Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова е форум за религија, темите се такви, дискусиите исто-така. Без разлика на ставот на дискутантите не е дозволен сеир и оф топик. Исто е и на сите други форуми.
Но компарацијата помеѓу состојбата на тој план - тука и на другите форуми, покажува неуедначена примена на форумските одредби.

Тоа на пример, дека медитациите за тебе се глупост е само твој личен став. Како ќе се однесуваш кон другите кои не го делат мислењето со тебе е исто твоја работа.
Но прашањето за валидноста на форумските правила е сосема егзактно, техничко прашање и при дискусијата околу тоа е наивно-детски да се вмешуваат личните ставови за туѓите духовни ориентации.
Не е проблемот моето мислење за медитациите, проблемот е чистиот идиотизам содржан во неговите постови, а и имам пробано да дискутирам сериозно со него (не само јас) и не ја бива... Некои постови не заслужуваат ништо друго освен исмевање. Зарем не треба да исмевам човек кој при здрав памет се обидува да ме убеди дека пред неколку илјади години диносауруси живееле со луѓето?
 
Зарем не треба да исмевам луѓе кои мислат дека серии од типот на Долина на Волците се врвен производ на телевизиската продукција или пак луѓе кои мислат дека песните на Тоше Проевски се највисокиот музички дострел во историјата на човековото постоење. Но ако тоа го правам на соодветните теми ќе бидам баниран, набрзо или малку попосле (во контекст на цитатот погоре од Acid)
 
Ова е веќе вкус, а за вкусеви не дискутирам. Секој има различен. Ама, луѓе живеат по глупостите кои се обидуваат да ги продадат овде.
 
Исус рекол: „Мене Ме прославува Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.“ (Исус Христос, ев. Јован 8:54, Библијата)
Евреите тогаш велеле, а и сега велат дека нивниот Бог е Јахве, а не Шива, Митра и сл.
И плус Исус не рекол дека духот на Шива е над Него, ниту дека духот на Митра, туку Духот на Јахве.
„Духот на Јахве е над Мене“ (Исус Христос, ев. Лука 4:18, Библијата)
Залудно тераш детски инает. Ова е толку просто и едноставно, ни атеистите не можеш да ги убедиш, освен оние кои против своите убедувања исто така од инает ќе се согласат со тебе :)
Добро бе Чорбаџија, (ака Златко или Евангелос, како милуваш) Кого ти овде правиш будала? Себе си?

Си дозволуваш дури и библиските цитати да ги менуваш?

„Духот Господов е врз Мене; зашто
Господ Ме помаза. Ме прати да им
соопштам радосна вест на бедните. Ме
прати да им проповедам на заробените
ослободување и на слепите прогледување,
да ги пуштам на слобода напатените; (ев. Лука 4:18, Библијата)

Каде го најде во посочениот стих Јахве.
 
Одговорот лежи во предходниот стих, значи контекстуално цитатот гласи вака:
„Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: ”Духот Господов е врз Мене...“
Во книгата на пророкот Исаија на ова место, на местото на „Духот Господов“ пишува „руах адни ЈХВХ“ што значи „Духот на мојот Господ Јехова (Јахве)...“. Еве ти доказ од еден добар еврејско-англиски библиски интерлинеар: http://www.scripture4all.org/OnlineInterlinear/OTpdf/isa61.pdf

Оттука е јасно дека кога Исус читал од книгата на пророкот Исаија прочитал онака како што пишува т.е. го изговорил Името на Бог - Јахве.
 
По линија на помал отпор секогаш одат работите.
Ама кога ќе дојдат до ѕид како пичици се ......јбг тоа е.

Rocco, не се сите верници „пичици“ на форумов. Имаше доста одмерени коментари кои се изгубија во агресивната какофонија од контрање. Јас знам да се истрчам и да го потценам соговорникот (кој, на пример, ме манијачи по форумов на секоја тема со цел да ме ремети и контра), но знам и достоинствено да попијам васпитна. Без разлика на неговите субјективни намери. Јавно пред сите -- да се извинам, да се заблагодарам на информацијата и да го искорегирам својот став. Не е лесно да се скроти суетата -- тоа се вика развој и учење. Пичица е некој кој ќе напраи копи-пејст на два-три текста, ќе трола со јадачки и кој ќе се инати или ќе ја кидне кога ќе биде дотеран до ѕид.
 
Јас мислам дека постот Роко односно Игорче се однесуваше кон атеистите ;)
 
Rocco, не се сите верници „пичици“ на форумов. Имаше доста одмерени коментари кои се изгубија во агресивната какофонија од контрање. Јас знам да се истрчам и да го потценам соговорникот (кој, на пример, ме манијачи по форумов на секоја тема со цел да ме ремети и контра), но знам и достоинствено да попијам васпитна. Без разлика на неговите субјективни намери. Јавно пред сите -- да се извинам, да се заблагодарам на информацијата и да го искорегирам својот став. Не е лесно да се скроти суетата -- тоа се вика развој и учење. Пичица е некој кој ќе напраи копи-пејст на два-три текста, ќе трола со јадачки и кој ќе се инати или ќе ја кидне кога ќе биде дотеран до ѕид.

Мислеше ли ќе ја пропуштам оваа прилика за дополнитено манијачење, реметење и контрање?! Никако!!!

Шала на страна Перо, немам ништо лично против тебе па да ти контрам или реметам. Изгледа имаме некои заеднички интереси, а богами и спротивставени позиции за нив и тоа е се. Одозгора на тоа, ја очигледно некои работи ги сваќам доста озбилно, и терам расправија до крај, па пукло кај пукло. Не дека е тоа нешто лично, туку едноставно во одреден тип на расправи сум тежок дик, што би рекли са би-би-си ја. За да ти доловам каков дик сум (или ваљда пробувам да бидам), гледај го ова

http://www.ted.com/talks/leonard_susskind_my_friend_richard_feynman.html
 
Matthew 6:22
King James Bible
The light of the body is the eye: if therefore thine eye be single, thy whole body shall be full of light.
Ме интересира како го тумачат ова христијаните.
 
Се работи за киклоп со Батерија.
 
Многу јака то батеријата, се да види чак и око универзум :LOL:

;)

images
 
Мислеше ли ќе ја пропуштам оваа прилика за дополнитено манијачење, реметење и контрање?! Никако!!!

Шала на страна Перо, немам ништо лично против тебе па да ти контрам или реметам. Изгледа имаме некои заеднички интереси, а богами и спротивставени позиции за нив и тоа е се. Одозгора на тоа, ја очигледно некои работи ги сваќам доста озбилно, и терам расправија до крај, па пукло кај пукло. Не дека е тоа нешто лично, туку едноставно во одреден тип на расправи сум тежок дик, што би рекли са би-би-си ја. За да ти доловам каков дик сум (или ваљда пробувам да бидам), гледај го ова

http://www.ted.com/talks/leonard_susskind_my_friend_richard_feynman.html

Па не знам баш, Шабане...претходниве твои постови заудараа на реметење и контрање. Врти-сучи, така му доаѓа...ми тролаше нешо на темата масоните во Македонија, се посра на дискусијата за другите религии, па после контраше без потреба...;) Е сеа, во задњава дискусија ти сасвим си беше тачен, доследен и пристоен, а ја за беља престанав да те есапам озбилно и бев неосновано и непотребно навредлив. Иначе, кога читам со внимание, секогаш признавам информираност, бил ти дик или не.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom