Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Штом велиш дека прашањево веќе е одговорено, тоа значи дека го знаеш одговорот-не, иконите не се идол ниту бог, оти никој не ги обожува иконите, туку преку иконите, им оддаваме чест на ликовите од иконите, или како велат богословите: „Иконата е прозорец кон духовниот Свет„.
--- надополнето: Oct 26, 2011 3:04 PM ---
Дали некој атеист ќе оди во рај ако правел добри работи?ако на пр давал храна и лекови за луѓето во африка на кои им е потребно тоа.
Дали било кој, атеист или верник, ќе „оди„ во Рајот или пеколот, тоа го одлучува само Христос Богочовекот а не било кој смртник.

Атестот, кој решил да направи некое добро дело, наместо да арчи време и енергија на луѓето во Африка, кои нит ги знае, нит ги познава, нека го насочи своето внимание кон својата околина, во која сигурно има луѓе на кои им треба помош.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087

Браво бе,многу христијански одговор даде.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Полека мор, полека, не си ласкај...
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:13 PM ---

Да, сексот пред брак е забранет. Пред да отпаднат од Бога, Адам и Ева беа непорочни и девствени.
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:15 PM ---

Покајанието е неизбежен дел од живеењето од верните.
„Ќе грешиме дури сме живи„, рече еден од нашите владици, а чаре за гревот е само исповеста/покајанието.
Ете Лутрз, Мики ти одговори.

Инаку, Мики, јасна ми е работата со покајанието. Него што правиме што не се покајуваат? Не се исповедаат, не се каат, ами трк до црква оти више дебела е невестата. Ме разбираш, нели?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Браво бе,многу христијански одговор даде.
Просто да занемеш од хуманост што пишти христијанствово.
Ама што бара бре на тие во Африка да помага, тие се црни, башка повеќето племиња не го спознале Исус....
--- надополнето: Oct 26, 2011 4:18 PM ---
Јас не определувам кој смее кој не смее и дали треба или не треба да има такво нешто и дали ќе горат или не...тоа ти го тврдиш низ повеќе теми и мислења...затоа те замолив да цитираш од каде тоа си прочитала дека Бог забранил предбрачен секс. Всашност дали воопшто постои и каде поимот брак во Библијата...можеби има, можеби не, добо е ако постираш овде поготово што многупати напиша дека ја знаеш Библијата подобро од многумина.
Не ги прашувам другите...тие знаат и ќе најдат...те замолив тебе. Ако не, ок...нека е така како што е.
Ти одговори Мики. Прочитај.
Јас нема да барам стихови од Писмото, не сум го проучувала :) А кога ќе прочиташ една книга, не мора да знаеш која реченица каде е, за да знаеш оти е напишана.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Просто да занемеш од хуманост што пишти христијанствово.
Ама што бара бре на тие во Африка да помага, тие се црни, башка повеќето племиња не го спознале Исус....
--- надополнето: Oct 26, 2011 4:18 PM ---
Добро,можи човекот со причина така пишува.Ние кои не сме упатени во Писмото од кај да знаеме дека Исус не бил расист можеби. :ROFLMAO:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Просто да занемеш од хуманост што пишти христијанствово.
Ама што бара бре на тие во Африка да помага, тие се црни, башка повеќето племиња не го спознале Исус....
А бе то оно ко графитот „Мразам расисти, арапи и црнци“ :D
 
Cataclysm

Член од
2 февруари 2009
Мислења
223
Поени од реакции
647
Штом велиш дека прашањево веќе е одговорено, тоа значи дека го знаеш одговорот-не, иконите не се идол ниту бог, оти никој не ги обожува иконите, туку преку иконите, им оддаваме чест на ликовите од иконите, или како велат богословите: „Иконата е прозорец кон духовниот Свет„.
--- надополнето: Oct 26, 2011 3:04 PM ---

Дали било кој, атеист или верник, ќе „оди„ во Рајот или пеколот, тоа го одлучува само Христос Богочовекот а не било кој смртник.

