Воа погоре напишаново, се саде реторички поставени прашања, чиј (внатре содржан) одговор, само ги поткрепува Твоите предрасуди за верските категории.
Работата е проста: за да ја видиш и внатрешноста од еден објект, треба да влезеш во објектот и да го видиш од внатре. Ти си надвор од верата, а се впушташ во кометнирање на внатрешноста до верата.
Хмм, немам јас предрасуди за верските категории, грешно си го сконтал мојот лик и моите принципи во животот.
(Имам предрасуди само кон гејовите и тоа само од машкиот пол.
)
Погрешно ти е, а и недозволиво да окарактеризираш некого дека е надвор од верата.
Јас сум надвор од верата онаква каква што ти ја замислуваш и ја пропагираш.
Вер(б)ата е нешто кое претставува искра на сите позитивни движења и настани во животот на една личност.
Вер(б)ата во љубовта, во подобро утре, во сопствените поколенија, во добрите дела , во искреноста (сопствената и на останатите луѓе), во чесноста, во искрената помош, во успехот, во сопствените можности итн..... очигледно се разликува од Вер(б)ата која ја пропагира Институцијата Црква.
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:01 PM ---
1.Науката самостојно, без духовните/моралните удзи не би се развивала за добробит на родот човечки туку веројатно во насока на негово уништување. Науката обично е движена од политиката, економијата. Најдобрите физичари не завршуваат во опсерваториите на НАСА, туку во воената и нуклеарна индустрија. Првите компјутерите беа измислени за воени цели, а не за игри, фејсбук и сл. Исто така и GPS системот е направен за воена цел, а не за навигација на таксистите. Светски разузнавачи тврдат дека медицината открила лекови за многу видови рак, но истите се спречувани заради огромниот бизнис со цитостатици.
2. Науката, без духовни водилки, не размислува дали треба нешто да направи (пр. нуклеарна бомба), туку само што и како може да се направи и евентуално како потоа истото да се уновчи.
3. Атеистичката наука е опасна затоа што таа не препознава интелигентен ред и плански дизајн во природата и возгорденано мисли дека таа може подобро да го преуреди светото и човековото тело. Тоа ќе доведе до пореметување во Земјината рамнотежа, во исцрпување на нејзините природни богатства, во труење на човековиот организам со разни вештачки ѓубрива и лекови за кои подоцна се покажало и ќе се покаже дека всушност се отрови за организмот.
Науката е моја омилена област, но само теистичката наука, науката во чиј фокус е Создателот и која проучува како Бог ги уредил работите во Универзумот, на планетата Земја, кај животните и човековото тело.
1. Се сложувам со реченицата како што е напишана. Но н еи со позадината која сака да ја долови. Имено не е религијата (којаи да е од многуте) клучен фактор во обезбедување на духовните/моралните узди
2.Ниту вториот болдиран цитат не укажува дека религијата ќе влијае врз одредени личности да не профитираат од одредени нешта, па макар и нанесувајќи штета на илјадници други. Напротив , историјата сведочи за спротивни работи, каде религијата е фактор за најразлични ужаси.
Значи потребно е време да с епромени човечкиот менталитет. Јас затоа и многу пати велам ИСУС е првиот КОМУНИСТ

.
3. Ова е веќе твое лично размислување за поимот атеистичка наука, кој мене ми е непознат

НАведените работи се само обиди да се подобри животот на луѓето, или ако сакаш да се проникне во тајните на создателот кој не казнил безпотребно со смрт.