Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
“Не чекај промена, биди ти промената. Не може да има суштинска општествена промена – тоа по кое сите кукаат, без суштинска, духовна промена на поединецот – за почеток. Еве, има уште една недела до Голема Богородица, почни да постиш, исповедај се и причести се за празникот. Ослободи се од мисловните окови на неверието со кои те заробил демонот.“

- дедо Наум
 
Вреди да се прочита
„Луѓето не можат сами да се спасат; но за Бога се е можно. За Него нема ништо неможно, како што рекол Самиот наш Господ и Спасител Исус Христос: ,За луѓето тоа не е можно; но за Бога се е можно“ (Матеј 19, 26), и така ,да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме, и да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец; зашто Он е Бог наш“ (Псал. 94. 2, 6-7), зашто словото Негово преку пророкот Исаија вели: ,Ако останевте на местото и мирувавте, ќе се спасевте“ (Иса. 30, 15). И пак вели: ,Ете раката на Господа не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша. Но беззаконијата и гревовите ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша“ (Иса. 59,1-2). И уште вели: ,Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица. Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур како волна ќе станат бели. Ако Го барате и ако го послушате, ќе ги најдете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби, тоа го рече устата Господова“ (Иса. 1, 16-20). И преку пророкот Јоил Бог го вели истото: ,Обрнете се кон Мене од се срце со пост, план и ридание. Раскинете ги срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостнв и сожалува за зло“ (Јоил 2,12-13). И Преку пророкот Језекиил Бог велел: ,Сине човечки, кажи му на домот Израилов вие велите: ,Нашите престапи и нашите гревови се врз нас, и ние пропаѓаме во нив, како тогаш можеме да живееме“? Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се. вратете се од вашите лоши патишта; Зошто да умирате вие, доме Израилов?“ (Језек. 33,1О-11). Во Третата книга на царствата. во која е изложено изобилството на Божјата добрина, се зборува и за тоа како Ахав, кој бил во лозјето на Навутеја, кое го придобил преку убиството на Навутеј. потпомогнат од царицата Језавела, ги слушнал зборовите на пророкот Илија, кој рекол: ,Вака вели Господ: ,Ти си убил, и уште стапуваш во наследство!“ И кажи му: ,Вака вели Господ: ,На она место, каде што кучињата ја лижеа Навутеевата крв, кучињата ќе ја лижат и твојата крв.“ И за Језавела Господ рече: .,Кучињата ќе ја изедат Језавела зад Језреелските зидови“. Откако ги ислуша сите тие зборови, Ахав се умилкуваше прад Господа, одеше и плачеше, ја раскина облеката своја, го покри телото свое со вреќиште, постеше и спиеше во вреќиште и одеше нажален. И би слово Господово кон Илија Тесвитецот за Ахава. И Господ рече: ,Виде ли како се смири Ахав пред Мене? Затоа што се смири пред Мене, Јас нема да му испратам зло во неговите дни, туку во дните на синот негов ќе пратам зло врз неговиот дом“ (3. Цар. 21, 19, 23, 27-29). И пророкот Давид вели: ,Но јас го познав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: ,Ke ги исповедам на Господа моите престапи“, и Ти ми го прости гревот мој. Затоа секој праведник нека Ти се помоли навреме“ (Псал. 31, 5-6). Во Евангелието на нашиот Господ Исус Христос се вели: ,Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ (Матеј 4, 17), а кога светиот апостол Петар Го прашал: ,Господи, колкупати да My простам на брата си, кога ќе згреши против мене? Дали до седумпати?“ Господ, Кој е по природа добар и неискажливо милостив, му одговорил: ,Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум“ (Матеј 18, 21-22). Со што може да се спореди таквата добрина и милост? Со што можеме да ја споредиме ваквата човекољубивост?
Свети Максим Исповедник

(ДОБРОТОЉУБИЕ)

Дојди на Света Литургија
 
Ај ако некој учел, читал т.е се разбира во Христијанството нека ми појасни зошто Велигден е подвижен празник а не со фиксен датум како на пример Божиќ? На Божиќ го славиме раѓањето христово и сосем исправно тоа е фиксен датум, ако Исус се родил на 7 јануари неможе да го славиме секоја година на различен датум. Но од друга страна, на Велигден исто славиме настан (воскресението Христово) кој се случил на точно определен датум, лупам од ракав пример 25 април 33 година од новата ера, како ден кога Исус воскреснал. Прашањево, т.е дилемата, ми е зошто Велигден, и пропратно врзаните празници за него, ги славиме на променливи датуми, не ги славиме како историски датуми туку ги одредуваме според положбата на небесните тела, ги врзуваме за еврејската пасха која се одредува според небесните тела? Зошто на Велигден велиме ,,на овој ден Исус воскресна,, и на велики петок велиме ,,на овој ден Исус беше распнат,, кога тоа не се датуми на кои во 33 година се случиле настаните за кои зборуваме? Некако не ми е логично една година да речеме дека Исус воскреснал на 20 Април, друга на 5 мај, трета на 17 Април итн.... Ако распетието и воскресението се историски настани кои се случиле на точно определен датум, нели е многу пологично да се одбележуваат секоја година на тој датум? Пример, Гоце Делчев загинал на 4ти Мај 1903 година, тоа е историски факт и нема никаква логика тој историски факт да го одбележуваме оваа година на 15ти Мај, догодина на 15 Април односно според тоа како биле поставени небесните тела... Сигурно има некое објаснување, па кој се разбира во тоа би го замолил да појасни.
 
Третото е дефинитивно најтешко за постигнување.
Преку добрите дела, неправење гревови и избегнување на лошите дела ти фактички по автоматизам добиваш смирение, тоа е закон и не е баш лесно за постигнување затоа што тука некако по автоматизам се искушенијата од секаков тип, потоа токсичните и демонизирани луѓе со кои човекот е опкружен итн. итн.
Таквите пречки понекогаш е невозможно да ги избегнеш туку може само да ги намалиш и така ќе тераш низ целиот живот...Еве класичен пр. не по твоја вина твој токсичен колега од работа те закача и навредува без причина, ти ако му влезеш во штос (а ова честопати се случува) може да настане хаос, тепачка и слично, тоа не е христијанско однесување ама честопати забораваме на ова....Друг пример, си доаѓаш дома смирен и све остало ама паѓаш у искушение да погледнеш некоја сцена од цртан филм за возрасни или те вика на кафе ебозовна жена а знаеш дека не те вика само на кафе :) а ти си веќе фамилијарен човек
И сега шу праиме тука? Како да се одупри човек на вакви искушенија? Затоа погоре спомнав некои искушенија едноставно е невозможно да се одуприш и тоа е во човековата природа, таа борба меѓу доброто и злото која е присутна кај сите луѓе
 
Последно уредено:
Ај ако некој учел, читал т.е се разбира во Христијанството нека ми појасни зошто Велигден е подвижен празник а не со фиксен датум како на пример Божиќ? На Божиќ го славиме раѓањето христово и сосем исправно тоа е фиксен датум, ако Исус се родил на 7 јануари неможе да го славиме секоја година на различен датум. Но од друга страна, на Велигден исто славиме настан (воскресението Христово) кој се случил на точно определен датум, лупам од ракав пример 25 април 33 година од новата ера, како ден кога Исус воскреснал. Прашањево, т.е дилемата, ми е зошто Велигден, и пропратно врзаните празници за него, ги славиме на променливи датуми, не ги славиме како историски датуми туку ги одредуваме според положбата на небесните тела, ги врзуваме за еврејската пасха која се одредува според небесните тела? Зошто на Велигден велиме ,,на овој ден Исус воскресна,, и на велики петок велиме ,,на овој ден Исус беше распнат,, кога тоа не се датуми на кои во 33 година се случиле настаните за кои зборуваме? Некако не ми е логично една година да речеме дека Исус воскреснал на 20 Април, друга на 5 мај, трета на 17 Април итн.... Ако распетието и воскресението се историски настани кои се случиле на точно определен датум, нели е многу пологично да се одбележуваат секоја година на тој датум? Пример, Гоце Делчев загинал на 4ти Мај 1903 година, тоа е историски факт и нема никаква логика тој историски факт да го одбележуваме оваа година на 15ти Мај, догодина на 15 Април односно според тоа како биле поставени небесните тела... Сигурно има некое објаснување, па кој се разбира во тоа би го замолил да појасни.
Велигден секогаш паѓа во неделата по првата полна месечина по пролетната рамноденица

Целта на тоа е Исус да биде „новата Пасха“

Зборот значи преминување и е спомен на ослободување на Израелците од ропство

Така е одлучено на првиот собор
 
Последно уредено:
Ај ако некој учел, читал т.е се разбира во Христијанството нека ми појасни зошто Велигден е подвижен празник а не со фиксен датум како на пример Божиќ? На Божиќ го славиме раѓањето христово и сосем исправно тоа е фиксен датум, ако Исус се родил на 7 јануари неможе да го славиме секоја година на различен датум. Но од друга страна, на Велигден исто славиме настан (воскресението Христово) кој се случил на точно определен датум, лупам од ракав пример 25 април 33 година од новата ера, како ден кога Исус воскреснал. Прашањево, т.е дилемата, ми е зошто Велигден, и пропратно врзаните празници за него, ги славиме на променливи датуми, не ги славиме како историски датуми туку ги одредуваме според положбата на небесните тела, ги врзуваме за еврејската пасха која се одредува според небесните тела? Зошто на Велигден велиме ,,на овој ден Исус воскресна,, и на велики петок велиме ,,на овој ден Исус беше распнат,, кога тоа не се датуми на кои во 33 година се случиле настаните за кои зборуваме? Некако не ми е логично една година да речеме дека Исус воскреснал на 20 Април, друга на 5 мај, трета на 17 Април итн.... Ако распетието и воскресението се историски настани кои се случиле на точно определен датум, нели е многу пологично да се одбележуваат секоја година на тој датум? Пример, Гоце Делчев загинал на 4ти Мај 1903 година, тоа е историски факт и нема никаква логика тој историски факт да го одбележуваме оваа година на 15ти Мај, догодина на 15 Април односно според тоа како биле поставени небесните тела... Сигурно има некое објаснување, па кој се разбира во тоа би го замолил да појасни.
Самото ти се кажува дека сатаната управува со религиите..момакот е репликатор невиден,прави мајмуни од нас..Мене друго ме "мачи" зошто никој не кажува дека фарисеите се уствари масони и дека уште во тоа време постоеле (за работите да станат појасни)..
 
Брани си ги тврдењата бе друже
Покажи го спротивното

Каде Исус вели дека они се масони?
Или ти си го измисли тоа?
 
Брани си ги тврдењата бе друже
Покажи го спротивното

Каде Исус вели дека они се масони?
Или ти си го измисли тоа?
"Каменот што го отфрлија ѕидарите.." Значи дека се работи за некој кој се занимава со градежни активности..
 
Каменот е црквата

Исус му вели на Петар, „на овој камен ќе ја изградам мојата црква“ ..
„на овој камен“ значи сите ученици кои биле присутни кога Исус му го кажувал тоа на Петар
 
Аха ок,а кои се ѕидарите што се спомнуваат во текстот? @датум чекам одговор бац па да си легнам на раат трета бев..
 
Последно уредено:
Ај ако некој учел, читал т.е се разбира во Христијанството нека ми појасни зошто Велигден е подвижен празник а не со фиксен датум како на пример Божиќ? На Божиќ го славиме раѓањето христово и сосем исправно тоа е фиксен датум, ако Исус се родил на 7 јануари неможе да го славиме секоја година на различен датум. Но од друга страна, на Велигден исто славиме настан (воскресението Христово) кој се случил на точно определен датум, лупам од ракав пример 25 април 33 година од новата ера, како ден кога Исус воскреснал. Прашањево, т.е дилемата, ми е зошто Велигден, и пропратно врзаните празници за него, ги славиме на променливи датуми, не ги славиме како историски датуми туку ги одредуваме според положбата на небесните тела, ги врзуваме за еврејската пасха која се одредува според небесните тела? Зошто на Велигден велиме ,,на овој ден Исус воскресна,, и на велики петок велиме ,,на овој ден Исус беше распнат,, кога тоа не се датуми на кои во 33 година се случиле настаните за кои зборуваме? Некако не ми е логично една година да речеме дека Исус воскреснал на 20 Април, друга на 5 мај, трета на 17 Април итн.... Ако распетието и воскресението се историски настани кои се случиле на точно определен датум, нели е многу пологично да се одбележуваат секоја година на тој датум? Пример, Гоце Делчев загинал на 4ти Мај 1903 година, тоа е историски факт и нема никаква логика тој историски факт да го одбележуваме оваа година на 15ти Мај, догодина на 15 Април односно според тоа како биле поставени небесните тела... Сигурно има некое објаснување, па кој се разбира во тоа би го замолил да појасни.

Еврејскиот календар е месечев, се води/пресметува според месечевите мени кои вкупно траат цца 28 денови.

Црковниот календар, јулијанскиот, е сончев календар и се пресметува според бројот од денови во еден месец од цца 30, односно една сончева година, 365/366.

Великден никако не смее да падне пред еврејската пасха или на самиот ден од еврејската пасха, туку само после неа. Затоа Великден паѓа во распон од почетокот од април до почетокот од мај.

Еврејската Пасха („пасха„=„премин„) е празник за сеќавање на денот кога Мојсеј ги извел Евреите од египетското ропство-премин од ропство во слобода.

Великден е рисјанската Пасха, кога Христос воскресна-премина од смрт во живот.

Црквата не смее да има ништо заедничко со јудаизмот па затоа „бега„ од нивниот пасхален празник.
Автоматски споено мислење:

Каменот е црквата

Исус му вели на Петар, „на овој камен ќе ја изградам мојата црква“ ..
„на овој камен“ значи сите ученици кои биле присутни кога Исус му го кажувал тоа на Петар

„Каменот„ не е Црквата, туку Е Христос, а „ѕидарите„ се Евреите, кои Го отфрлија Христа, не Го препознаа како ветениот Месија, пророкуван уште од старозаветните еврејски пророци,

Како што Евреите си ги убиваа пророците, Го убија и новозавениот Месија-Христа, оти и Он не им беше по мерак...
 
Последно уредено:
„Каменот„ не е Црквата, туку Е Христос,
Да, ова е точно
Моја грешка

Значи кога Исус им вели на учениците, "На овој камен ќе ја изградам црквата“ , мисли на себе..

Ова има смисла(конкретно за тој пасус) и дава објаснување за тврдењата на римокатолиците

Православието е продолжение на тој камен
 
Кога Христос му вели на Петрета дека (Петар) е „...камен на кој ќе ја соѕидам Црквата...„,(парафразирам...), не е во прашање Петар како таков, како човек, како Апостол, туку споменатиот „камен„ е верата која Св.Ап. Петар ја имал и токму на вера, јака како камен „(„петар„=„камен„), може да биде засновата Црквата Христова.

Кога римо-католиците го толкуваат наведениот стих, тие изведуваат заклучок дека токму Петар е основа на Црквата и дека Петар бил првиот епископ римски, во римската Црква.

Според римо-католиците, Петар ги поседува „клучевите„ од Рајот па само Петар одредува кој може да „влезе„ во Рајот.

Св.Ап. Петар никад не бил епископ во Рим, а Светите Оци пак додават и на Римјаните им велат: кај го најдовте токму Петар да биде прв епископ римски, кога токму Петар 3 пати се откажа од Христа, кога Он беше фатен од Евреите?...
 
Глеаш дека можеме да се разбереме ко луѓе а не само да си дофрлуваме (y)

Јас со тебе само околу овие теми ќе разменувам мислење , за се останато ќе те замолам повеќе да не ми реплицираш, неможеме да најдеме средина и нема потреба да се прави тензија во дискусии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom