Христос, според евангелието ќе дојде повторно овде во овој свет, и ќе ги воскресне сите луѓе, од Адам до последниот роден...
Судот не претставува просто задоволување на некаква Правда,нужност во јуридичка смисла, која и самиот Бог е должен да ја спроведува. Напротив Бог слободно не создал, и оние кои слободно го прифатиле и сакаат, ќе бидат во љубовна заедница со Него, а оние кои слободно се откажале од Него, практично самите ќе се осудат на живот без Него(пекол), губејќи ја можноста да се реализираат слободно, како Личности.
Тоа е Православната Есхатологија.
--- надополнето: 6 април 2012 во 20:00 ---
Отецот е изворот на св. Троица од кого се раѓа Синот(а ние луѓето сме поистоветени литургиски, личносно со Синот, Исус Христос, затоа сме синови на Отецот, во Св. Дух кој происходи од Отецот).
Така све е во заедницата на Св. Троица,Една, Неразделна во која Сите зависат од Сите, љубовно, слободно, егзистенцијално...
Знам дека ова не е лесно да се разбере и прифати, но така ни објави, откри Синот(Исус), и ние му веруваме, во тоа е и СЛОБОДАТА.