Мислиш она што е забранети е попримамливо, така нешто?
Мене ме интересира забраната за воопшто било какво задоволување (според стариот завет каде е спомената невиноста во Второзаконие 22) на природните човекови потреби.
Ако тргнеш на страна пекол, горење, покајание...можеби за тоа време било неопходно (практично) да се намалат сексуалните односи? Замисли венерични болести во тоа време на незнаење и немање лекови, буљук деца (заради немање заштита и знаење) за кои немало татко, ...мислам дека сега нема некоја причина, но тогаш ваквите забрани имале некоја практична основа. Само ако држи барем 1% од оваа теорија, не знам зашто забраниле и мастурбација
Ако не држи уопште ова погоре, зошто тогаш во оваа и други религии и цивилизации биле забранети телесните задоволства? Зошто ако јас сум задоволен, не е задоволен и Бог и државата?
Коринтјаните 1-7
5 Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак,
за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.
8 На
неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас.
9 Но,
ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.
10 А на сопружниците не им наредувам јас, туку Господ: жената да не го напушта мажот;
Коринтјаните 1-6
9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство?
Не измамувајте се! Ни
блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.
Второзаконие 22
20 „Но ако обвинението -
дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина,
21 нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град
нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом.
Така ќе го откорнеш злото од својата средина.
22 Ако некој маж биде најден како лежи со жена мажена за друг, двата - и мажот кој лежеше со жената и самата жена -
нека бидат погубени. Така ќе го откорнеш злото од Израел.
23 Ако млада девица, верена за некого во градот, ја сретне друг човек и легне со неа,
24 доведете ги двата при вратата на тој град
па ги опсипувајте со камења додека не умрат: девојката зашто не викаше помош од градот, а мажот дека
ја оскверни жената на својот ближен. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.
25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш
нека биде погубен само тој што легнал со неа;
26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.
27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.
28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,
29 тогаш мажот кој лежеше со неа
нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
30 Нека никој не се жени со жената на својот татко и нека не ја открива татковата покривка.”
Предбрачните односи се ставени во категорија блуд.
А оние кои блудничат се фатени во канџите на лукавиот.
И ако не се покајат, им следи пат кон огнените езера и вечните маки...