Ipsissimus
P.I.
1. Заслугата што денеска живееме во демократско општество каде никој неможе да те спали на плоштад сигурно не е заслуга на црквата, ниту пак има било каква врска тоа со моето прашање.Можам.
1. Во т.н. демо(но)кратија, имаш привидно право да кажеш било што и никој да не те однесе на клада на плоштад и да те запали заради твоето мислење...
2. Тоа што Црквата го тврди, е истото кое Црквата го живее. А кој и зошто палел своеглави поединци, тоа Папата Јован Павле јавно го призна како грешка на Римската а не на Источната православна Црква.
3. Тоа што Земјата се вретла околу Сонцето или било обратно, за животот од Црквата и нејзините челнови е најмалку битна работа. Црквата се занимава пред се, со духовни категории а не со овосветовни.
4. Не. не мислам дека има било какво оправдување за нечие палење на плоштад. Оправдувања нема. Источната Црква нема таква пракса, па ако некој не сака да го прифати учењето од Црквата, таквиот се одвојува од Црквата но и останува жив. Има и исклучоци, со поедицни кои биле толку упорни во своето криво убедување, што повлекувале со себе и дел од Црквата во ерес, нешто слично на она кое го стори лукавиот и повлече со себе 1/3 од белите ангели во демонизам...
2. За време на инквизицијата и нејзините злосторства "Источната" црква како што ти ја нарекуваш била под власт на папата! Токму тој (папата) ги повикува во Рим Кирил и Методиј, каде Кирил се разболува и умира на 14 фебруари 869 година! Неговиот гроб и ден денеска е во Рим!
3. Според кој критериуми ти одлучи што е битно а што не од аспект на црквата? Ако еднаш признава дека била во заблуда во врска со една работа, тогаш не е ли сосема можно (и очигледно) да биде во заблуда и за духовниот аспект?
4. Лукавиот е само симбол, синоним, фиктивен лик кој го претставува бунтот и непокорноста кон се што религиите како христијанството се залагаат! Бунт кој требало многу порано да почне и да го спаси човештвото од векови и векови мрак наметнати од чумата наречена монотеизам!