Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Има и други, не е да нема...

Ево, на пример, јас сум бог...Ти се верува? Ако ти се верува зашто? Ако не ти се верува, зашто не? Што е поглем бог Озирис или Митра или Јупитер од мене?
 
Toа е твое лично мислење, можеш да мислиш и дека си бог и дека си наполеон и дека си јордан пиперката.... јас кажувам што Бог вели а тој вели

12. Оти ќе поминам низ земјата египетска
таа ноќ , и ќе го убијам секој новороден во
земјата египетска , од човек до добиток, и
ќе се одмаздам на сите богови египетски.
Јас сум Господ.

Излез 12

На кој ќе му се одмазди Господ??

Има разни богови некои се послини некои послаби со тек на време некои ослабуваат, некои нови настануваат. Египетските богови успешно му парираа на господ во првите три чуда, претворање на стап во змија претварање на реките во крв и изведување на жаби низ египет. како што направија Арон и Мојсеј со помош на господ, направија и египетските свештеници со помош на своите богови.
 
Погрешно...

Египетските жреци се повлекоа пред моќта од вистинскиот Бог, па затоа не можеа да ги спречат непогодите кои му се случија на Египет и на египќаните после натегањето на Мојсеја со фараоновите магионичари...
 
12. Оти ќе поминам низ земјата египетска
таа ноќ , и ќе го убијам секој новороден во
земјата египетска , од човек до добиток, и
ќе се одмаздам на сите богови египетски.
Јас сум Господ.

Излез 12

Египетските богови се замислена духовна сила за да се оправда правењето магии, на египетските свештеници. Додека Мојсеевите чуда се директни дела на Бог, не се магии. Египетските богови замислено постоеле но тие се производ на Сатаната.
 
Погрешно...

Египетските жреци се повлекоа пред моќта од вистинскиот Бог, па затоа не можеа да ги спречат непогодите кои му се случија на Египет и на египќаните после натегањето на Мојсеја со фараоновите магионичари...

Во Излез 7 од 9-12 Мојсеј и Арон фрлаат стаповви пред фараонот и тие се претвараат во змии, фараонот наредува на своите свештениците и ти своите стапови ги фрлаат и се претвараат во змии.

Во Излез 7 19-22 Господ му наредува на Мојсеј и Арон да претворат реките во крв и тие тоа го прават, фараонот му наредува на своите свештеници да го направат исто и тие успеваат.

Во Излез 8 6-7 Господ му кажува на Мојсеј да претвори наезда жаби во египет и тие тоа прават, фатраонот му го наредува тоа на своите свештеници и тие го повторуваат истото, создаваат наезда на жаби.

На кои богови Господ мисли кога вели во Излез 12

12. Оти ќе поминам низ земјата египетска
таа ноќ , и ќе го убијам секој новороден во
земјата египетска , од човек до добиток, и
ќе се одмаздам на сите богови египетски.
Јас сум Господ.

или во Излез 18:11 Јотор кога вели

Сега знам дека Господ е поголем од сите богови...
 
13 Пазете го сето она, што ви го
кажав. Не спомувајте ги имињата
на туѓите богови, ова да не се чуе од
устата ваша.

Излез 23

има и други боговии нивното постоење е потврдено и во библијата.
Јасно се гледа дега има “наши“ и “туѓи“ богови. Богови на разни народи и(ли) верници

И како го сваќаш ти тоа постоење на повеќе богови? Има ли некаква хиерархија меѓу нив, еден е главен а другите му се помошници? или сите работат одделно. И кој го создаде светот? Сите богови заедно, или само еден го створил светот па во тој случај зошто би создавал и други богови покрај себе - зошто би си создавал сам себе конкуренција?
 
Сите богови си се башка. Некои си постоело од порано некои настанале покасно. Меѓу себе понекогаш си се во судир али најчесто не си се мешаат еден со друг во работата. Секој си има свои верници свои правила свои храмови и обреди и се трудат да соберат што повеќе души па се фалат дека баш тиие ја создале земјата и вселената али земјата и вселената настанаа сами од себе по природни и физички закони а боговите само си ги присвојуваат за да се направат посилни и помоќни.
 
Прашање:

Освен во Евангелијата и другите делови на Новиот завет, има ли други небиблиски историски извори кои го опишуваат животот на Исус Христос?
 
Побарај ги книгите "Хирамовиот клуч" и "Вториот месија" Од Кристофер Најт и Роберт Ломас.
 
Прашање:

Освен во Евангелијата и другите делови на Новиот завет, има ли други небиблиски историски извори кои го опишуваат животот на Исус Христос?

Обиди се да ја најдеш книгата „Христос„ од отец Александар Мењ, мислам дека е издание од „Ѓаконија„.
 
Прашање:

Освен во Евангелијата и другите делови на Новиот завет, има ли други небиблиски историски извори кои го опишуваат животот на Исус Христос?

Делата кои пишуваа (историски) за Исус а кои не беа од христијани и не беа во склад со христијанството се уништени од црквата. Така да за Исус (од почетоците на христијнството) можеш да читаш само она што го напишаа самите христијани.
 
Не знам на кои дела точно целиш, но да речеме дека си во право. Подобро да бидат спалени сите искривени човечки записи за Христа Богочовекот, отоклку тие записи да стигнат во рацете од поединци, кои, иако би сакале да се спасат, наместо спас би добиле казна, заблудени од содрѓините од тие наводно уништени книги/дела. Она кое им е има случено на поединци во Римската Црква или она кое тековно го практикуваат деноминираните рисјани, самите по себе се одличен показател за тешките последици кои можа да ги снајдат оние поединци, кои во рацете имаат погрешни записи.

За Христа Богочовекот, можат да пишуваат само оние поединци, кои се навистина Христови.
 
Еднаш те прашав а не ми одговори за Наг Хамади.
 
Прашање:

Освен во Евангелијата и другите делови на Новиот завет, има ли други небиблиски историски извори кои го опишуваат животот на Исус Христос?

Да има, ама библиските историски извештаи се најверодостојните, најопширните и најдеталните. Впрочем и затоа се наоѓаат во корицата на Библијата.
 
Не знам на кои дела точно целиш, но да речеме дека си во право. Подобро да бидат спалени сите искривени човечки записи за Христа Богочовекот, отоклку тие записи да стигнат во рацете од поединци, кои, иако би сакале да се спасат, наместо спас би добиле казна, заблудени од содрѓините од тие наводно уништени книги/дела. Она кое им е има случено на поединци во Римската Црква или она кое тековно го практикуваат деноминираните рисјани, самите по себе се одличен показател за тешките последици кои можа да ги снајдат оние поединци, кои во рацете имаат погрешни записи.

За Христа Богочовекот, можат да пишуваат само оние поединци, кои се навистина Христови.

Најсигурно е да се спалат и писателите. Да не слиучајно кажат или напишат пак нешто...
Инаку имавме и во поновата историја спалувања на книги од неподобни автори.

--- надополнето ---

Да има, ама библиските историски извештаи се најверодостојните, најопширните и најдеталните. Впрочем и затоа се наоѓаат во корицата на Библијата.

Како изгледаше Исус спрема историските библиски извори?
Кога е точно роден, каде бил привите 30 сетина години што правел тогаш, која година е распнат, во која година почнал да проповеда....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom