Па он не е христијанин, христијански одговор да дава.
Тачно: аз сам православен христијанин, никако саде „христијанин„!
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:00 AM ---
Не беше конкретно ова во Африка овде го земам како пример. Да речеме дека човекот помагал во својот град на луѓе кои навистина имале потреба, но не верува во Бог т.е е атеист.
Што тогаш?
Тоа што предметниов атеси „не верува„ во Бога, тоа е само негово самозамајување: сите луѓе веруваат „во нешто„ и сите луѓе имаат вродена побожност, а личното инаетење и нетрпение кон Бога не е знак за неверување: не постои неверување, туку постои суетност и гордост, кои ја поматуваат потребата од вера во Бога.
Ајде да речеме дека предметниот атеист праел добри дела а не верувал во Бога. Црковно гледано: зашто атеистот ги чинел тие добри дела, со која мотивација, со која потреба, со која цел? Иако атеистот чинел добри дела, тие добрини ќе му бидат вброени како добри дела, но и неверието во Бога ќе му биде вброено! И сеа што праиме? Чинење добри дела за да бидат добри?
На поединечниот суд на душата човекова, ќе и‘ бидат мерени сите добри и сите лоши дела, по 20 основи, така да опасноста од лоша/неповолна пресуда е можна по само еден основ, така да „одењето„ во пеколот е многу полесно од „одењето„ во Рајот. Но, како напишав, конечната одлука е ексклузива само за Христа Бога а не за смртните луѓе. Можам само да напоменам дека тековно Новиот Завет е важечки, преку Црквата Христова, така да денес ниеден поединец, кој барем слушнал за името Христово и за Неговата Црква, ќе нема со што да го оправда своето неверување, наспроти своите добрини. Полесно ќе поминат паганите во Африка и Јужна Америка, отколку доброчинителот, кој слушнал за Христа а не Го прифатил за свој Бог и Спасител.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:04 AM ---
Ете Лутрз, Мики ти одговори.
Инаку, Мики, јасна ми е работата со покајанието. Него што правиме што не се покајуваат? Не се исповедаат, не се каат, ами трк до црква оти више дебела е невестата. Ме разбираш, нели?
На тие што не се исповедаат, гревовите ќе им останат забележани при поединечниот суд на нивните души. Неисповеданиот грев нема свое покритие или оправдување. Исповеданиот грев, ако е правилно исповедан, „не се брои„ а исповеданиот грев, ако е покриен и со добро дело, дотолку подобро.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:07 AM ---
Тоа и ми беше зборот со задоволувањето на една од основните потреби на човекот, макар и со една личност или сам со себе. Децата ги воспитуваме да станат добри православни христијани, добри луѓе, да почитуваат родители и секој друг поблизок и подалечен без разлика на боја, да не украдат макар цент (што во вакви државни уредувања е малку тешко, но тоа е друг муабет), но сепак е проблем што се коси со некои потреби во развојот на младите..
Фала за одговорите Мики, не ти досаѓам понатаму со ова прашање (го корегирав она

)
Молам.