Атестот, кој решил да направи некое добро дело, наместо да арчи време и енергија на луѓето во Африка, кои нит ги знае, нит ги познава, нека го насочи своето внимание кон својата околина, во која сигурно има луѓе на кои им треба помош.
Не беше конкретно ова во Африка овде го земам како пример. Да речеме дека човекот помагал во својот град на луѓе кои навистина имале потреба, но не верува во Бог т.е е атеист.
Што тогаш?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не беше конкретно ова во Африка овде го земам како пример. Да речеме дека човекот помагал во својот град на луѓе кои навистина имале потреба, но не верува во Бог т.е е атеист.
Што тогаш?
Djabe mu e. Ide levo od Hrista, to est u pekolot.

Niedno dobro delo ne te vadi od neverieto vo Boga.

Zatoa poarno siluvaj, ubivaj, kradi vo negovo ime, i posle se toa pokaj se. Togash si desno od nego.

Ne s eni obiduvaj da go razberes ova racionalno, logicki ili zdravorazumski. Dokolku ne poseduvash duhovna logika djabe ti e.;)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Да, пубертетскиот период е прилично незгоден, но тој период е својствен само за нас, смртните луѓе, кои се раѓаме, растеме и умираме, а не за првиот Адам, кој бил створен а не роден.

Затоа, луѓето кои се раѓаат и растат покрај побожни родители, имаат сосема поинаков живот, дури и наспроти пубертетската распаленост.
Тоа и ми беше зборот со задоволувањето на една од основните потреби на човекот, макар и со една личност или сам со себе. Децата ги воспитуваме да станат добри православни христијани, добри луѓе, да почитуваат родители и секој друг поблизок и подалечен без разлика на боја, да не украдат макар цент (што во вакви државни уредувања е малку тешко, но тоа е друг муабет), но сепак е проблем што се коси со некои потреби во развојот на младите..
Фала за одговорите Мики, не ти досаѓам понатаму со ова прашање(y) (и напрајв мала измена :))
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па он не е христијанин, христијански одговор да дава.:D
Тачно: аз сам православен христијанин, никако саде „христијанин„! :D
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:00 AM ---
Не беше конкретно ова во Африка овде го земам како пример. Да речеме дека човекот помагал во својот град на луѓе кои навистина имале потреба, но не верува во Бог т.е е атеист.
Што тогаш?
Тоа што предметниов атеси „не верува„ во Бога, тоа е само негово самозамајување: сите луѓе веруваат „во нешто„ и сите луѓе имаат вродена побожност, а личното инаетење и нетрпение кон Бога не е знак за неверување: не постои неверување, туку постои суетност и гордост, кои ја поматуваат потребата од вера во Бога.

Ајде да речеме дека предметниот атеист праел добри дела а не верувал во Бога. Црковно гледано: зашто атеистот ги чинел тие добри дела, со која мотивација, со која потреба, со која цел? Иако атеистот чинел добри дела, тие добрини ќе му бидат вброени како добри дела, но и неверието во Бога ќе му биде вброено! И сеа што праиме? Чинење добри дела за да бидат добри?

На поединечниот суд на душата човекова, ќе и‘ бидат мерени сите добри и сите лоши дела, по 20 основи, така да опасноста од лоша/неповолна пресуда е можна по само еден основ, така да „одењето„ во пеколот е многу полесно од „одењето„ во Рајот. Но, како напишав, конечната одлука е ексклузива само за Христа Бога а не за смртните луѓе. Можам само да напоменам дека тековно Новиот Завет е важечки, преку Црквата Христова, така да денес ниеден поединец, кој барем слушнал за името Христово и за Неговата Црква, ќе нема со што да го оправда своето неверување, наспроти своите добрини. Полесно ќе поминат паганите во Африка и Јужна Америка, отколку доброчинителот, кој слушнал за Христа а не Го прифатил за свој Бог и Спасител.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:04 AM ---
Ете Лутрз, Мики ти одговори.

