Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе Мики, што шеј ќе да си ти? Де објасни се? Оти не ми стоиш на Христијанин, а како таков знаеше порано да се декларираш.

Христијанин бе пријателе, ама не со исти гледишта како твоите кон тој поим;)
 
А бе види сеа, можеш да читаш и будалаштини од Хабард, ама пак не гледам кај Ти е духовниот опит, оти од погоре напишаното, не си мрднал од своите предрасуди, кои, како веќе реков, во Црквата ги именуваме како „...мудрување телесно...„ кое ни случајно не води во духовност.

За илустрација, еве Ти еден случај со младиот послушник-монах и неговиот духовник. Имено, монахов, кој западнал во прелест ради свое висококумие и мнение, почнал да му се фали на својот старец-духовник, дека тој (монахов де...) станал толку многу продуховен, што бели ангели почнале да му се јавуваат (на монахот) и да му служат. А „глупиов„ старец, ја увидел прелеста во која западнал неговиот послушник, па му посоветувал: „..Подобро е да ги видиш своите гревови, отколку да гледаш бели ангели...„

Ти текнуе?
има и од езоп и од лафонтије прикаски и поуки али поентата е што нов завет се базира на своја сопствена вистина, свој сопствен свет кој не соодвествува со реалнот свет. Исто како господар на прстените или хари потер. Се е можно на платното (и на листот) но не можеш тоа да го доведеш со никаква потврда и доказ во врска со светот во кој живееме. Со исти докази и Гандалф и Исус живееле и биле она што за нив кажуваат авторите

ти текна?
 
Современиот атеизам настанал од протенстанcтвоот. Протестантите верува дека бог може да се докаже. Пробувајќи да го докажат бог навлегеле длабоко во науката и увиделе дека нема бог.

Велиш? А која е таа наука, која како објект за опсервација Го има самиот Бог? Колку ми е познато, сите науки се занимаваат само Божјите творенија ама никако и со Творецот...Како ќе го докажеш она кое не го проучуваш?
 
Абе и нашите историчари едно време велеа дека власите биле античките Македонци, па испадна дека не било така. А и скоро цел свет вели дека Аце бил Грк, а ете и јас и ти, а и нашите историчари ќе речеме дека не е така.

И јас неможам да си го најдам пенкалото што го изгубив, најдов други ама тоа не го најдов, па не значи дека никогаш не постоело тоа пенкало.
Власи постоеле, прашањето е што се точно, александар постоел, има за него докази и пишувања од разни извори и автори, но за исус ни кажале само христијаните и никој друг. Еве на пример кога го распнале исуса, вели новиот завет се затемнало сонцето а умрените од ерусалемските гробишта станале и неколку часа шетале низ ерудалем и зборувале со живите. Во тоа време пишувале голем број на римски и еврејски писатели, патеписци, историчари, хроничари, извештаи пишувале управителите и воените команданти..... опишани се природни појави и настани од секојдневниот живот а никој ни со еден збор не споменал нешто така спектакуларно. Па сега испаѓа дека или секој ден мртвие станувале и шетале па и не беше вест за објавување или дека тоа никогаш не се случило. Јас мислам дека е ова второрто а ти?
 
има и од езоп и од лафонтије прикаски и поуки али поентата е што нов завет се базира на своја сопствена вистина, свој сопствен свет кој не соодвествува со реалнот свет. ?

„Таму „каде нештата од духовниот и материјалниов Свет имаат голем и привидно непремостлив јаз, се вклучува верата човекова. Преку верата, за нас, кои веруваме, можни се и привидно невозможните нешта. Христос Е примерот кој духовното го спои со материјалното. Кога на научниците ќе им „зафали текст„ со кој треба да ги објаснат нештата кои и самите не ги знаат, истите тија научници се впупштаат во конструирање прикаски, во чија „вистинитост„ веруваат самите научници. Ти текнува?
 
Велиш? А која е таа наука, која како објект за опсервација Го има самиот Бог? Колку ми е познато, сите науки се занимаваат само Божјите творенија ама никако и со Творецот...Како ќе го докажеш она кое не го проучуваш?
Ако ги анализираш делата на `Творецот` можеш да научиш каков бил творецот. Нели човекот се цени по делата каков е. Така и овие некој(не сите некој уште се протестанити) дошле до заклучок дека нема интелигенција зад природните процеси. Тоа било во 18-19век.
 
„Таму „каде нештата од духовниот и материјалниов Свет имаат голем и привидно непремостлив јаз, се вклучува верата човекова. Преку верата, за нас, кои веруваме, можни се и привидно невозможните нешта. Христос Е примерот кој духовното го спои со материјалното. Кога на научниците ќе им „зафали текст„ со кој треба да ги објаснат нештата кои и самите не ги знаат, истите тија научници се впупштаат во конструирање прикаски, во чија „вистинитост„ веруваат самите научници. Ти текнува?
да но научникот таа шпекулација која ја базира на претпоставки (и продолжува да ја бара вистината) ја нарекува со нејзиното вистинско име ТЕОРИЈА , а црквата го нарекува ВИСТИНА и го догматизира за да не испадни поинаку од колку што велат дек ае

виде?
 
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:58 AM ---
Ако ги анализираш делата на `Творецот` можеш да научиш каков бил творецот. Нели човекот се цени по делата каков е. Така и овие некој(не сите некој уште се протестанити) дошле до заклучок дека нема интелигенција зад природните процеси. Тоа било во 18-19век.

Само неинтелигенто битие може да каже дека зад сета створена природа, нема интелигентен Твворец.​

Само разумни битија, можат да комуницираат со разумни битија.​

Само разумни битија, можат да осознаат нешта кои се искуствено недостижни.​

Дека створената природа има свој Творец, тоа го знаеја и сите историски познати паганско-неназбожечки народи, така да нема потреба да се држиме за она кое некој го рекол дури во 18-от или 19-от век.​
 
а кој од тие творци е оној вистинскиот??
одамна пред христијаните да го предложат нивниот кандидат постоеле мнооогу творци. Сите ли тие биле погрешни?
 
да но научникот таа шпекулација која ја базира на претпоставки (и продолжува да ја бара вистината) ја нарекува со нејзиното вистинско име ТЕОРИЈА , а црквата го нарекува ВИСТИНА и го догматизира за да не испадни поинаку од колку што велат дек ае

виде?

Ниту една наука, до сега не ни даде ниту една конечна вистина.

Што се однесува до духовноста, тоа е категорија која нема своја основа во материјалниов Свет, туку во духовниот. Човекот е сложено битие, составено од дух кој не е од овој Свет и тело кое е од овој Свет. Ако бараш духовност во материјалноста, мислам дека тоа може да потрае доста долго...

Црковните вистини не се само прости запишани вистини, туку тоа се знаења, кои се од духовна природа, а кои се проверени и докажани преку личниот опит од Светиите. Дури и верникот-почетник, има минимален личен духовен опит, кој не е проста емпирија, заснована на телесност и сетилност, туку интровертен поглед во својата духовна и душевна состојба.
 
Еве на пример кога го распнале исуса, вели новиот завет се затемнало сонцето а умрените од ерусалемските гробишта станале и неколку часа шетале низ ерудалем и зборувале со живите. Во тоа време пишувале голем број на римски и еврејски писатели, патеписци, историчари, хроничари, извештаи пишувале управителите и воените команданти..... опишани се природни појави и настани од секојдневниот живот а никој ни со еден збор не споменал нешто така спектакуларно. Па сега испаѓа дека или секој ден мртвие станувале и шетале па и не беше вест за објавување или дека тоа никогаш не се случило. Јас мислам дека е ова второрто а ти?

Па оние кои биле сведоци на ова разбирливо е дека станале Христијани. И сето тоа е запишано во Евангелијата. А ти ми бараш запис за Воскресението од нехристијанин. Тоа е како да бараш текст кој вели дека Воскресение немало напишан од Христијанин. Апсурд, зарем не?
 
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:58 AM ---

Само неинтелигенто битие може да каже дека зад сета створена природа, нема интелигентен Твворец.​

Само разумни битија, можат да комуницираат со разумни битија.​

Само разумни битија, можат да осознаат нешта кои се искуствено недостижни.​

Дека створената природа има свој Творец, тоа го знаеја и сите историски познати паганско-неназбожечки народи, така да нема потреба да се држиме за она кое некој го рекол дури во 18-от или 19-от век.​
Само терминално заслепен морон може да верува во приказна за која нема аплосутно никаков фактички доказ и да ја нарекува вистина.

Творец, дури и да постои, никако нема да одговара на описон на Јахве во Библијата. Факт.
 
Па оние кои биле сведоци на ова разбирливо е дека станале Христијани. И сето тоа е запишано во Евангелијата. А ти ми бараш запис за Воскресението од нехристијанин. Тоа е како да бараш текст кој вели дека Воскресение немало напишан од Христијанин. Апсурд, зарем не?
не за воскресението, ете историски запис дека римјаните направиле попис во време на херод, или историски запис дека еден ден станале умренитеи шетале низ ерусалем (то не се случи на воскресение туку на распнување кога исус сосм нормално како човек си умрел)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom