- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Кој дух ? Па нели Бог беше во Исус ? Кој дух го испушти ? Еден член на друга тема ми рече дека Бог вечно ќе остане отелотворен во Исус.
Христовиот дух. Духот на Божјиот Син. При телесната смрт Исус го предаде Својот Дух на Таткото. По три дена телото на Исус воскресна и тогаш Христовиот дух се врати во новото воскреснато и прославено тело на Исус. Ова тело е посупериорно од предходното. Тоа тело не е подложно на стареење, болести, смрт. Со тоа тело Исус можел да се појавува, исчезнува, да се вознесе (летне) на Небото и сл.
А сега да прашам, какви ќе бидат луѓето на судниот де, па во пеколот и рајот, дали ќе ги имаат своите тела ?
Да. Пеколот според некои теолози и вечна мака, а според некои вечно уништување (значи конечна мака, а потоа нихилиација на личноста).
Зошто Христијаните се повикуваат на тоа како Исус а.с не убил никого а Мухаммед с.а.в.с доста луѓе ?
Па како Бог отецот кога е толку љубов и толку ги љуби луѓето ќе ги фрла во пекол ?
Дали тука убива неверници дали на другиот свет исто се фаќа !
Тука гинат луѓето во име на Бога, таму ќе горат.
Исто се фаќа.
Во право си, дали Бог тука ќе ги убие непокајаните верници или на другиот свет, исто му се фаќа. Разликата е во тоа што не советува нам да ги љубиме непријателите и да се молиме за нив. Новозаветното Христово учење не учи да не се одмаздуваме, да не враќаме зло за зло, да го победуваме злото со добро, да не посегнуваме по меч и да бидеме во мир со сите луѓе. Библискиот Бог ги љуби и грешниците и заради нив го прати својот Единороден Син (Христос) да умре на крстот како курбан за нашите гревови. Секој од нас грешниците заслужува да се најде на своевиден крст како казна за своите гревови. Тоа е Божјата правда. Но Божјата љубов и милост се открија во тоа што Христос отиде на нашиот крст и умре наместо нас, за да не спаси нас од Божјата осуда на гревот. Секој оној што верува во Христос е ослободен од Божјата казна. Библискиот Бог е праведен Бог и праведо го казнува гревот, но Тој исто така е милостив и љубов и затоа го прати Божјиот Син, да облече човечко тело и да се жртвува за нас грешниците, за нашето спасување.