Под свест го подразбирам нашето субјективно искуство. Нашето доживување на боите, зуците, болката, оргазмот. Дури и поапстрактните мисловни процеси, како логичкото размислување се проследени со некое субјективно искуство, иако таму е малку потешко да се одреди квалитетот на тоа искуство.
Да, шимпанзите имаат свесно искуство, исто и глувците, и свесно искуство моѓе да се најде и многу подолу.
Свеста не е само термин за интегрирана компутација, тоа е само едно сваќање за свеста, и мислам деке е скоро напуштено. Малкумина сега веруваат дека мозокот е хардвер, а умот софтвер.
За еволуцијата, не реков дека таа има било каква намера, но таа de facto створила живи организми со субјективно доживување. Ако тоа доживување не игра никаква улога во поведението на организмот, зошто воопшто би настанало? Еволуцијата не создава украси или епифеномени,,,
За квантната физика, некој друг пат, за да не ни се удави темата и дискусијата...