- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Зошто сексот се смета за грев? Не повредува никого и не нанесува штета, напротив извор е на задоволство и е единствениот начин на кој луѓето опстојуваат - се размножуваат ( како и многу други животински видови). Но сепак христијанството го смета за неморален, грешен и за табу! Зошто?
Си се помешал со православието. Во православието сексот е грешен и сл.
Додека во христијанството сексот е од Бог создаден и благословена работа.
"Нека е благословен твојот извор, и радувај се со жената на својата младост, нека ти е како мила срна и љубезлива кошута; нека те напојуваат нејзините гради во секое време, и нејзината љубов нека те восхитува непрестано!"
(Поговорки 5:18-19)
Во Библијата дури е и забранета апстиненцијата од секс, освен по договор на брачните партнери:
"Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност."
(1 Коринтјаните 7:5)