Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еми, ако е истиот Бог, оти ВИЕ да не го викате Алах?!!?

Нели е истиот?

Аллах - бог - الله
бог - општа именка
Јахве (Јехова)-אלוהים - лично име под кое се објавил бог на Синај на Мојсеј
Исус Христос - лично име на Исус од Назарет
Отец и Син и Светиот Дух - Пресвета Троица - лично име на објавата божја, запишана во четирите Евангелија, во Католичките (Соборните) Посланија на апостолите и Посланијата на св. апостол Павле
Бог е и тотемот, идолот. бог - може да бидат парите. бог - може да биде семејството итн. Има безброј богови. Но во монотеистичките религии, само во религијата на Евреите прво се појавува лично име на бог -אלוהים Јахве (Јехова). Израелците е питомата маслинка. Моногубожните народи кои го примија христијанството се дивата маслинка калемена на питомата. Овој исти бог Јахве (Јехова) се објваува како Пресвета Троица.

п.с. Има разлика и тоа е очигледна. Само за инает некој атеист може да тропа канти, или од инает да изеде вреќа сол.
 
А што Јахве нели е бог? Или не е? За истиот бог говорите ама не признавате.
Погледни го стариот завет и во куранот и во библијата (нека не се лутат муслиманите, не мислам на стар завет како поглавје во куранот) се потполно исти суштински. Значи до појавата на Исус кај христијаните и на Мухамед кај муслиманите се раководат по писанијата од Јудејските свети книги. И таму и таму е Истиот бог, оној кој ги создаде Ева и Адам, Кој создаде се друго, Потопот, вавилон......итн... Тој е истиот Бог. Разликите се во толкувањата и начинот на пишување во тие 2 книги.
Но секогаш мора постои спротивставеност дури ни вие внатре во разно разните секти и деноминации.... кој става икони кој не, кој се крсти од лево на десно кој обратно....Очи ќе си извадите кој е во право и меѓу себе.
Те прашав еднаш и не ми одговори..... Зошто ги мразиш атеистите? Што зло ти направиле?

П.С. Не вреќа сол туку Танкери со сол од инает јадете
 
Што значи мразиш? Дефинирај.
 
А што Јахве нели е бог? Или не е? За истиот бог говорите ама не признавате.
Погледни го стариот завет и во куранот и во библијата (нека не се лутат муслиманите, не мислам на стар завет како поглавје во куранот) се потполно исти суштински. Значи до појавата на Исус кај христијаните и на Мухамед кај муслиманите се раководат по писанијата од Јудејските свети книги. И таму и таму е Истиот бог, оној кој ги создаде Ева и Адам, Кој создаде се друго, Потопот, вавилон......итн... Тој е истиот Бог. Разликите се во толкувањата и начинот на пишување во тие 2 книги.
Но секогаш мора постои спротивставеност дури ни вие внатре во разно разните секти и деноминации.... кој става икони кој не, кој се крсти од лево на десно кој обратно....Очи ќе си извадите кој е во право и меѓу себе.

за ова коментирај а твојот говор на омраза (се поприсутен) не е предмет на дискусија.
 
Јоан,

1. Која е библиската заснованост на учењето од Римската Црква за постоењето на чистилиштето?
2. Кога и зашто се појави учењето „филиокве„?
3. Дали е Папата (било кој...) „до толку„ непогрешлив?
4. Зашто наредните папи не смеат да менуваат некоја новина, која ја вовел некој од претходните папи?
5. Зашто „обичните„ верници се причестуваат само со леб а не и со леб и вино, како и свештенството?
6. Зашто римокатолчките свештеници не треба да се женат (како монасите)?
7. Од каде доаѓа учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка Св. Ана?
8. Колку е точно дека римското крштевање е со оросување а не со целосно (трикратно) потопување на крстениот?
9. Зашто миропомазанието е одвоено од крштевањето?
10. Зашто мисата е крајно поедноставена литургија?
11. Зашто Римската Црква со лагодност прифаќа многу научни (читај: псевдо научни) вистини?

И конечно, она кое лично ме занима, на кој начин се ефектуира влијанието на Римската Црква во реалниот живот од луѓето, кои живеат во општества со претежно римокатоличка исповест, имајќи на ум дека многу зла во Светов ни доаѓаат токму од тие држави?

Да не се разбереме погрешно-зла доаѓаат од сите страни, но прашањево конкретно се однесува на државите/општествата со изразит римокатолицизам.
 
Ме мрзи да враќам рикверц по странициве,ама на овие два поста не можев да им одолеам. И затоа ќе реплицирам ептен кратко.

За разлика од Исламот, каде на Аллах му се придаваат човечки особини....

Се гледа дека не си фатил исламска книга ( камоли Куран) за да видиш како муслиманите го поимаат Бога (Аллах). Ти пријателе очигледно си ги помешал лончињата . Ако сакаш да видиш:

- Насликан бог,
-Вајан бог,
-Бог со брада
-Гол бог ( додуше срамното место му е покриено)
-Компанија Бог
-... итн.

Тркни до твојата католичка црква и таму ќе го најдеш. Ти текнува ? :) Тоа е вашиот христијански Бог. Ист ко Ѓорѓи Колозов. :):)

За христијаните Алах е лажен непостоечки бог, а зад лажните божества стои и манипулира ѓаволот.
Алах, како што е опишан во Куранот, многу се разликува од христијанскиот Бог, и по природа, и по карактер, и по особини, и по морал итн. Со други зборови, Јудео-христијанскиот Бог е различен од Исламскиот Бог и не можат да се поистоветуваат, барем тоа не Му се допаѓа на нашиот Бог, кога го поистоветуваме со некој таков „бог“.
Позз

Кажи ми како го викаат твојот Бог твоите собраќа протестанти на кои говорниот јазик им е арапскиот, па после тропај вакви хитови.

А за разликата на јудео - христијанскиот Бог со исламскиот, доволно ти е да го споредиш богот од Стариот и измислениот бог од Новиот Завет и ќе ти биде сосема јасно дека самиот врз себе предизвикуваш цунами....друже.

--- надополнето ---

Прашање: ( во контекст на дискусијата околу поимањето на Бога)

- Дали Бог е Еден, и ако е, зошто тогаш е сосема различен Богот во Стариот Завет од Богот во Новиот Завет?

Да бидам појасен: Богот во Стариот Завет има сосема поинаков карактер и особини од Богот во Новиот Завет. Ако вие христијаните тврдете дека Бог е Еден и Апсолутен, зошто тогаш толкава разлика има за него во двата Завета?
 
[/COLOR]Прашање: ( во контекст на дискусијата околу поимањето на Бога)

- Дали Бог е Еден, и ако е, зошто тогаш е сосема различен Богот во Стариот Завет од Богот во Новиот Завет?

Да бидам појасен: Богот во Стариот Завет има сосема поинаков карактер и особини од Богот во Новиот Завет. Ако вие христијаните тврдете дека Бог е Еден и Апсолутен, зошто тогаш толкава разлика има за него во двата Завета?

Прашањво, гледам, не е упатено до некој форумџија па ќе си дозволам луксуз и ќе коментирам:

- Бог Е Еден по природа а Троица по ликови,
- Бог во Стариот Завет е Е истиот како и Бог во Новиот Завет,
-Бог во Стариот Завет ретко се појавува како Троедин, па затоа јудеите и тогаш и денес сметаат дека Бог Е Еден, како „единица„, како индивидуа,
- во Новиот Завет, Бог , делумно, ја покажа својата троичност: Отец (како глас од Небесата), Син (Христос) и Свет Дух (гулаб),
- признавам: привидно, постои разлика меѓу старозаветниот и новозаветниот Бог, но Божјата промисла е видлива низ Стариот Завет, која конечно се ефектуира во Новиот Завет, преку овоплотувањето на Синот Божји. Така, во Стариот Завет, Бог е „сокриен„ а во Новиов, Бог стана видлив и практично го покажа своето човекољубие.

Не дека Бог се променил, туку Бог ја увиде(л) човековата беспомошност па затоа Он и реши(л) да се вклучи непосредно во човековата историја...
 
-Бог во Стариот Завет ретко се појавува како Троедин, па затоа јудеите и тогаш и денес сметаат дека Бог Е Еден, како „единица„, како индивидуа,

Жити мајка! Каде тоа бог се појавува како троедин во Стариот Завет?!?!
 
Јоан,

1. Која е библиската заснованост на учењето од Римската Црква за постоењето на чистилиштето?
2. Кога и зашто се појави учењето „филиокве„?
3. Дали е Папата (било кој...) „до толку„ непогрешлив?
4. Зашто наредните папи не смеат да менуваат некоја новина, која ја вовел некој од претходните папи?
5. Зашто „обичните„ верници се причестуваат само со леб а не и со леб и вино, како и свештенството?
6. Зашто римокатолчките свештеници не треба да се женат (како монасите)?
7. Од каде доаѓа учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка Св. Ана?
8. Колку е точно дека римското крштевање е со оросување а не со целосно (трикратно) потопување на крстениот?
9. Зашто миропомазанието е одвоено од крштевањето?
10. Зашто мисата е крајно поедноставена литургија?
11. Зашто Римската Црква со лагодност прифаќа многу научни (читај: псевдо научни) вистини?

И конечно, она кое лично ме занима, на кој начин се ефектуира влијанието на Римската Црква во реалниот живот од луѓето, кои живеат во општества со претежно римокатоличка исповест, имајќи на ум дека многу зла во Светов ни доаѓаат токму од тие држави?

Да не се разбереме погрешно-зла доаѓаат од сите страни, но прашањево конкретно се однесува на државите/општествата со изразит римокатолицизам.

Бидејќи одговорите треба да бидат тоа што го проповеда и како работи Католичката Црква, а не трескање од ракав, потребно е и малку повеќе време. Но ќе одговорам на сите поставени прашања.

8. Колку е точно дека римското крштевање е со оросување а не со целосно (трикратно) потопување на крстениот?
Дидахе, глава 8
[FONT=&quot]VII[/FONT]
1. Што се однесува за крштението, тоа правете го вака: прво сето ова ќе го изговорете, а тогаш крстете во име на Отец и Син и Светиот Дух - во вода што тече
2. Ако нема вода што тече, тогаш крсти во било каква друга вода;, ако не можеш во ладна вода, тогаш во топла;
3. Ако нема ни еднани друга, тогаш три пати излиј вода на главата во име на Отец и Син и Светиот Дух
4. А пред крштението, нека постат крштеникот и крстителот и другите кои можат. На крштеникот предходно наложи му д пости еден или два дена.

Во урбаните средини, крштевањето се врши, таму каде што нема Крстен базен, во соодветно корито со изливање на вода на крштеникот. Таму каде има Крстен базен, крштеникот се потпува целиот во вода. Соодветно на учењето на 12 апостоли дадено во Дидахе, погоре цитираниот текст, Католичката Црква воопшто не отстапува од начинот на кој се крштевало во првотната црква, (Дидахе потекнува од околу 120 година, а го применувале првотните цркви, и овој документ бил напишан за новосоздадените црковни заедници).

9,- Зошто Миропомазанието е одвоено од крштението?

Со кршетнието се исповедува верата, стариот човек умира во водите на крштението, а новиот Господ го воскреснува како нов човек, роден од Бога за живот вечен. За верата на кртеникот при крштевањето ГАРАНТИРА КУМОТ. Кумот гарантира дека крштеникот има вера во Христа и е спремен да биде крстен.
Миропомазанието е посебна света тајна. Со Миропомазанието, христијанинот, оној кој веќе е крстен во името на Отец и Син и Светиот Дух, се посветува на Бога преку Светиот Дух.
Како што пророците ги помазуваа избраните за Судии и цареви на Израелот, така и преку Миропомазанието се дават посебни милости преку Светио Дух од Бога за миропомазаникот во општа смисла на зборот да биде свештеник Божји, да биде Храм на Бога, на Светиот Дух.
Миропомазанието не е врзано со чинот накрштението.
Католичката Црква која го применува Западниот обред, светата тајна Миропомазание ја дава откако крштеникот ќе помине одредено време на веронаука, за да се запознае со Христовата наука и светите тајни, да биде одговорен за примањето на тајната.
Католичката Црква која го применува Источниот обред, светата тајна Мироппомазание ја дава заедно со крштението.
Оваа света тајна, повторно ќе напоменам, бидјеќи има погрешни толкувања, НЕ Е ВРЗАНА, НИТУ Е ЗАВИСНА, НИТУ Е ОБАВЕЗНА, да се дава со светата тајна Крштение. Тоа се две сосема различни свети тајни. И двата начина се исправни.

7. Од каде доаѓа учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка Св. Ана?

Од Источната Црква. Корените и верувањето дека света Дева Марија е безгрешно зачната е уште од самиот почеток. Во Златоустовата Литургија, после претворбата, Анамнеза, се исповедува:
„Особено за пресветата, пречистата, преблагословената, славната владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија.“
на што се одговара:
Достојно е навистина да Те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пречиста и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, непорочното Слово Божје си го родила, вистинска Богородице, Те величиме“

Црквата исповедува дека е Достојно, мислам дек знаеш што значи Црквата да исповеди Достојно. Потоа исповедува: Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...“
Кои се и што се херувимите и серафимите? Бестелесни, совршени Божји створенија, а света Дева Марија е почесна од нив. Тоа само дава за право да Бог света Дева Марија ја зачувал за исполнување на својот план за спасение.
И други настани влијаеле брз донесувањето на оваа догма. Тоа се објавите на света Дева Марија, кои Католичката Црква ги исповедува за вистински и за објава на Божја тајна која сега е обзнанена, а за која предходно само се наслутувало.
 
Аллах - бог - الله
бог - општа именка
Јахве (Јехова)-אלוהים - лично име под кое се објавил бог на Синај на Мојсеј
Исус Христос - лично име на Исус од Назарет
Отец и Син и Светиот Дух - Пресвета Троица - лично име на објавата божја, запишана во четирите Евангелија, во Католичките (Соборните) Посланија на апостолите и Посланијата на св. апостол Павле
Бог е и тотемот, идолот. бог - може да бидат парите. бог - може да биде семејството итн. Има безброј богови. Но во монотеистичките религии, само во религијата на Евреите прво се појавува лично име на бог -אלוהים Јахве (Јехова). Израелците е питомата маслинка. Моногубожните народи кои го примија христијанството се дивата маслинка калемена на питомата. Овој исти бог Јахве (Јехова) се објваува како Пресвета Троица.

п.с. Има разлика и тоа е очигледна. Само за инает некој атеист може да тропа канти, или од инает да изеде вреќа сол.

Во Стариот Завет е ЕДНОЕДИН. Во Новиот е ТРОЕДИН. Во Куранот е повторно ЕДНОЕДИН.

Каква е оваа калакурница?!?! Нели е еден исти бог?

Правите компликации, глупости и делби, само да имате зашто да си ги вадите очите.

И уште му викаш на муслиманот: „ТИ викај го твојот бог како што јас го викам мојот!“

Абе ајде! Каква препотентност, еееејјј!!!
 
Жити мајка! Каде тоа бог се појавува како троедин во Стариот Завет?!?!

На патријархот Авраам, му дојдоа тројца патници-ангели, на кои Авраам им се поклони, препознавајќи Го Бога во нив. Ѕирни во Битието, 18-та глава.

Жими мајка, еј...

--- надополнето ---

Бидејќи одговорите треба да бидат тоа што го проповеда и како работи Католичката Црква, а не трескање од ракав, потребно е и малку повеќе време. Но ќе одговорам на сите поставени прашања.

Немет проблем, трпелив сум...

--- надополнето ---

7. Од каде доаѓа учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка Св. Ана?

Од Источната Црква. Корените и верувањето дека света Дева Марија е безгрешно зачната е уште од самиот почеток. Во Златоустовата Литургија, после претворбата, Анамнеза, се исповедува:
„Особено за пресветата, пречистата, преблагословената, славната владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија.“
на што се одговара:
Достојно е навистина да Те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пречиста и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, непорочното Слово Божје си го родила, вистинска Богородице, Те величиме“

Црквата исповедува дека е Достојно, мислам дек знаеш што значи Црквата да исповеди Достојно. Потоа исповедува: Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...“
Кои се и што се херувимите и серафимите? Бестелесни, совршени Божји створенија, а света Дева Марија е почесна од нив. Тоа само дава за право да Бог света Дева Марија ја зачувал за исполнување на својот план за спасение.
И други настани влијаеле брз донесувањето на оваа догма. Тоа се објавите на света Дева Марија, кои Католичката Црква ги исповедува за вистински и за објава на Божја тајна која сега е обзнанена, а за која предходно само се наслутувало.

Не ме (раз)убеди...
Зборот ми беше, не дали е Христос безгрешно зачнат (тоа е неспорно...), туку дека Св. Ана, мајката Мариина, безгрешно ја зачнала Марија Богородица. Честа која ја има Богородица, како „...почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, Бога Словото девствено што Го роди...„, како што Црквата ја воспева Богородица на секоја литургија, не зборува за безгрешното зачнување на мајката Божја, туку за безгрешното зачнување Христово, преку осенувањето од Духот Свет.

Да поедноставам: Св. Ана била безгрешно зачната, раѓајќи ја Марија Богородица. Така е или не е?
 
На патријархот Авраам, му дојдоа тројца патници-ангели, на кои Авраам им се поклони, препознавајќи Го Бога во нив. Ѕирни во Битието, 18-та глава.

Значи 4-вороедин?!?
Господ + 3 патници = 4

Ова е боље и од потписот твој.

Кај хиндусите барем си се знае кој е што. Овдека.... ЕДНОЕДИН, па ТРОЕДИН, кога Исус бил мртов 3 дена бил ДВОЕДИН, дошол Мухамед, го напраил повторно ЕДНОЕДИН. ...Мики, сеа тврди дека еднуш у стари завет бил дури и ЧЕТВОРОЕДИН, а меѓу редови промовира и traveling-angels - мора да биле со Харли...

Виша математика ова јудео-христијано-исламов... Затоа изглеа ме нервира толку...
 
Господ + 3 патници = 4

Ц...Лоша Ти е то математиката....

Туку: 3 патници=1 Господ.

Имено, Бог не му се јави на Авраама во својата Божествена природа, туку Бог на Авраам му се јави посредно, преку 3-те патници, .т.е. ангели. А поимот „ангел„ значи „весник, оној кој пренесува Божја вест до луѓето„.

Погледни некоја икона која ја прикажува средбата Авраамова со Бога и таму ќе го видиш Авраама, кој е поклонет пред 3 ангели.

--- надополнето ---

З
Ова е боље и од потписот твој.
.

Не, потписот точно одговара на Троичноста Божја. Рускиот ренесансен сликар Андреј Рубљов ја има изработено иконата на која Троединиот Бог е прикажан кпреку 3 ангели, од кои секој го изобразува едниот од трите ликови Божји: Отецот, Синот и Светиот Дух...
 
Ц...Лоша Ти е то математиката....

Туку: 3 патници=1 Господ.

Имено, Бог не му се јави на Авраама во својата Божествена природа, туку Бог на Авраам му се јави посредно, преку 3-те патници, .т.е. ангели. А поимот „ангел„ значи „весник, оној кој пренесува Божја вест до луѓето„.

Погледни некоја икона која ја прикажува средбата Авраамова со Бога и таму ќе го видиш Авраама, кој е поклонет пред 3 ангели.

WOW! Значи господ монотеистичкиот може да се појави како било кој од ангелите... тие 9 реда, по 9 реда ... тие катаљон шо се!

Како е тогаш јахве различен од Кришна, на пример, кој исто така земал форми други...

Или, уште боље, како е поразличен од сексуалниот манијак Зевс, на пример?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom