Ја барав нешто по темиве да ве прашам нешто и на крај решив да си прашам овде... Дозволете да ви раскажам за религиозната историја на мојата фамилија... Ќе бидам краток и јасен...
Си бил мојот прадедо едно време многу богат човек (околу 1900). Арно ама тогаш дошле Турците во неговото село и ги бутнале во затвор сите богати луѓе од тоа село во Истамбул. Ги бирале богати нели по тоа кој колку добиток имал дома, колку земја поседувал и слично... И ги осудиле на затвор 101 година. Зошто? Им рекле вака: Сменета ја вашата вера од православни во протестанти и ќе ве ослободиме. Ако лажно си ја смените верата (демек само во затворот да речеш дека си протестант а надвор коа ќе излезеш пак да си бидеш православен) ќе најдеме и ќе ве ја отсечеме главата. И шо ќе се праи? Да се родиш во затворот нема да живееш 101 година а па камоли... а дедо имал мали деца и жена и слично... Ја сменил верата во протестант.
Така дедо ми растел во протестант. Но кога дошло време да се жени и кога ја побарал раката на баба ми, условот бил да се венчаат во православна цркава (а дедо ми протестант). Ама пошто дедо многу ја сакал баба ми, така и било. Дедо ми се венчал во православна црква.
Сега татко ми доаѓа ваљда 50% православен - 50% протестант а? А мајка ми е православна? Е ПА ШТО СУМ ЈАС НА КРАЈ?! 75% православен и 25% протестант?! :nesvest: :pos2:
Да одам во двете цркви?! Не сум крстен, ако некој ден решам да го правам тоа, во која црква ќе треба да одам? Ако ме прашувате мене, повеќе ми се допаѓа протестантската вера затоа што има некои пореални погледи на некои работи... ама тоа друг пат...