Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Епа штотуку расудуваш и толкуваш по ова форумов, тогаш? ...„на овие вака, на оние онака“... бог да чува!
 
А ја батка, наместо да се впуштам во расудување по мојот ум, за тоа кој каде ќе оди, сепак ќе го причекам Судот Христов, разбираш...Ионака од Судот нема бегање.

Има, ќе се префлиш кај будисти или во пагани или во атеисти и не те фаќа законо на Јахве.
 
Законот на смртта важи и за будистите...Воскресението ќе се случи и кај будистите...Судот Христов ќе важи и за будистите...Нема бегање.

--- надополнето ---

Епа штотуку расудуваш и толкуваш по ова форумов, тогаш? ...„на овие вака, на оние онака“... бог да чува!

Не толкувам, туку ги изложувам црковните ставови и видувања за одредени категории.

 
Законот на смртта важи и за будистите...Воскресението ќе се случи и кај будистите...Судот Христов ќе важи и за будистите...Нема бегање.


Си има разни богови на кои му се клањаат разни верници. И библијата тоа го докажува. Ги споменѕва тие други богови. Некои имаат повеќе верници некои помалку некои останаа скроз без верници. Секој од тие боговви си има своја религија, свои свети писма, химни, и план за своите верници. Со тек на време некој од тие богови добива на замабв и популарност па после му темнее славата и му се намалуваат верниците, некои се константно тука негде со верници. Сите тие од своите богови ќе добијат награда или казна за делата кои ги направија спрема таа религија и вера. Не може будист или муслиман да биде каазнет према христијански закони ниту христијанин да биде награден према пагански закон. Објавување на збор од страна на боговите кон верниците е еден вид на маркетинг каде сакаат со некои примамливи понуди (или застрашувања) да привлечат кон себе што повеќе души.
Старите египетски богови владееа 3-4.000 години и нивиниот задгробен свет е полн со души на мртвите верници кои живееле се раѓале и умирале мнооооогу пред Христа. Тие му припаѓаат на египетските нбогови, исто како што Хиндусите се раѓаче живееле и умирале со векови пред христијанство и така продолжуваат до ден денешен. Да беше само еден Бог немаше да има толку многу религии и вери. Ќе имаше само една.
 
Има само Еден Бог, една вера и една Црква. Христос дојде и пострада ради сите народи а не ради некого или некои од нив. Тоа што одредени народи ги измислија своите богови, не значи дека тие богови постојат. Народите кои се клањаат на своите идоли, ќе немаат оправдување на Судот Христов.

....та да познаат сите народи дека Господ е Бог и дека нема друг освен Него... (Трета книга царства, 8 60)

Према томе, дека са другите богови?
 
Има само Еден Бог, една вера и една Црква. Христос дојде и пострада ради сите народи а не ради некого или некои од нив. Тоа што одредени народи ги измислија своите богови, не значи дека тие богови постојат. Народите кои се клањаат на своите идоли, ќе немаат оправдување на Судот Христов.

....та да познаат сите народи дека Господ е Бог и дека нема друг освен Него... (Трета книга царства, 8 60)

Према томе, дека са другите богови?

Пријателе има религии со векови постари од христијанството, така да правото на предимство е на нивна страна.
А дека е твојот бог да те прашам јас?
Да не забегувам офтопик, ќе кажам само дека религијата е измислена од владетелите за психичка контрола, покрај физичката, која се остварува преку употреба на сила, нормално.
 
Море, мудро велиш...

Ама некои велат и поинаку.
 
Море, мудро велиш...

Ама некои велат и поинаку.


Ако под тие што "мислат" поинаку се броиш и себеси, ќе те разочарам.Ти не "мислиш" поинаку, ти си догматски испран во мозокот да не ја ставаш верата во прашање, слепо да веруваш во тоа што ти го кажува твојот поп/книга/рабин/што-и-да-е.Проблемот со вас верниците е што имате апсолутистичка перцепција, па дебата едноставно не е возможна.
 
:) Позз до ситеее, нов сум и неможам да ја испратам цела дискусија но би напишал нешто во врска со Судот Божји.

Ако судот Божји го гледаме низ призмата на Христијанството, ќе согледаме дека тој ќе важи за сите луѓе без разлика на нивната религиозна определба т.е не е битно дали тие се будисти, хиндуисти, муслимани .... и тој не важи само за христијаните . Исходот на тој суд не зависи од нашата религиозна определба, нормално дека „наградааата“ за сите нема да биде иста, него ќе зависи од нашиот живот како сме го поминале. Со ова сакам да кажам дека секој човек ќе биде суден врз основа на моралниот закон кој е всаден кај сите луѓе. Тоа значи дека човекот по природа може ако сака да разликува доброто од лошото и ако својот живот го проживее својот живот правејќи добро без разлика дали тој бил будист, муслиман... ќе биде „награден“. Бидејќи ако Бог го осуди будистот, кој има чиста душа и не направил никаков грев, кој не верувал во Христос или не бил припадник на христијанската вероисповед ќе биде апсурд бидејќи тоа нема да биде Богот на Љубовта кој христијанствато го сведочи и би било бесмислица за тој Бог да кажеме дека „Бог е Љубов“. Тоа важи за сите битија кои не слушнале за Евангелието и кои незнаат кој е Христос.
Бог на секој ќе го суди според своето срце.


Позз
 
Ако под тие што "мислат" поинаку се броиш и себеси, ќе те разочарам.Ти не "мислиш" поинаку, ти си догматски испран во мозокот да не ја ставаш верата во прашање, слепо да веруваш во тоа што ти го кажува твојот поп/книга/рабин/што-и-да-е.Проблемот со вас верниците е што имате апсолутистичка перцепција, па дебата едноставно не е возможна.

Ме разочара, признавам, но од твојов пост а не од мојата вера. Ако со некого не може да се дискутира за верски теми, тоа се, секако, оние поединци кои не мрднале од својата световност, телесност, душевност, материјализам и натурализам.
 
Non habebis deos alienos in conspectu meo

Пета Мојсеева 5:5

Не држи други (туѓи) богови покрај мене

Од ова јасно се гледа дека има и други богови.
 
Не посочувај библиски стихиви, кои се повеќепати точно објаснети на форумов...Кога Бог би помслил дека има и други богови освен Него, тогаш Он досега би ни посочил кои се тие или би ги споменал во некоја од Заповедите. Човештвото има доволен број идоли, кои ја потврдуваат Божјата заповед за немање други богови-тие „друди„ се токму идолите, зад кои стои нечестивиот...
 
Така вели во заповедта, не вели “нема други богови“ туку вели “не држете други богови освен мене“ и уште вели дека е тој љубоморен бог
 
Веќе е објаснето. Одиме понатаму...
 
13 Пазете го сето она, што ви го
кажав. Не спомувајте ги имињата
на туѓите богови, ова да не се чуе од
устата ваша.

Излез 23

има и други боговии нивното постоење е потврдено и во библијата.
Јасно се гледа дега има “наши“ и “туѓи“ богови. Богови на разни народи и(ли) верници
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom