За да нема некое недоразбирање кога зборев за природата на Бога, и бидејќи има голема забуна кај кабалистилкиот и католичкиот начин на објаснување во врска со материјата (суштината, природата) Божја, Божјите енергии но и суштинта на светот, ќе го дадам следниот пример:
Еден човек кој е уметник црта една слика (уметничко дело). Различна е природата (суштината) на човекот (која е душа и тело) и различна е уметничката умешност (енергијата на човекот) која го окарактеризира како човек, но не ни ја објавува суштината на истиот (која е неговата природа - душата и телото). И на крај, сосема различно е созданието (уметничкото дело.сликата) на уметникот, која има сосема различна природа од самиот човек и никогаш немоше да ја содржи во себе самата суштина (природа) но ја содржи енергијата (уметничката умешност) на уметникот. Следствено, колку поумешен е уметникот, толку и неговото дело е уметнички вредно, и обратно.
Така, ние луѓето (но и ангелите) ниту сме дел од Божјата Природа, ниту дел од Неговата Енергија, но сме созданија Божји. Затоа ние Христијаните велиме дека не сме богови по природа (по суштина) или дел од Бога, но стануваме богови по Благодат (секако по наш избор) учествувајќи во Божествената Енергија која нас не обожува.
Што се однесува до Божјата Природа, таа секогаш ќе биде недостапна, несфатлива за човекот и никогаш не можеме да постанеме дел од неа, бидејќи тогаш би биле богови сами од себе. Тоа воглавном и денес е најголемата лага на ѓаволот во многу религиски учења и сфаѓања за Бога.