можат да се преправаат како ангели на светлината со цел да ги измамат луѓето и Павле е свесен дека верниците тоа не можат да го забележат (затоа што лукавиот е полукав од луѓето) и затоа им вели да се држат цврство до првичното евангелие и да не прифаќаат дополнителни различни објави.

Аааа, знаеш што мислел Павле а знаеш и за што бил свесен Павле....Алал да Ти е бе Чорба, све си знаеш!...
Сам прашал-сам одговорил! :D
 
Затоа е важно доколку некој христијанин има некаква објава, да ја провери таа објава со сигурниот Божји збор (Светото Писмо) и да види дали е во согласност со она што Бог го поучува, или пак се работи за некоја демонска лага, сон, халуцинација или сл. Доколку таа објава е во согласност со Светото Писмо, поттикнува кон поголема светост, кон поголема стравопочит и поголема љубов кон Бог и доколку е потврдена со некаков знак за примачот да биде сигурен дека не сонува или халуцинира, тогаш таа објава може да се земе како Божја објава

Чорба, ај кажи ми:

- што читаа рисјаните од 33-тата до 40-тата г. од н.е.?
- што читаа рисјаните од 40-тата до 100-тата г. од н.е.?
- што читаа рисјаните од 100-тата до 692-та г. од н.е..?
- колку од раните рисјани биле писмени и способни за самостојно читање на Писмото?

По Твоево мудрување, ќе излезе дека ама баш сите рисјани, од кога постојат, се писмени, имаат свој примерок од Светото Писмо, кое можеле или можат да го читаат и око да не им трепне ако нешто погрешно разберат! Така?..
 
Зошто ангелите имаат крилја ?

Можат да се материјализираат и со крилја и без крилја (како обични луѓе што нема да препознаеш дека се ангели). И такви и такви примери има во Библијата.
 
Зборам за овие со крилја ?
 
Можат да се материјализираат и со крилја и без крилја (како обични луѓе што нема да препознаеш дека се ангели). И такви и такви примери има во Библијата.

Чорба полека!
Како може да се материјализира ангел Господов, кој по својата природа е дух/пнеума? o_O
 
Која е работата на ангелот и како му се исплатува сето тоа ?
 
Самиот израз „ангел„ значи „весник-оној кој пренесува вест„, односно абер Божји до некој смртник. Воедно, ангелите Му служат на Бога, Го слават Бога непрекидно, секој во својата хиерархиска небесна поставеност.

Ангелите, бидејќи по природа се нематеријални.духовни битија, не подлежат на физичките закони од створениов материјален Свет: не се уморуваат, не спијат, не се хранат, не стареат...Материјалниов Свет за нив не е физичка пречка.
 
Самиот израз „ангел„ значи „весник-оној кој пренесува вест„, односно абер Божји до некој смртник.

Ангелите, бидејќи по природа се нематеријални.духовно битија, не подлежат на физичките закони од створениов материјален Свет: не се уморуваат, не спијат, не се хранат, не стареат...
На кого ги пренесуваат вестите ? Зошто да има индивидуалци кога сите сме луѓе ,ако нив ги праќа бог (А БОГ ГИ САКА СИТЕ ЛУЃЕ ПОДЕДНАКВО ) зашто има идивидуалци кои ги примаат вестите ,зашто едноставно да не си отвори телевизија или некој web портал па сите да ги читаме нели сите сме исти (или сепак има некоја поделба и кај бог ? )
 
Кога Бог сака на некој смртник да му пренесе абер, тогаш тој абер „иде„ посредно, преку ангел-весник, а смртникот кој треба да го прими аберот, треба да биде достоен за да го прими аберот, кој (абер) не случајно му е упатен на смртникот од Бога.

Према томе, не сме сите исти: не сме сите достојни за да примиме нешто од Бога, но она кое достојниот го прима, може да им го пренесе и на недостојните.
 
Оти на Груевски Бог не му пренел решение за спорот со името ?
 
Која е работата на ангелот и како му се исплатува сето тоа ?

Во Библијата се опишани повеќе функции на ангелите. Зборот „ангел“ буквално значи „гласник/вестител“ и тој пренесува Божја порака. Потоа во Библијата гледаме и како Божји ангели уништувале и цели градови (ангелско воинство), има и такви што лекувале. Се спомнуваат и херувими и серафими околу Божјиот престол со некакви задолженија околу славата Божја итн.

Им се исплатува преку трансакциска сметка :) Се шалам, тоа не е опишано во Библијата.
--- надополнето: 14 август 2013 во 17:37 ---
Чорба полека!
Како може да се материјализира ангел Господов, кој по својата природа е дух/пнеума? o_O

Дали може духот да јаде леб?
 
Кога Бог сака на некој смртник да му пренесе абер, тогаш тој абер „иде„ посредно, преку ангел-весник, а смртникот кој треба да го прими аберот, треба да биде достоен за да го прими аберот, кој (абер) не случајно му е упатен на смртникот од Бога.

Према томе, не сме сите исти: не сме сите достојни за да примиме нешто од Бога, но она кое достојниот го прима, може да им го пренесе и на недостојните.
Тука ќе се роди завист помеѓу луѓето за нееднаквоста на бога ,има некој критериум што се исполнува за да добиеш абер ? Никогаш и никаде не сум прочитал критериуми за да ти се јави бог .
--- надополнето: 14 август 2013 во 18:23 ---
Во Библијата се опишани повеќе функции на ангелите. Зборот „ангел“ буквално значи „гласник/вестител“ и тој пренесува Божја порака. Потоа во Библијата гледаме и како Божји ангели уништувале и цели градови (ангелско воинство), има и такви што лекувале. Се спомнуваат и херувими и серафими околу Божјиот престол со некакви задолженија околу славата Божја итн.

Им се исплатува преку трансакциска сметка :) Се шалам, тоа не е опишано во Библијата.
--- надополнето: 14 август 2013 во 17:37 ---

Дали може духот да јаде леб?
Мене не ми е јасно што ќе им се крилја кога мики ги гледа со НЛО се возат или за овие нема НЛО па мора да летаат ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom