А кој и што ме обрзува да одговорам?....
Верата те обврзува... нели сегде треба да го ширите „учењето“...

..или сакаш да забушаваш... немој ќе те казни оној горе...

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А кој и што ме обрзува да одговорам?....
Тоа е друже само кога им одговара изгледа.
Ајде да речеме јас сум бил простак. Ок е тоа. И жена ми исто ми вика али шо да и праам...
Него друго ми е муабетот. Нели таму има некоја заповед, ако некој те удри ти сврти му го и другиот образ, така да, ако јас сум прост тогаш он спрема неговата вера треба да биде уште по прост спрема мене... (бај д веј поголем дел он тие заповеди поштувам и се на место) ама дека ако некој ме удри ке му се свртам и на другата страна тоа тешко.
Или од друга страна гледано. Еве вика јас сум грешен, војник на сатаната а он на бога. Зошто тогаш се повлекуваш пред војникот на сатаната?? Нели треба да се бориш до крај, да победиш, конечно доброто да преовладее над злото, или во најмала рака да ми ја спасиш душата итн итн итн....
--- надополнето: 22 март 2013 во 22:41 ---
А сега имам уште едно прашање.
Доколку хипотетички, дојде војна помегу рајот и пеколот. Еве јас верувам во бог, али не верувам на попови, цркви, владици и сл. тракатанци.
Ме интересира во таа војна од која страна би ме зеле мене?
Тачно, те поддржувам.У право е жена ти
Целта на Исусовото учење, а тоа е, еднакви пред Бога, е многу моќно нешто, кое ни до ден денес не може да биде достигнато со овој ментален склоп на хомосапиенсот.
Тоа многу тешко. Во денешницава треба да си срекен ако брат со брат или сестра (или сите комбинации) се сакаат и не се вадат очи поради некој стан што им го оставиле и не моќат да го поделат, а не пак нештои друго.Моќна порака за обединување на човештвото да функционират сите како едно семејство, сите како браќа и сестри, бидејќи тоа е втората по ред чиста љубов, после онаа родителската
Не за џабе и Бог е творец на човекот и поставена релација Татко-Син, а не господар-покорен. Таткото се сака од срце, господарот не.
За жал тоа е така денеска. Мада покрај 1000-те златници ке ти треба и некоја врска (кај нас по можност партиска) али во некој случај и само со нив ке заршиш работа.Ама кој разбира-разбира, кој не па ќе си тера со мислиењето дека со 1000 златници ќе се откупи за силување, дека ако ти удрат шамар, ти требало да го свртиш другиот итн....
Кажи им го ова на тие како Мики.
]
Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата,туку меч.
Зошто дојдов да противставам син против татко,ќерка против мајка и снаа против свекрва.
Што значат овие зборови.
Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата,туку меч.
Зошто дојдов да противставам син против татко,ќерка против мајка и снаа против свекрва.
Што значат овие зборови.
Според Библијата, овој свет, заедно со своите филозофии, сфетогледи, вредности е под суптилна власт на Сатаната. Кога Христос дојде на Земјата, Тој го зачна Своето царство во рамките на царството на Сатаната. Тоа Царство почна набрзо да се шири и портите на пеколот не можат да го сопрат или надвладеат (Исус, ев. Матеј 16:18, Библијата)
Исус јасно кажа дека кој не е со Него, тој е против Него (Исус, ев. Матеј 12:30, Библијата) укажувајќи на тоа дека нема неутрална средина и дека кој не е од страната на Бог, тој/таа свесно или несвесно е на страната на сатаната, под силно влијание на неговите вредности и лажни филозофии и светогледи.
Затоа често се случува кога некој/а ќе стане христијанин, а луѓето од неговата фамилија не се христијани, најчесто доаѓа до спортиставување меѓу нив. Кај нас тоа спротиставување најчесто се карактеризира со тоа што луѓето од потесното семејство ќе му вршат притисок на новиот христијанин да престане да верува во тие работи, да престане да оди во црква, ќе го исмејаваат, ќе му се закануваат, а во некои случаи (особено кај понежниот пол) можни се и посилни закани, одземање на Библијата, затворање дома (за да не идат во црква). Муслиманите најчесто се откажуваат од личноста што ќе стане христијанин, има случаи каде што буквално таткото го брка синот од својата куќа, а во шерјатските земји постои и смртна казна за оној што ќе стане христијанин (фала Му на Бог што денес тоа поретко се реализира).
Ете на тој начин Христос ги разделува луѓето, па дури и во самите фамилии. Едноставно кој не е со Христос, тој е против Него, а тоа спротиставување може да земе разни облици: вербални, психички, физички, социјални притисоци и сл.
Наведените зборови имаат повеќеслојно значење, кое не е едноставно за искажување во 2-3 реченици. Накратко: Христос (напротив!) дојде да донесе мир, но не „мир„ во световна смисла, како што ни‘ го нудат овосветовните „миротоврци„, туку мир духовен; мечот Христов е учењето Христово, со кое Он ќе ги подели луѓето на оние кои се со Него и оние кои се против Него, а мечот, воедно, е и пресудата Христова кон праведните, односно неправедните; мечот ја симболизира и воинственоста од верните против гревот и против секое зло во Светов; учењето Христово, ако биде примено од поединци, ќе значи дека оние кои го примиле учењето, ќе станат одбивни за другите луѓе околу нив, а пред се‘, одбивни за најблиските роднини па токму затоа Христос и вели дека ќе раздвојат татко од син и мајка од ќерка.
Класично перење на мозок.
Воинственост?????
Како иначе ке се десеа крстоносните војни и инквизицијата.
.
Токму денешново „напредно„ време е идеално за перење умови. Разбира се, кој е свесен за тоа, може лесно да го увиди.
--- надополнето: 30 март 2013 во 22:14 ---
Против гревот и против злото...Разбира се, кој како ја разбира, така и ќе ја практикува воинстевноста..
--- надополнето: 30 март 2013 во 22:15 ---
Г-сн Фрањо, сигурен сум, може поубо да Ти ја објасни таа појава.
Исаија 45:7?Против гревот и против злото...Разбира се, кој како ја разбира, така и ќе ја практикува воинстевноста..
Добро е што ја увиде контрадикторноста на твојот пост.
.
И дека не проага у 21век такво размислување.