Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Ти, што ќе ни‘ кажеш? Дека блудницата е римската Црква, така?...А ѕверот е самиот ѓавол, така?
Не, нема тоа да го кажам. А ти мислиш дека е така како што кажа сега?
И не се навратувај на моето мислење... сега јас сум тој што ПРАШУВА.
 
Не, нема тоа да го кажам. А ти мислиш дека е така како што кажа сега?
.

Не, не мислам дека е така, туку сакам да ја покажам лесната предвидливост на начниот на кој протестантите го толкуваат Писмото, поконкретно Отрковението. Наведените зборови од моја страна, го посочија начинот на кој адвентистите го толкуваат Откровението, а не би се зачудил ако некоја друга секта „позајмила„ нешто од нивното толкување а го прифатила за свое.

Тоа што не си бил задоволен од толкувањето кое Ти беше посочено, тоа е од многу проста причина: православните толкувачи го толкуваат Отрковението само онолку колку им допушта нивната моќ и само онолку колку сам Бог им го отркрива значењето на записите од Отрковението-просто и едноставно, нели?

За разлика од православните толкувачи, кои јасно велат колку и што можат, а велат и тоа дека точното толкување на Откровението ќе го имаат (знаат!) само луѓето од последните времиња кои напросто ќе ги гледаат настаните од Отрковението со своите родени очи, ние Ве имаме Вас, се‘знајните протестанти, кои толкувате нешта кои не можете ниту да ги отфантазирате а камо ли да стоите црврсто зад тие толкувања, па ајде сега, повели, дај кажи ни‘ го „точното„ толкување на наведените стихови, оти станувам нетрпелив и ме копка како тоа толкување Ти ќе го сториш, но и да ни‘ кажеш од каде знаеш дека е тому така а не и поинаку....
 
http://kajgana.com/ateistite-se-pointeligentni-od-vernicite Еве научна потврда дека религиозноста затупавува.

Епа морам да одговорам како христијанин....
Извадок од веста што ја понуди...
„Професорите кои работеа на истражувањето ја дефинираат интелигенцијата како „способност за резонирање, планирање, решавање проблеми, размислување апстрактно, разбирање на сложени идеи, брзо учење и учење од искуството“. Всушност тие со ова ја дефинираат како што велат аналитичката интелигенција.“

Поголем дел од религиозните школи работат токму на интелигенцијата (свеста) кај човекот.
Поради ова мислам дека си во голема грешка со оваа вест....напротив, обратен ефект има.

Еве го и крајот од веста:
„Тоа и им се префрла како недостаток на истражувањето, бидејќи во предвид не ја зеле емотивната и креативната интелигенција, а некои сметаат дека нивното истражување не може да се земе како репрезентативен примерок бидејќи опфаќа само испитаници од Канада, САД и В.Британија.“

Продожи да даваш вакви информации, во чија корист, секој сам нека си одлучи.
 
Зошто црквата го порекнува постоењето на вонземјани ,НЛО,друга интелегента раса некаде во универзумот и не ги признава ?
 
Зошто црквата го порекнува постоењето на вонземјани ,НЛО,друга интелегента раса некаде во универзумот и не ги признава ?

Не ги порекнува, туку ги разобличува.

2usa4gm.png

osuc02.png

whbbm0.png

mokci.png

spykb9.png

noae02.png

2l2fbq.png

SVEŠTENIK RODION PETROGRADSKI
LjUDI I DEMONI

http://www.prijateljbozji.com/shared/media/books/24/pdf-serb.pdf
 
Зошто црквата го порекнува постоењето на вонземјани ,НЛО,друга интелегента раса некаде во универзумот и не ги признава ?

Не е вистина дека црквата порекнува постоење на вонземјани и друга интелегентна раса некаде во универзумот. Можеби некои локални цркви така си тврдат (сами од себе, тоа се нивни лични гледишта), но Христовата Црква воопшто не го негира вонземскиот живот.
 
едитирано од модератор. (мкд & eng)
 
Не е вистина дека црквата порекнува постоење на вонземјани и друга интелегентна раса некаде во универзумот. Можеби некои локални цркви така си тврдат (сами од себе, тоа се нивни лични гледишта), но Христовата Црква воопшто не го негира вонземскиот живот.
Пред некое време прочитав НАСА направила некаков прилог во кој црквата го негирала постоењето на вонземскиот живот , не сум слушнал до сега да го одобрувале.
 
Пред некое време прочитав НАСА направила некаков прилог во кој црквата го негирала постоењето на вонземскиот живот , не сум слушнал до сега да го одобрувале.

А која црква го негирала? Католичката? Некоја од протестантските цркви? СПЦ? МПЦ? БПЦ? ГПЦ? РПЦ? итн.
Оние цркви кои се држат до Библијата како единствена Боговдахновена објава, не го негираат постоењето на вонземски живот. Може некој верник да си има личен став во смисла „Јас мислам дека не постојат вонземјани“, друг да вели „Можеби постојат таму некаде далеку“ или сл. Но никој не може да рече „Бог преку Библијата ни објави дека сме сами и единствени во Универзумот и дека нема создадено други суштества“ - од проста причина што такво нешто не пишува во Библијата.
 
Ова некоја приказна или ?

Имаш одговор на поставеното прашање: не е никаква приказна, туку паралела помеѓу начинот на кој се јавуваат демоните и начинот на кој се јавуваат „марсовците„ во реалното живеење, од која се гледа дека не се во прашање никакви „марсовци„ или било каква друга „вонземска интелигенција„, туку тоа се отпаднатите ангели, кои се‘уште ги лажат луѓето...
 
Католичка црква .

Не сум знаел дека паднатите ангели се возат во НЛО ,ова е добра информација btw.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom