MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Малку си контрадикторен тука, бидејќи прво велиш дека ако појавата ни предизвикува страв, тоа значи дека е измама од нечестивиот, а потоа велиш дека кога ангелите им се објавувале на (достојните) поединци тие го смирувале со зборовите „Не плашете се...“ што алудира на тоа дека кај нив појавата сепак предизвикала страв. Епа сега реши се, дали Божјата/ангелската појава предизвикува или не предизвикува страв?![]()
Чорба,
некако не ме занимаат Твоите алузии на „ова„ или на „она„, а ако продолжиш да ги читаш моите постови, сигурен сум дека ќе им најдеш и некоја граматичка грешка...
Но, како што миљон пати имам напишано, така пишувам и сега: најсилниот доказ за вистинитоста од вероисповеста е токму духовниот опит, оној личниот а и колективниот, во облик од запис од Црквата, а не затоа што „...така пишува во Библијата...„
Дури и луѓето кои се достојни да видат бел ангел за прв пат, сигурно е дека ќе се уплашат, оти таквото „видение„ не е баш секојдневна појава. Стекнатото искуство од можноста за гледање ангели, создава искуство во личниот духовен опит и во личната способност за разликвање и испитување на тие „виденија„. Така, манастирските старци-духовници, согласно својот духовен опит, со леснотија ги разликуваат духовите и со леснотија расудуваат дали некој од понеискусните монаси западнал во демонска прелест. Кога старецот го разпознава духот кој му се појавил, старецот не вади Свето Писмо од под мишка и не бара „...библиски цитат...„ со кој (цитат) ќе одреди дали видението е ангел Господов или е демон, туку неговото лично сознание му вели на старецот „кој е кој„...