Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Различно е во сите школи, во Марија Кири им ги даваа вчера, кај мене утре ќе ни ги даваат.

--- надополнето ---

Туку нешто ме копка, има врска темата на проектната задача со факултетот кој се избира????????????????????

Мислам дека нема врска проектната со факултетот. Единствено ќе ти ја гледаат доколку ти зависи дали ќе влезеш во државна квота а имаш исти поени со некој друг, и тогаш го земаат оној кој што има земено проектна задача соодветна со факултетот. Вака имам слушнато, а не знам колку е вистина
 
Има шанси да се земи некоја стипендија во прва година? Ако да, кои се условите?
 
Има шанси да се земи некоја стипендија во прва година? Ако да, кои се условите?
Мислам дека ако имаш јаки поени од матура само, зашто оваа година даваат бесплатно школување т.е. првите пет кои ќе бидат први на листата на сите факултети се ослободени од плаќање партиципација, ама и ова колку што сум запознаена важи само за прва година, за друга стипендија немам слушнато
 
Знае некој дали изводот од матична книга за родените треба да биде не постар од 6 месеци(за упис на факултет)...во конкурсот не пишува ништо за тоа, ама слушнав нешо се донел нов закон или слично...фала
 
Од кога почнаа да се носат закони за извод не постар од 6 месеци бе златен?
И читај 2-3 страни наназад, ќе се изненадиш какви се информации ќе прочиташ.:smir:
 
златен ме викаше баба ми, фала за информацијата
 
Мислам дека ако имаш јаки поени од матура само, зашто оваа година даваат бесплатно школување т.е. првите пет кои ќе бидат први на листата на сите факултети се ослободени од плаќање партиципација, ама и ова колку што сум запознаена важи само за прва година, за друга стипендија немам слушнато

ОК јас прва година ќе бидам. Велиш првите 5? А на ПМФ првите 5 ќе ги сметаат од цел факултет или од секој институт поединечно по 5 души?
 
ОК јас прва година ќе бидам. Велиш првите 5? А на ПМФ првите 5 ќе ги сметаат од цел факултет или од секој институт поединечно по 5 души?
Вкупно од сите што ќе се запишат ќе добијат оние пет што имаат највисоки поени, независно на кој смер се. Значи само пет, а не на секој посебно. Инаку какви оцени доби на матура?:smir:
 
Екстерните ми се 4ки... Македонски - не ми е криво толку, ама Математика... али како и да е. Сеа имам некаде 94 поени. Ама чим 5 со највисоки поени добиваат ич да не се надевам. Нема некоја друга стипендија? :)
 
Дали знае некој какви смерови со информатика има на Тетовски факултет фала од напред.
 
Екстерните ми се 4ки... Македонски - не ми е криво толку, ама Математика... али како и да е. Сеа имам некаде 94 поени. Ама чим 5 со највисоки поени добиваат ич да не се надевам. Нема некоја друга стипендија? :)
За жал мислам дека нема :(. Ќе почекаш прва година, ќе си набилдаш добар просек и ќе си земеш стипендија, друго решение нема :)
 
Дали се важни поените од матура, при упис на оние факултети каде што има приемни испии (на пример на архитектонскиот факултет)?
 
Ме интересира дали свидетелствата треба да се заверуваат кај нотар и зошто треба ? :D

Се извинувам ако е во погрешна тема поставено прашањето
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom