Адам и Ева биле создаени да творат добро, а не лошо. Затоа коренот на гревот е ѓаволот кој им ја даде идејата дека самите можат да бидат "богови" и го накриви Бог дека е лош и дека не сака да бидат како Него. Тие можеле многу добро да разграничат меѓу доброто и лошото поради Божјата благодат и затоа ги имале предиспозициите да разграничат дека тој предлог од ѓаволот било лош избор, спротивен на вистината. Но егоизамот победи, што ги одведе да не побараат ниту извинување за стореното од Бога. Доколку побарале прошка од Бога, Бог би им опростил., но тие сами одлучиле да останат во состојбата на зло. Бидејќи нивната природа не беше уништена како онаа на ѓаволот, кој никогаш нема да се покае (иако ја има можноста тоа да го стори до самиот Суден Ден), Бог му го подари живото на човештвото за да може да се покае. Ние го наследивме само гревот на нашите праоци Адам и Ева, туку и нивната природа. Затоа ние сме променливи како и Адам и Ева и сме подложни на гревот. Спротивно на нас, ангелите поради нивната одлука да останат со Бога и да не се вклучат на бунтот на Луцифер со останатите ангели кои станаа ѓаволи (паднати ангели) се константно во добрината (не се променливи како нас луѓето). Човештвото ќе биде на искушенија до самиот Суден Ден и можат да ја променуваат состојбата во која живеат, дали во добро (живот во покајание) или во зло. Ако одлучат да живеат живот со Бога, Божјата благодат ќе ги води во богоугоден живот и како последица на тоа, нивната состојба би била на едно повисоко ниво од онаа во која се наоѓале Адам и Ева пред падот. Адам и Ева биле создадени добри, но нивен избор бил да изберат дали ќе останат во таа состојба (на добрина).