Пример од муслиман станува христијанин и обратно.
Наскоро осеќам ќе ја изгубам културата, нема врска со тебе или со оваа тема.
Апостазијата,односно свесно и самоволно одрекување и напуштање на исламот)во шеријатска држава се казнува со смрт.
А за обратното,не знам.. јас би рекол: Ја спознал вистината и се спасил,а за христијански пропис ќе ги прашаш христијаните.
Инаку да се надополнам,никому на чело не пишува дека го напуштил исламот се додека тој истиот јавно не го пропагира тоа без ничија присила и при здрава свест,тоа во шеријатска казна е смртна пресуда.
Бидејќи во Исламот не е дозволена присила,Аллах во Куранот вели: Ла икрахе фи-дин(Нема присила во верата)
Но тоа не значи дека можеш да мењаш дресови кога сакаш.
Никој тебе како христијанин или евреј во шеријатска држава не може и не смее да те присили на било кој начин да станеш муслиман.
Исламот се прифаќа доброволно,но напуштањето на исламот е веќе друго прашање.
Напуштање на вистината откако си ја спознал?
А зарем постои после вистината нешто друго освен невистина?
Постои ли нешто друго после верувањето освен неверување?
Ова важи и за тие што се муслимани и за тие што мењаат дресови.
Со важна напомена дека шеријатските прописи ги врши исклучиво шеријатската држава доколку е воспоставена, нема право поединец или група да извршува шеријатски казни како што се одземање на живот при вакви ситуации во друштво каде не е воспоставен шеријатот.
Се надевам дека бев јасен.