Инаку, Мики, јасна ми е работата со покајанието. Него што правиме што не се покајуваат? Не се исповедаат, не се каат, ами трк до црква оти више дебела е невестата. Ме разбираш, нели?
На тие што не се исповедаат, гревовите ќе им останат забележани при поединечниот суд на нивните души. Неисповеданиот грев нема свое покритие или оправдување. Исповеданиот грев, ако е правилно исповедан, „не се брои„ а исповеданиот грев, ако е покриен и со добро дело, дотолку подобро.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:07 AM ---
Тоа и ми беше зборот со задоволувањето на една од основните потреби на човекот, макар и со една личност или сам со себе. Децата ги воспитуваме да станат добри православни христијани, добри луѓе, да почитуваат родители и секој друг поблизок и подалечен без разлика на боја, да не украдат макар цент (што во вакви државни уредувања е малку тешко, но тоа е друг муабет), но сепак е проблем што се коси со некои потреби во развојот на младите..
Фала за одговорите Мики, не ти досаѓам понатаму со ова прашање (го корегирав она :)) (y)
Молам.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
На тие што не се исповедаат, гревовите ќе им останат забележани при поединечниот суд на нивните души. Неисповеданиот грев нема свое покритие или оправдување. Исповеданиот грев, ако е правилно исповедан, „не се брои„ а исповеданиот грев, ако е покриен и со добро дело, дотолку подобро.
Молам.
Што значи правилно исповедан грев?

Еве јас сакам да одам и да се исповедам.
Ќе одам во Соборен Храм и ќе му речам на попот сакам да се исповедам, ама правилно?!?

А откај да знам, па кој гревови ги исповедам ? И откај знам дали нешто е грев или не е.
Или на исповед по дифолт ги исповедаш сите сторени гревови, знајни и незнајни?

Дали кршењето на било која од 10 те заповеди искучиво, се подразбира како грев? Ако е така дали тие се со иста тежина? "Не убивај" исто ли е со "не лажи" ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што значи правилно исповедан грев?

Еве јас сакам да одам и да се исповедам.
Ќе одам во Соборен Храм и ќе му речам на попот сакам да се исповедам, ама правилно?!?
- Правилно исповедан грев е грев кој се исповеда без негово свесно пренагласување, намалување, пренасочување, нечие обвинување за гревот или оправдување на гревот.
--- надополнето: Oct 27, 2011 9:01 AM ---
А откај да знам, па кој гревови ги исповедам ? И откај знам дали нешто е грев или не е.
Или на исповед по дифолт ги исповедаш сите сторени гревови, знајни и незнајни?
Дали нешто е грев или не е грев, се одредува преку споредба со волјата Божја, изразена во 10-те Заповеди и преку споредба во црковните одредби, изразена во 9-те црковни заповеди.

На исповед, се исповедаат сите гревови, знајни и незнајни (т.е. сторени свесно или несвесно..) кои никогаш не се исповедани, или гревови кои се сторени во времето меѓу две исповести.
 
B

Black Guard

Гостин
- Правилно исповедан грев е грев кој се исповеда без негово свесно пренагласување, намалување, пренасочување, нечие обвинување за гревот или оправдување на гревот.
И обврзан е свештеникот да молчи т.е да дозволи господ да суди дури и ако гревоте на пример еве криминален(финансиска далавера на дедо мраз од коњари со рејман цвикери) на пример.

И ме интересира кога плодот во жената добива душа,мислам по 5 дена,7 дена или??
--- надополнето: Oct 27, 2011 9:04 AM ---
-изразена во 10-те Заповеди.
А другите 2 бонус заповеди?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали кршењето на било која од 10 те заповеди искучиво, се подразбира како грев? Ако е така дали тие се со иста тежина? "Не убивај" исто ли е со "не лажи" ?
Ист Е Авторот на Заповедите па кој прекршил една Заповед а запазил 9, тој ги прекршил сите 10 Заповеди. Нема разлика меѓу лажењето или крадењето, оти гревовните чинови секогаш се случуваат со истовремено прекршување на повеќе од една Заповед (на пример, лажењето „иде„ со крадењето и сл.). Црквата не познава „големи„ и „мали„ гревови, кои споредени меѓусебно може да наликуваат на гревови со различна тежина, туку Црквата познава исповедани и неисповедани гревови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom