Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:03 AM ---
Не ли кажале Светите Оци :confused:

Нееее, ај Ти кажи ми.....Еве го и магичниот збор: please. :)
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:03 AM ---

До Let3:

Точно, оти личното мнение, кое во Црквата го нарекуваме „...мудрување по својот ум...„ или пак „...мудрување телесно...„, кое е засновано само на овосветовни емпириски сознанија и лична ограниченост и гордост, не може да даде никаква духовност, разбираш.

Без личен духовен опит, нема духовност. Само со еднодимензионално/телесно и душевно живеење, пак нема духовност.
 
Аууу, јак Ти е постов...:confused:
 
До Let3:

Точно, оти личното мнение, кое во Црквата го нарекуваме „...мудрување по својот ум...„ или пак „...мудрување телесно...„, кое е засновано само на овосветовни емпириски сознанија и лична ограниченост и гордост, не може да даде никаква духовност, разбираш.

Toa се вика перење на мозок, кога некој ќе те убеди дка не си способен ти со својот ум да мудруваш туку треба да следиш мудрувње на други умови.
 
[
Нееее, ај Ти кажи ми.....Еве го и магичниот збор: please. :)
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:03 AM ---

Точно, оти личното мнение, кое во Црквата го нарекуваме „...мудрување по својот ум...„ или пак „...мудрување телесно...„, кое е засновано само на овосветовни емпириски сознанија и лична ограниченост и гордост, не може да даде никаква духовност, разбираш.

Без личен духовен опит, нема духовност. Само со еднодимензионално/телесно и душевно живеење, пак нема духовност.

Ако ти кажам дека твојот живот од твоето вцрковување до сега е резултат на операцијата "перење мозок", нема да ми веруваш:)

Патриотите до смрт гинеле за својата татковина.

Верниците до "смрт" ќе ја бранат "приказната" на Светите Оци;)
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:09 AM ---
Toa се вика перење на мозок, кога некој ќе те убеди дка не си способен ти со својот ум да мудруваш туку треба да следиш мудрувње на други умови.

Хаха ме престигна истото сакав да го напишам:pos:
 
Toa се вика перење на мозок, кога некој ќе те убеди дка не си способен ти со својот ум да мудруваш туку треба да следиш мудрувње на други умови.

Брееее....

А зашто го прескокна делот од мојот пост, каде јасно укажав на потребата од имање личен духовен опит?

Од друга страна, како Тебе Ти успева да си го зачуваш мозокот „неопран„? Имаш некоја тајна метода?
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:16 AM ---
Ако ти кажам дека твојот живот од твоето вцрковување до сега е резултат на операцијата "перење мозок", нема да ми веруваш:)

Па секако дека нема да Ти верувам, оти мојата вера е мој личен избор, кој (избор) немет благе везе со „перејнето умој„...:icon_lol:
 
Брееее....

А зашто го прескокна делот од мојот пост, каде јасно укажав на потребата од имање личен духовен опит?

Од друга страна, како Тебе Ти успева да си го зачуваш мозокот „неопран„? Имаш некоја тајна метода?
си истражувам, ете на пример з ахристијанството, сум истражувал и читал и паганска литература и гностичка и историја и апокрифи, и еврејски и аријански пишувања, и сум извел заклучоци.
Су размислил дали било можно да се случат работите онака како што пишува во новиот завет, сум се запрашувал и истражувал за контрадикторностите во текстовите, сум се прашал кога настанале тие пишувања и сум барал поткрепа во материјални наоди, кога датира текстот, кога назарет прв пат се споменува во историјата, кога римјаните направиле попис во јудеја, каков бил римскиот закон начин и пракса за распнување па сум споредувал со новиот завет...
 
Toa се вика перење на мозок, кога некој ќе те убеди дка не си способен ти со својот ум да мудруваш туку треба да следиш мудрувње на други умови.

А ти сам провери дека се наоѓаме на третата планета по оддалеченост од сонцето, или некој друг тоа го измудрува за тебе? И еден куп други работи, впрочем скоро и се што ти знаеш за било што, ти е веќе измудрувано и сервирано на тацна од некој друг.
--- надополнето: Aug 23, 2011 10:30 AM ---

Абе Мики, што шеј ќе да си ти? Де објасни се? Оти не ми стоиш на Христијанин, а како таков знаеше порано да се декларираш.
 
А ти сам провери дека се наоѓаме на третата планета по оддалеченост од сонцето, или некој друг тоа го измудрува за тебе? И еден куп други работи, впрочем скоро и се што ти знаеш за било што, ти е веќе измудрувано и сервирано на тацна од некој друг.
дозволено ти е да експериментираш, набљудуваш и бараш други докази. Во христијанството нема такво нешто. Тука има догма. Тоа е како што ти велат и нема да се проверува или докажува нештото. Ете само пример. Раѓањето на Исус се доведува со два настани во новиот завет, вледеењето не Херод и римскиот попис. Но историски, Херод умрел 13 години пред римскиот попис. Али христијансттвото ти вели “остај ти истиории и што запишувале старите хроничари, трибуни, историчари, ние ј кажуваме вистината а доказот е тоа што ние ја кажуваме!“ или за Назарет, град каде наводно пораснал Исус, Археологијата (која ја водат католички свештеници, не успеела да најде град Назарет од времето на исус. Постоји но некои 2 века подоцна, накнадно оформен град. Го нема но во еден попис били патопис било од еврејски било од римски извори. Ниигде не се поменува, археологијата вели го нема но христијанството т вели “постоел, бил таму а доказ е тоа што ние тоа го кажуваме“ Доста тоа што е напишано и опишано во новиот завет е во спротивност со историските факти и материјалнит наоди но догмата вели “така е како што велиме ние и не барај докази за тоа“
 
Се наметнуваат и прашањата:

1. Зошто Бог го оставил дрвото на мудроста и сезнајноста во градината незаштитено, а не сакал да биде пробано од него. Нели е тоа свесна манипулација со своите "деца".

Признавам, многу прашања се наметнуваат. Други прашања би биле: „Зошто Бог воопшто го создал тоа дрво? Дали за да ја тестира послушноста на луѓето? Што мајка барала Сатаната на Земјата? Зошто Дрвото на животот било веднаш до тоа дрво? Какви настани се случиле предходно на Небото поврзани со Божјиот суверенитет и бунтот на Сатаната и дали тоа има врска со познанието на доброто и злото?“
Постојат многу претпоставки и теолошки толкувања околу овие прашања (издржани и неиздржани), но факт е дека децидни одговори на овие прашања во Библијата нема. Некој сега би прашал: „Но зошто Бог не ни го објавил тоа? Зошто Бог го крие тоа од нас?“ Но факт е дека и доколку имаше одговори на овие прашања во Библијата, некои други атеисти ќе поставеа нови прашања и повторно би велеле: „Ок, но зошто ова? Зошто Бог направил вака? Зошто постапил онака? Зошто нема одговори на овие прашања?“ и играта би одела до бескрај, а Бог би се претворил во некој потрчко кој трча по атеистите (демек професорите кои го седнале на испрашувачко столче Бог) одговарајќи и стискајќи заби дали одговорите ќе им бидат задоволувачки и дали ќе ја задоволи целата нивна љубопитност.
Но проблемот е во тоа што христијанскиот Бог, библискиот Бог воопшто не одговара на оваа атеистичка слика на Бог. Тој е Суверен и не одговара пред никого за своите постапки (освен кога Тој ќе посака да објави зошто направил нешто со цел за наша поука) и го објавува само она што тој смета дека е потребно за нас, а не нужно и да ја задоволи нашата љубопитност. За гордиот човек ова е неприфатливо. Гордиот човек сака богче кое нему ќе му се клања, а никако обратното.

Дрвото не морале да биде пробано од Него, затоа што Тој веќе имал спознание за доброто и злото.
„И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото.“ (Битие 3:22, Библијата)

Останува на нас да одлучиме да веруваме дали Бог манипулирал со луѓето оставајќи го забранетото дрво во градината или пак имало друга причина зошто е тоа таму. И манипулацијата е претпоставка. Човек може да заземе издржан став по ова прашање запознавајќи го подобро и подлабоко карактерот на Бог преку читање на целото Свето Писмо.

2.Зошто Бог кога тргнал да прави творби слични на него и неговиот образ, ама забранил да бидат мудри и сезнајни како него? Ако релацијата Бог - Деца (човештвоото) ја изразиш како родител - дете, тогаш нејасно е зашто родителот (Бог) не би го сакал најдоброто за неговите деца, во случајов мудроста и сезнајноста.

А од каде знаеме дека сезнајноста и познавањето на доброто и злото е најдоброто за Неговите деца? Тоа ние така мислиме и толкуваме поставувајќи наши критериуми и стандарди за „најдобро“ и „совршено“, но единствен Кој што знае што е совршено и најдобро за нас е нашиот Создател - Бог.

Би те запрашал за твое лично мислење дали сметаш дека е можно Библијата да е напишана, цензурирана, лекторирана во првите веков од новата ера, за да се добие инструмент според кој човекот потсвесно ќе сака, знае, милува да биде потчинет на еден господар.

За библиографската веродостојност на Библијата (вклучувајќи го нискиот и вишиот текстуален критицизам) имам читано многу книги и посетувано многу професионални курсеви од врвни професори. Би можел на долго и широко да пишувам зошто оваа претпоставка е неиздржана. Постојат внатрешни и надворешни (историски) докази зошто тоа не би можело да биде така. Но немам мотив да се нафатам на толкав труд и потрошено време, сметајќи дека за секој оној кој го интересира тоа, има соодветна литература на македонски јазик, а особено на англиски.
Мојот заклучок би бил следниов: Човекот и да сакал, не би можел да ја напише Библијата. А и кога би можел, не би сакал. Па сега ти види :)
 
си истражувам, ете на пример з ахристијанството, сум истражувал и читал и паганска литература и гностичка и историја и апокрифи, и еврејски и аријански пишувања, и сум извел заклучоци.
Су размислил дали било можно да се случат работите онака како што пишува во новиот завет, сум се запрашувал и истражувал за контрадикторностите во текстовите, сум се прашал кога настанале тие пишувања и сум барал поткрепа во материјални наоди, кога датира текстот, кога назарет прв пат се споменува во историјата, кога римјаните направиле попис во јудеја, каков бил римскиот закон начин и пракса за распнување па сум споредувал со новиот завет...

А бе види сеа, можеш да читаш и будалаштини од Хабард, ама пак не гледам кај Ти е духовниот опит, оти од погоре напишаното, не си мрднал од своите предрасуди, кои, како веќе реков, во Црквата ги именуваме како „...мудрување телесно...„ кое ни случајно не води во духовност.

За илустрација, еве Ти еден случај со младиот послушник-монах и неговиот духовник. Имено, монахов, кој западнал во прелест ради свое висококумие и мнение, почнал да му се фали на својот старец-духовник, дека тој (монахов де...) станал толку многу продуховен, што бели ангели почнале да му се јавуваат (на монахот) и да му служат. А „глупиов„ старец, ја увидел прелеста во која западнал неговиот послушник, па му посоветувал: „..Подобро е да ги видиш своите гревови, отколку да гледаш бели ангели...„

Ти текнуе?
 
Хе-хе. Воа болтуваното ми звуче ка протестанска прелест, во стилот „....јас сум веќе спасен...„
Просто е неверојатно какви све сличности има меѓу атеизмот и протсетантизмот.
.
Современиот атеизам настанал од протенстанcтвоот. Протестантите верува дека бог може да се докаже. Пробувајќи да го докажат бог навлегеле длабоко во науката и увиделе дека нема бог.
 
Но историски, Херод умрел 13 години пред римскиот попис. Али христијансттвото ти вели “остај ти истиории и што запишувале старите хроничари, трибуни, историчари, ние ј кажуваме вистината а доказот е тоа што ние ја кажуваме!“

Абе и нашите историчари едно време велеа дека власите биле античките Македонци, па испадна дека не било така. А и скоро цел свет вели дека Аце бил Грк, а ете и јас и ти, а и нашите историчари ќе речеме дека не е така.

Археологијата (која ја водат католички свештеници, не успеела да најде град Назарет од времето на исус. Постоји но некои 2 века подоцна, накнадно оформен град. Го нема но во еден попис били патопис било од еврејски било од римски извори. Ниигде не се поменува, археологијата вели го нема но христијанството т вели “постоел, бил таму а доказ е тоа што ние тоа го кажуваме

И јас неможам да си го најдам пенкалото што го изгубив, најдов други ама тоа не го најдов, па не значи дека никогаш не постоело тоа пенкало.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom