Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам, убиствено е по моралот и ентузијазмот на човекот. Исто како што и Божјата семоќ и Божјата сезнајност е убиствена по моралот и ентузијазмот на човекот, затоа што единствената логичка последица од таа сезнајност е учењето за предестинацијата на душите. Тоа Св. Августин многу искрено го признава.

Постои една приказна, дека некој обвинет во Америка се бранел со тоа дека не постои слободен избор, и дека неговото злодело било предодредено во првиот момент после Биг Бенгот. Наводно судијата му рекол дека исто како што неговото злодело е предодредено, така и пресудата која му ја одредил е исто така предодредена...

:)

Па не ми го уби моралот се`уште. :) Не верувам во предестинираност. Ќе ја запукаме во ептен друга насока...И страста и сексуалната привлечност можат да се опишат како неврохемиски процеси -- сепак, тоа не ги прави илузија, ниту апсолуно го детерминира исходот. Постои енергија на волја според која решаваме кога и со кого водиме љубов, на пример.
 
Ме инетересира, дали некој од вас што дискутирате на тема Религија, го прочитал барен еднаш Светото Писмо, а ако не, тогаш е подобро да се префлите на тема филозофија и психологија
А ако да? Ќе ни дозволиш ли да пишуаваме на овој под-форум?
 
Не, воопшто не се нервирам, само прашав дали некој од вас го има прочитано Светото Писмо барем еднаш, зошто кога се разговара за религија, неопходно е да се прочита Библијата, а инаку се друго е филозофирање
 
Дали некој може да се каже верник ако ја нема прочитано Библијата?
 
Ме инетересира, дали некој од вас што дискутирате на тема Религија, го прочитал барен еднаш Светото Писмо, а ако не, тогаш е подобро да се префлите на тема филозофија и психологија
Јас го имам прочитано и тоа бесконечно многу пати... И еврејската тора, и коментари на истиот...
Може да седам тука и да прашувам?
Може, лујза? :)
 
Инаку, ништо не е однапред предвидено, не постои судбина заради тоа што сите имаме слобода на избор што ќе правиме со нашиот живот. Што избереш, таков живот ќе имаш. Тоа е како книга со повеќе завршетоци, по кој пат тргнеш така ќе се одвива твојот живот.
--- надополнето: Jul 18, 2011 11:16 AM ---
Дали некој може да се каже верник ако ја нема прочитано Библијата?
Да, за жал постојат такви луѓе
 
Постои една приказна, дека некој обвинет во Америка се бранел со тоа дека не постои слободен избор, и дека неговото злодело било предодредено во првиот момент после Биг Бенгот. Наводно судијата му рекол дека исто како што неговото злодело е предодредено, така и пресудата која му ја одредил е исто така предодредена...
:)
Хехехе, добра е прикаскава.
Ме инетересира, дали некој од вас што дискутирате на тема Религија, го прочитал барен еднаш Светото Писмо, а ако не, тогаш е подобро да се префлите на тема филозофија и психологија
Мислиш дека светите писма (од која и да е религија) се доволен одговор за се? Земи прочитај и друга литература на темата, нема да те убие. (како што тврди овде еден член)

А повеќето прочитале барем една. Можеш да кажеш за себе дека си прочитала и библија и куран?
 
Инаку темата е прашања за христијанството, не да се филозофира за истото, може да се отвори подфорум, филозофија на христијанството...
Прашувајте луѓе, прашувајте! Кој пита не скита, така велат некои! :)
Бесцелно расправате тука, не им давате можност на рисјаните вистински да ви одговорат!
 
Јас го имам прочитано и тоа бесконечно многу пати... И еврејската тора, и коментари на истиот...
Може да седам тука и да прашувам?
Може, лујза? :)
Која сум јас да ви кажувам што можете, а што не, тоа прашање кое го поставив зошто почнавте многу да филозофирате, а Православието не е филозофирање, туку догма
 
едноставно прашање : кој го создал БОГ ?
 
Еволуцијата нема намера ништо да создава. Еволуцијата зема тоа што веќе постои, го врти, сучи, мултиплицира, па што ќе биде ќе биде, ако фати и организмот е добар во преживување и размножување, ќе оди понатаму, ако не--џенем. Свеста е само термин за целата оваа интегрирана компутација која се одвива во нашите мозоци и ништо повеќе. Да не лутаме овде, што ти подрабираш кога викаш свест во еволутивна смисла? На пример ако луѓето ја имаат, дали ја имаат шимпанзата или глувците?

Под свест го подразбирам нашето субјективно искуство. Нашето доживување на боите, зуците, болката, оргазмот. Дури и поапстрактните мисловни процеси, како логичкото размислување се проследени со некое субјективно искуство, иако таму е малку потешко да се одреди квалитетот на тоа искуство.

Да, шимпанзите имаат свесно искуство, исто и глувците, и свесно искуство моѓе да се најде и многу подолу.

Свеста не е само термин за интегрирана компутација, тоа е само едно сваќање за свеста, и мислам деке е скоро напуштено. Малкумина сега веруваат дека мозокот е хардвер, а умот софтвер.

За еволуцијата, не реков дека таа има било каква намера, но таа de facto створила живи организми со субјективно доживување. Ако тоа доживување не игра никаква улога во поведението на организмот, зошто воопшто би настанало? Еволуцијата не создава украси или епифеномени,,,

За квантната физика, некој друг пат, за да не ни се удави темата и дискусијата...
 
Хехехе, добра е прикаскава.

Мислиш дека светите писма (од која и да е религија) се доволен одговор за се? Земи прочитај и друга литература на темата, нема да те убие. (како што тврди овде еден член)

А повеќето прочитале барем една. Можеш да кажеш за себе дека си прочитала и библија и куран?
Како и многу други во светот кои ја барале вистината, и јас сум прочитала многу книги, но сите тие не ми ги одговорија прашањата за смислата на животот, а верувам дека секој човек се прашува.
 
Под свест го подразбирам нашето субјективно искуство. Нашето доживување на боите, зуците, болката, оргазмот. Дури и поапстрактните мисловни процеси, како логичкото размислување се проследени со некое субјективно искуство, иако таму е малку потешко да се одреди квалитетот на тоа искуство.

Да, шимпанзите имаат свесно искуство, исто и глувците, и свесно искуство моѓе да се најде и многу подолу.

Свеста не е само термин за интегрирана компутација, тоа е само едно сваќање за свеста, и мислам деке е скоро напуштено. Малкумина сега веруваат дека мозокот е хардвер, а умот софтвер.

За еволуцијата, не реков дека таа има било каква намера, но таа de facto створила живи организми со субјективно доживување. Ако тоа доживување не игра никаква улога во поведението на организмот, зошто воопшто би настанало? Еволуцијата не создава украси или епифеномени,,,

За квантната физика, некој друг пат, за да не ни се удави темата и дискусијата...

Не филозофирај на темава... ја промашувате... Поставувајте прашања :) Поинтересно е...
Или отвори тема филозофија на христијанството :)
 
Свеста е производ на мозокот и на неговата активност, и како таква е само епифеномен базиран на физичките законитости кои стојат позади функцијата на невроните.
Кога пишуваш свеста сигурно мислиш на hard problem of consciousness, така?
Е сега ако е така кажи кои научни студии го докажаа тврдењето дека свеста е епифеномен.
И друго ме интересира, кое е твоето појмање на свеста, како лично искуство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom