Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А ме интересира вака...вчера ете на Бадник традиционално во секоја куќа се крши лебче со паричка..зошто прилепчани тоа го прават на Василица?
 
На линков:

http://veronauka.tripod.com/tekstovi/tajne.htm#brak

имаш краток и суштински опис за сите 7 Свети Тајни во Црквата, вклучувајќи го и бракот.

--- надополнето ---

Грешка у преводот или масло на нечестивиот. Трето нема. Нели, Мики?

Ова е троа „сумњиво„, оти Црквата не ја поддржува астрологијата, т.е. „гатањето по ѕвезди„, како се вели во Писмото. Ако фоткава навистина е веродостојна, пошто е посочено името од храмот од кој веројатно е направена, тогаш навистина е проблем. За секој случај , ќе се распрашам...Гризијците се јаки на вера и денес, оти имаат силни богослови, па лично не верувам дека ваква грешка би им се поткраднала.

Своевремено, Св. Јован Дамаскин (8-от век) се има повикувано и на знаците од зодијакот,под влијание од источните магиски доктрини, што секако не е според духот од црковното учење. Битно е да знаеме во кое време е изработена предметнава фреска, ако не е некоја „фотошоп„ монтажа.
 
На линков:

http://veronauka.tripod.com/tekstovi/tajne.htm#brak

имаш краток и суштински опис за сите 7 Свети Тајни во Црквата, вклучувајќи го и бракот.

Ти благодарам Мики, затоа што стварно не ми беше ич јасно, зошто цело време бракот го нарекуваат света тајна, а според денешниве збиднување никому ништо не е му е свето во бракот, а овде баш убаво објаснува зошто е света тајна, знам дека брат ми пред извесно време се разведе па си побара и од црква да го одвенчаат бар така ми кажа дека требало сакал да биде на чисто, не само од законска страна туку и од божја.
 
Светотаинственоста од бракот се состои во неговата осветеност од Црквата, преку Духот Свет, иако бракот е видлива заедница меѓу сопружниците.
Тоа што брат ти побарал не само од власта, туку и од Црквата да добие дозвола за развод, тоа во принцип е правилен потег, но неговата намера да се разведе е прашање на негова слободна волја. Црквата допушта стапување и до трет брак, под одредени услови.
 
Ако православието го гледа бракот како ткн. „света тајна“, тогаш зошто МПЦ ги благослови вторите бракови на Груевски и Бучковски? Која е тајната во бракот? Парите или власта?

п.с. Таканаречените „свети тајни“ се измислица на католичката црква (а подоцна, по расколот, ги наследиле и православните цркви). Во Божјиот Збор - Библијата не се спомнуваат никакви „свети тајни“.

Ова е точно само за православните цркви. Христовата црква не дозволува развод.

„Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ“ (Малахија 2:16, Библијата)
„Сврзан ли си со жена? Не барај развод!“ (1 Коринтјаните 7:27, Библијата)
 
Да ама сега никој нема трпение соломонско ко порано, сега малку нешто ако зашкрипи секој по својот пат, жртвата е некако заборавен поим не само во сверата на бракот туку секаде, а за да задржиш нешто според мене треба и да жртвуваш односно да се откажеш од некои работи, така да затоа во последно време побројни се разводите него браковите, сума сумарум, не во прашање демократија или незнам ти кој назив се не ке излезе во пресрет ни е дојдено време на своеволие, егоизам до таван и тука неможе никоја релига да измени ништо, сите во принцип одиме во црква и се молиме, палиме свеќи, а од друга страна богохулиме, само за да се совпаднеме со масата и грото размислувања на повеќемина.
 
Чорбаџи, Светите Тајни се битни само за личностите кои се во Црквата, но не и за индивидуите кои се надвор од Црквата...За воцрковените личности, важат Црковните правила, а за индивидуите надвор од Црквата, важат нивните приватни правила...

--- надополнето ---

Да ама сега никој нема трпение соломонско ко порано, сега малку нешто ако зашкрипи секој по својот пат, жртвата е некако заборавен поим не само во сверата на бракот туку секаде, а за да задржиш нешто според мене треба и да жртвуваш односно да се откажеш од некои работи, така да затоа во последно време побројни се разводите него браковите, сума сумарум, не во прашање демократија или незнам ти кој назив се не ке излезе во пресрет ни е дојдено време на своеволие, егоизам до таван и тука неможе никоја релига да измени ништо, сите во принцип одиме во црква и се молиме, палиме свеќи, а од друга страна богохулиме, само за да се совпаднеме со масата и грото размислувања на повеќемина.

Архимандритот Карелин вели дека распадот на традиционалните меѓучовечки релации, се должи за ладењето на љубовта кај луѓето, токму она кое Св. Ап. Павле го најави како одлика за луѓето од последните времиња, па не е чудното што „модерните„ сопружници со леснотија посегнуваат по разводот, како решение за нивната лоша личносна релација. Кога луѓето би разбрале дека треба да бидат личности а не индивидуи, тогаш би ја скротиле својата своеглавост и наместо самољубие, би покажале љубов кон ближниот свој, во случајов, кон сопружникот.

Затоа, според црковното учење, идните сопружници треба да бидат „на чисто„ дали ќе стапат во брак ради градење личносна релација, или т.н. „домашна црква„ или ќе стапат во брак ради лични страсти и похоти...
 
MIKI1

Ќе сакаш ли да одговориш на ова, оти и мене ме интересира:
А ме интересира вака...вчера ете на Бадник традиционално во секоја куќа се крши лебче со паричка..зошто прилепчани тоа го прават на Василица?

Може да ми кажеш, според православието, а и според нашата традиција, кога треба да се прави кршењето лепче со паричка? На Бадник, на Василица, и на двата празника, или пак воопшто не треба да се прави тоа?
 
Кршењето леб со вметната паричка е повеќе народна традиција, но не и црковна. Отец Ивица (по мое сеќавање...) вели дека обичајно, и на двата празници се врши тоа кршење на лебот. Бидејќи се работи за народна традиција, таа има разлики во практикувањето од место до место, така да не е проблем ако лебот се крши само на еден од празниците или и на двата празници.

Црквата не забранува народни обичаи кои се дел од народната традиција и кои не контрираат на катихизисот.
 
Е чекај малце. Луѓето веруваат дека таа паричка им носи среќа нели т.е во кого ќе се падне ќе биде среќен цела година(ќе го следи среќа цела година)? Не е ли контра тоа на христијанското учење? Не зависи ли се од Бога? Не е ли се според Божја воља и одредба во Христијанството? Мислам ме разбираш. Благодарам.
 
Волјата Божја е волја Божја, а човековата волја е човекова слободна волја. „Средбата„ меѓу тие две волји се случува кога волјата човекова ќе ја препточита волјата Божја, така што личноста ќе ја испочитува и практикува волјата Божја а не својата своеглавост. Исполнувањето на волјата Божја во секојдневието не значи дека самиот себе се претворам во испрограмиран робот, туку дека мојата слободна волја ја приближувам до Божјата, согласно мојот дар од Бога и согласно условите во кои живеам.

Што се однесува до верувањето дека наоѓањето на паричката автоматски ќе ми донесе среќа во текот од престојнава година, работата е проста: навистина треба среќа за токму мене да ми се падне паричката, а покорисно ќе е да се надевам трајно на Бога, а не на случаен настан, кој би можел да ми донесе некаква моментална среќа. Кршењето леб и наоѓањето на паричката, повеќе служи за заедничарење/собирање на семејството на тој обединувачки чин на кршење лиеб, отколку практикување суеверие.
 
п.с Секогаш кажувате многу работи од памет мислејки дека тоа е така, затоа што вие така мислите.
Не бе, тебе ќе те прашам за све, нема ја што тука да размислувам со сопствена глава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom