Јоан,
1. Која е библиската заснованост на учењето од Римската Црква за постоењето на чистилиштето?
2. Кога и зашто се појави учењето „филиокве„?
3. Дали е Папата (било кој...) „до толку„ непогрешлив?
4. Зашто наредните папи не смеат да менуваат некоја новина, која ја вовел некој од претходните папи?
5. Зашто „обичните„ верници се причестуваат само со леб а не и со леб и вино, како и свештенството?
6. Зашто римокатолчките свештеници не треба да се женат (како монасите)?
7. Од каде доаѓа учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка Св. Ана?
8. Колку е точно дека римското крштевање е со оросување а не со целосно (трикратно) потопување на крстениот?
9. Зашто миропомазанието е одвоено од крштевањето?
10. Зашто мисата е крајно поедноставена литургија?
11. Зашто Римската Црква со лагодност прифаќа многу научни (читај: псевдо научни) вистини?
И конечно, она кое лично ме занима, на кој начин се ефектуира влијанието на Римската Црква во реалниот живот од луѓето, кои живеат во општества со претежно римокатоличка исповест, имајќи на ум дека многу зла во Светов ни доаѓаат токму од тие држави?
Да не се разбереме погрешно-зла доаѓаат од сите страни, но прашањево конкретно се однесува на државите/општествата со изразит римокатолицизам.
Бидејќи одговорите треба да бидат тоа што го проповеда и како работи Католичката Црква, а не трескање од ракав, потребно е и малку повеќе време. Но ќе одговорам на сите поставени прашања.
8. Колку е точно дека римското крштевање е со оросување а не со целосно (трикратно) потопување на крстениот?
Дидахе, глава 8
[FONT="]VII[/FONT]
1. Што се однесува за крштението, тоа правете го вака: прво сето ова ќе го изговорете, а тогаш крстете во име на Отец и Син и Светиот Дух - во вода што тече
2. Ако нема вода што тече, тогаш крсти во било каква друга вода;, ако не можеш во ладна вода, тогаш во топла;
3. Ако нема ни еднани друга, тогаш три пати излиј вода на главата во име на Отец и Син и Светиот Дух
4. А пред крштението, нека постат крштеникот и крстителот и другите кои можат. На крштеникот предходно наложи му д пости еден или два дена.
Во урбаните средини, крштевањето се врши, таму каде што нема Крстен базен, во соодветно корито со изливање на вода на крштеникот. Таму каде има Крстен базен, крштеникот се потпува целиот во вода. Соодветно на учењето на 12 апостоли дадено во Дидахе, погоре цитираниот текст, Католичката Црква воопшто не отстапува од начинот на кој се крштевало во првотната црква, (Дидахе потекнува од околу 120 година, а го применувале првотните цркви, и овој документ бил напишан за новосоздадените црковни заедници).
9,- Зошто Миропомазанието е одвоено од крштението?
Со кршетнието се исповедува верата, стариот човек умира во водите на крштението, а новиот Господ го воскреснува како нов човек, роден од Бога за живот вечен. За верата на кртеникот при крштевањето ГАРАНТИРА КУМОТ. Кумот гарантира дека крштеникот има вера во Христа и е спремен да биде крстен.
Миропомазанието е посебна света тајна. Со Миропомазанието, христијанинот, оној кој веќе е крстен во името на Отец и Син и Светиот Дух, се посветува на Бога преку Светиот Дух.
Како што пророците ги помазуваа избраните за Судии и цареви на Израелот, така и преку Миропомазанието се дават посебни милости преку Светио Дух од Бога за миропомазаникот во општа смисла на зборот да биде свештеник Божји, да биде Храм на Бога, на Светиот Дух.
Миропомазанието не е врзано со чинот накрштението.
Католичката Црква која го применува Западниот обред, светата тајна Миропомазание ја дава откако крштеникот ќе помине одредено време на веронаука, за да се запознае со Христовата наука и светите тајни, да биде одговорен за примањето на тајната.
Католичката Црква која го применува Источниот обред, светата тајна Мироппомазание ја дава заедно со крштението.
Оваа света тајна, повторно ќе напоменам, бидјеќи има погрешни толкувања, НЕ Е ВРЗАНА, НИТУ Е ЗАВИСНА, НИТУ Е ОБАВЕЗНА, да се дава со светата тајна Крштение. Тоа се две сосема различни свети тајни. И двата начина се исправни.
7. Од каде доаѓа учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка Св. Ана?
Од Источната Црква. Корените и верувањето дека света Дева Марија е безгрешно зачната е уште од самиот почеток. Во Златоустовата Литургија, после претворбата, Анамнеза, се исповедува:
„Особено за пресветата, пречистата, преблагословената, славната владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија.“
на што се одговара:
„
Достојно е навистина да Те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пречиста и Мајка на нашиот Бог.
Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, непорочното Слово Божје си го родила, вистинска Богородице, Те величиме“
Црквата исповедува дека е Достојно, мислам дек знаеш што значи Црквата да исповеди Достојно. Потоа исповедува: Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...“
Кои се и што се херувимите и серафимите? Бестелесни, совршени Божји створенија, а света Дева Марија е почесна од нив. Тоа само дава за право да Бог света Дева Марија ја зачувал за исполнување на својот план за спасение.
И други настани влијаеле брз донесувањето на оваа догма. Тоа се објавите на света Дева Марија, кои Католичката Црква ги исповедува за вистински и за објава на Божја тајна која сега е обзнанена, а за која предходно само се наслутувало.